1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Raspberry Pi 4 Model B

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од светот' започната од Oktar, 24 Јуни 2019.

  1. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Да, мислам на такви големи и убави фајлови со многу бои, сцени и бити и бајти... Се надевам дека денеска ке имам малку време да го зирнам, а секако ке ве обавестам за развојот на настаните.
     
    omegaRED, VerGer и на Necromancer им се допаѓа ова.
  2. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,151
    4,372
    4 ноември 2013
    Машко
    Докторе, со здравје да го користиш, одличен уред.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ок, уредот стигна уредно од кај јужниот сосед во пристојно време, десетина дена, обврски едно друго и викам ај, да го ставам во погон, aaaaaand... разочарување. Си реков, ај ке почекам некое време, ионака немав баш слободно време да му посветам и после недела две, види ти, пак разочарување :(

    Главната причина поради која разбери пи беше најдобриот избор, веќе не е присутна. Едноставно, нема софтвер за разбери пи 4 а и тоа што го има е далеку од market ready. Моментално има само разбиан и либреелек и двата се релативно нестабилни и неспремни. Разбианот како декстоп е ок, сурфање релативно ок, видео... фејл. Либреелек-от уште низ менијата се приметува дека не е се така мазно. Репродукција на видео, ок работи... 1080п, ама кога ке пробаш 4к стрим од NAS... неупотребливо. Пробај да смоташ до некоја сцена и имаш краш. ОСМЦ воопшто немаат имиџ за рпи4. Се откажав засега. По се изгледа овој модел ке остане актуелен најмалку 3-4 години, може да има само нова хардверска ревизија со фикс за компатибилноста со напојувања, а во меѓувреме ке се работи на софтвер за чудово кое по се изгледа е прерано исфрлено на пазар. Дали поради притисок од конкуренција и веќе долга пауза од последниот рилис, незнам, ама ете, пак сум тажен.

    На форумот на ОСМЦ еден од девелоперите има дадено објаснување, кое ме уби:
    Сепак останувам почитувач на ликот и делото на Raspberry Pi фондацијата, не по се изгледа уште некое време ке си останам на Pi3b+ и WebOS како извор на забава за целото семејство.

    П.С. А очекувам деновиве да ми стигне и кутијата.
     
    На ARMac, BEST, shooter и уште 3 други им се допаѓа ова.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    Не е место за дискусија ама бидејќи беше споменато мислам дека NUC поддржува CEC и може да се користат различни далечински (чинам дека треба FLIRC контролерче а можеби и не ако ТВ-то поддржува CEC). Не сум пробал зашто немам време но ќе биде наскоро.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,377
    3,264
    12 Јануари 2016
    Машко
    На жалост ова е типичен early adopters проблем. Се плаќа премиум за нов производ, а поддршката созрева тек после подоста време (кога цените ќе паднат и производот ќе добие поголема маса на корисници/консументи). :(
     
  6. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Колку што паметам, имаат ЦЕЦ и нуковите, ама не сите и не беше комплетна имплементацијата т.е. не беа имплементирани сите поддржани стварчиња (неможам да го најдам линкот со споредба на разни уреди и CEC имплементација). Флирц е нешто што го користиш доколку немаш цец и/или сакаш да си имаш посебно даљинско за уредот. Flirc-от е нешто како универзален приемник. Такво нешто изработив сам уште пред десетина години, го најдов и линкот (внимание, при кликање на линкот може да почуствувате како да патувате низ времето, нормално во минатот), кој сака може да си го направи сам, а може и да си нарача плагенплеј уред.

    @Lokvan да, за жал ке искочи таква работата иако досега РПи се тие што секогаш излегуваа спремни и со големо комјунити и поддршка. Избрзувањето е очигледно, ама не би рекол дека се плаќа премиум, цената на РПи е иста со години, 35 долари/евра/фунти, единствена новост е поскапи модели со повеќе рам.
     
    На bxxxn и gokica им се допаѓа ова.
  7. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,377
    3,264
    12 Јануари 2016
    Машко
    Сепак те коштало како за премиум, 67 евра не се малку пари за р-пи (се надевам дека без царина/данок помина). Претпоставувам дека за неколку месеци ќе ги има на лагер кај Кинезите за ~40-тина долари.

    Ама тоа е, кога е кеифот голем - се брза и не се пази на трошокот.
    Така да, не си го расипувај кеифот: Со здравје да се користи р-пито, и мислам дека нема да чекаш до крајот на 2020-та и дека побрзо ќе се среди работата. Од муабетиве по нет многу 4-ки се продадоа и тоа ќе допринесе побрзо да се обезбеди подршка.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Цените се 35/45/55 долари/евра/фунти за 1/2/4 гига рам моделите. Под тие цени неможе да бидат. Во Логинг ми рекоа дека 4ГБ моделоте ке биде околу 4200-4500. Од каде и да го нарачував и во кое време ке искочеше минимално поефтино од 67. Царина и данок за среќа не платив. Нејсе, се надевам дека ке мрдне нешто наскоро, најмногу се надевам на ОСМЦ, а тие па социјализам, цело лето не работат, имаат пауза два месеци. Фак! :D

    Инаку мислам дека доста ликови го користат разберито за друга намена, не за медиа центар и тие не ги интересира 4к перформанс, така да реално, не е неупотреблив уредот, и сега да му ставам хеадлес разбиан, можам комотно да си го користам како серверче за нешто... ама мене ми треба за медиа центар.
     
    На Lokvan и gokica им се допаѓа ова.
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    Последна дигресија на темава.

    Јас сум запрепастен од НУК. Децава нема кое видео што не пуштија вклучително и 4К. Немам време да се замарам со типови на кодеци и компресија но досега нема нешто што не оди. Како домашни така и даунлоудирани па и јутуб видеа. Не очекував дека целеронот ќе врти се без сецкање. Најголемата и најсовремена компресија можеби ќе го турне на колена ама па и немаме во колекција такви.

    Сакав да земам и RPi 4 но сепак мислам дека е добро да почекам па прво да го разгледам нуков прописно.

    @Oktar благодарам за споделеното искуство и сознанија.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    @gokica не би рекол дека споредбата со НУК е дигресија, баш напротив, корисно е да се знае. Од ова што го кажуваш и јас сум изненаден дека целеронот толку добро се понаша. Јас се мислев да го земам нукот што го зеде ти, ама видов целерон плус тогаш искочи рпи4 и си реков батали идам на рпи4. Претпоставувам дека го користиш со фул виндовс 10ка на него? Кога ке имаш време да го пробаш ЦЕЦ-от би те замолил да споделиш, чисто ме интересира дали и како работи.
    Инаку, долго време и се мислев за Веро 4К, флегшип уредот на ОСМЦ, кој на промоција се начекува за 100тина евра, нешто ситно плус, ама па тоа ако го земам и пак не ми стрима 4к фајлови од 50+гига, ке нема што да му правам, затоа што тоа па е баш медиа плеер, за ништо друго неможеш да го користиш.

    П.С. И јас си нарачав едно нукче, го чекам да стигне неделава, ама тоа е за друга намена, тро појакичко е, ке има побитна задача од гледање филмови :D
    П.П.С. Деновиве се надевам ке споделам и едно друго проектче со РПи.
     
    На Psycore и gokica им се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    Да, Вин 10. Баш ме интересира твои импресии од НУК-от и кој модел си го земал. Тоа за мене ќе биде одлучувачко дали да земам РПи или можеби ќе останам со таборот на НУК па да земам и јас некое појако. Штом имам дпополнителни искуства и сознанија задолжително и со задоволство ќе ги постирам на форумов.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,250
    277
    1 Мај 2008
    Благодарам господине @Oktar за кратката рецензија на уредот.
    Веќе неколку години имам мерак на Raspberry Pi, ама никогаш не сум се наканил да купам едно. Ќе почекам да се среди софтверската поддршка па и ја да се сторам со една четворка комплет со кутија и напојување.
    П.С.: Сакам да го упознаам Арчи, многу е сладок.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Update:
    Пристигна flirc-oт за РПи4-ката, ОСМЦ бледо најавија дека наскоро ке имаат имиџ а Либре имаат веќе апдејт и е прилично поиспеглан но има уште работа. 4К сеуште е неупотребливо. Околу кутијата, дефинитивно ооооодлично склопено парче кое иако е малку скапичко, сепак нуди премиум изглед и чувство. Изработката е совршена, се е на место и прецизно до милиметар.

    20190807_200045.jpg 20190807_200056.jpg 20190807_200111.jpg
     
    На neW1, Psycore, ARMac и уште 11 други им се допаѓа ова.
  14. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,377
    3,264
    12 Јануари 2016
    Машко
    Едно информативно видео, дечкото ревјуто го прави примарно од аспект на Октопринт ама најголемиот дел од видувањето е сепак општо за Raspberry Pi (неколку различни генерации, колку се грејат, какви напојувања како работат, итн).

    Според сите сознанија 4ката со добро напојување и ладење може да работи прилично побрзо (инаку тротла и се успорува), па би било добра идеја за корисниците да стават хитсинк на SoC-от (тоа што има метал хит спредер е уште подобро)... Алуминиумската кутија од flirc-от би требало да е ОК како хитсинк (патем супер изгледа, ама и цената е солидна).


    View: https://www.youtube.com/watch?v=pOboAW5RqAg
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    360
    52
    10 ноември 2017
    Машко
    Другар колку вкупно те фати цената за РПи4?
     
  16. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    Значи ептен знаеш да ме погодиш со хардверов. Иако НУК ептен ме размази, сепак сега со кутивчево и ПИ почнува одново да ме привлекува.

    Него кажи како те бендиса НУК. Бајашки појакичко е твоето во однос на ова кај мене и веќе ми се вртат идеи за апгрејд со друг НУК :)
     
  17. BEST

    BEST
    Gaining Experience

    311
    279
    10 Јуни 2011
    Машко
    @Oktar Одлични постови и информации поврзани со ПИ, медиа центер и слично...
    мене ме интересира нешто повеќе за WebOS, како го користиш? подобар ли е од OSMC? јас имам неколку пи 3б+ кои ги користам на 3д принтери :) но имам и еден кој ми е „вишок“ (односно за забава во моментов), со ОСМЦ не сум нај среќен, коди тера ок но не ми ги пушта сите филмови од УСБ и тоа ме нервира скрос (валда фалат кодеци или слично), со WebOS до сега не сум се сретнал, нити сум чул за него :) колку што го прашав гугл, треба да имам Linux машина за да напраам имиџ од истиот за Raspberry Pi ?? (why in the world...)
    мора да има полесна варијанта, односно готов имиџ валда :)
    и што се предностите на WebOS према OSMC на пример? мом. си го користам пи-во за RetroPie за релаксирање но не често :)
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Што да кажам за НУК-от освен дека е идеална форма на персонален сметач. Мало, компактно, тивко. Јас го искомбинирав со 32ГБ Рам, 512 Samsung NVMe и уште едно ХДД од 500ГБ... и уште едно екстерно 3ТБ на УСБ :) Моето има серверска улога, т.е. на него ке подигнам неколку виртуелки, што за сервиси низ дома што како лабораторија за учење. Искрено, толку многу ми прави мерак што дури и би баталил целосно десктоп и само би монтирал едно вакво на мониторот од позади и би терал така, игри и графичка секако не ми требаат.
    Еве како изгледа НУК-от и остатокот од домашните системи:
    20190809_182402.jpg
    20190810_205642.jpg

    Ама како медиа центар сеуште се држам до разберито :) и планирам да останам така од проста причина што целосно ги задоволува моите потреби во комбинација со телевизорот, немам потреба од некој нов уред.
    Инаку флирцот за РПи4 е перверзија, пре-пре-предобро изгледа а богами и си ја врши работата, лади прописно. 4ката како што знае да грее, ова богами убаво го лади, целото куќиште ја превзема топлината и се осеќа тоа. @Lokvan го изгледав видеото, добар е дечкото, се согласувам со многу од работите што ги кажа, освен тестот со напојувањата му беше безвезе, али ок е, и јас го делам истиот заклучок, уредот си е одличен, само треба малку да се испеглаат работите и верувам дека тоа и ке се случи. Воопшто не жалам што го купив, не ми е фрка да почекам некој месец, сепак ентузијазмот е посилен :)
    @BEST WebOS користам на телевизорот, така да не би знаел како работи на РПи, а гледам и дека препорачан и тестиран е на РПи3, дури не е ни на РПи 3B+ и имиџот треба да го избилдаш на Убунту 12 или 14... актуална верзија на Убунту е 18 :|
    Јас кога купував телевизор се решив за ЛГ токму поради WebOS-от. Класи над Андроид ТВ е во однос на стабилност, перформанси и јузабилити. Ама сепак би рекол дека ОСМЦ е далку помоќен од WebOS, од проста причина што е далеку поконфигурабилен и со повеќе можности. На пример на WebOS нема опција да се поврзеш на самба шер или нфс, практично е крајно јузерски интерфејст каде ако имаш DLNA во мрежа он ке го препознае и ке се поврзе на него и ке може да врши репродуција. Толку. Апликации од типот на јутуб и нетфликс си фучат без проблем, а нетфликс на рпи е невозможно, затоа па на РПи можам да си подесувам да ми симнува преводи и од каде и на кој јазик, на WebOS ако има превод во фолдерот и е некој формат што горазбира ок, ако не, нема превод. Од моја гледна точка, двата системи ми се неопходни за целосно искуство.
    Околу кодеци и слични ствари, искрено, последниве 4-5 години колку што користам РПи и ОСМЦне сум имам случај да несака да ми пушти некој филм. Нормално, симнувам добри рипови а не сумљиви и секако не divx, xvid или нешто слично.

    Се изнакуцав, се надевам некој ке стигне до крајот на ова дело, ама претпоставувам дека никој не чита волку долги постови така да тука веќе можам да пишам што сакам, можам и да опцујам некого, можам да зборам за политика можам и нелегално да напишам оглас дека продавам комбајн ZMAJ 135, одлично превозно средство, тешко за паркинг само. Тоа е проблемот со младината, брз живот и сите сакаат сега и сакаат одма и никој не чита подалеку од насловот, по ѓаволите, едно време се појавија аудио книги а сега па и тие ги има во скратена верзија од 15-30 мин! Фак!

    Смрт за фашизмот, слобода за народот!
     
    На petkotrajko, efto, Avid и уште 25 други им се допаѓа ова.
  19. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,222
    3,209
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    Цена ?
     
    На Krkac, G4M3R, gokica и уште 2 други им се допаѓа ова.
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    Скратени верзии на книгите па мене отсекогаш ми биле омилени :)

    Лиги ми потекоа со опремава кај тебе. Сакам и јас појак НУК! Сакам и Циско и се што гледам на сликата. Сакам и комбајн! Не дека ми треба ама ќе ми направи мерак. Можно е од кај соседиве да набавам еден НУК како овој твојот наскоро.

    ПИ ме привлекува исто многу. Најсладуњаво машинче од се што сум видел ми е. Само што знам дека нема да имам време да го научам и да го сетирам. Сепак ќе мора да чека подобри времиња.
     
    G4M3R, Oktar и на BlackOuttheWoRlD им се допаѓа ова.
  21. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,894
    6,513
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ај сега да докуцаш дали CEC работи или кој :)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    За ЦЕЦ-от чекам @gokica да пише дали работи, јас на мојот нук му ставив директ vSphere 6.7U2 :)
     
  23. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    451
    354
    26 Јуни 2012
    Машко
    @Oktar Одличен homelab, баш е за темана на reddit /r/homelab. Нешто повеќе спецификации би можел да дадеш:rolleyes:. Може и нова тема да се отвори за домашни lab-ови и таму да пишуваме. RPi-то интегрирано ти е во во се ова, што намена има(прости ако си пишал погоре и сум пропуштил)?
     
    На smole и Oktar им се допаѓа ова.
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,396
    10,203
    13 Јуни 2009
    Спакувано е за премештај во новиот стан. Затоа и не сум се произнесол во поглед на потемелна употреба.

    Последно му исклучив CEC намерно. При конекција со телевизорот преку HDMI, хибернација стануваше активен сетинг во Вин 10. А кога хинернација е активна, НУК не се исклучува целосно туку влегува во мод на спиење при шатдаун. Па после не се активира преку пауер копчето. Без CEC ова не се случи ама сепак ми беше многу кратко времето на располагање па да тврдам со сигурност.

    Иако не се многу опции во биос сепак човек треба да посвети повеќе внимание. Немам време да се позамарам кој сетинг да го зададам за кај мене. CEC на НУК работи сигурно. Но до кој степен и како ќе мора да надополнам понатаму.
     
    На ARMac и Oktar им се допаѓа ова.
  25. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,324
    9,668
    23 oктомври 2012
    Машко
    Имам еден РПи 3 што го користам како PiHole т.е. днс сервер со блокирање на реклами а другиот РПи 3Б+ е со ОСМЦ на него и тој е позициониран кај телевизорот од очигледни причини. ПиХоле е интересен проек за кој сакав да направам една тема ама ете, не сум стигнал. Инаку имам Unifi AP AC Pro за максимални гајтанлес перформанси на телевизорот а имам и еден Mikrotik hAP ac2. Се тоа е for science!
     
    На Psycore, yasho, BEST и уште 2 други им се допаѓа ова.
Слични теми
  1. bogoevski
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    600
  2. Luidgi
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    876
  3. xCorbe
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    688
  4. gOJDO
    Одговори:
    6
    Прегледи:
    1,538
  5. stefan_mkd
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    369
Вчитување...

Сподели

Вчитување...