1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Туторијал RAM оверклокинг метод за Ryzen 3rd Gen.

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од Rikimaru, 6 Јуни 2020.

  1. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    Здраво дечки,

    Ова е генерална тема за RAM оверклокинг кај Zen2. Последнава недела поминувам патешествие кон оптимизација на перформансите на мојот RAM кит бидејќи Zen, Zen+, Zen2, Zen2+, Zen3 архитектурата интимно ги поврзува меморијата и процесорот преку infinity fabric feature-от и нивните перформанси меѓусебно си зависат. Што подобро функционира меморијата, толку подобри перформанси ќе вади процесорот. Затоа, Ryzen преферира брзи мемории со стегнати тајминзи. Повеќе за тоа тука (првиот гугл хит) или самите најдете повеќе инфо. ГАРАНТИРАМ ако вложите време и труд ќе видете забележливи придобивки во перформансите на вашиот систем.

    Оверклокинг методот којшто ќе го опишам во оваа тема ми е заснован на неколку официјални АМД извори и неколку неофицијални извори од overclocking ентузијасти (оверклокинг бројките ми се преземани од оверклокинг заедници). Ова е личен research но преискористувам упатства и оверклокинг бројки од неколку overclocking ентузијасти.

    НАПОМЕНА: Овој краток guide ќе занемари голем дел од UEFI опциите коишто би имале импакт на подесување и оверклокување на процесорот, разни волтажи, вторични features, итн. Ќе дадам линкови каде ќе може да прочитате повеќе за тоа, а јас тука ќе се фокусирам чисто на менување на тајминзите и клокот за добивање подобри перформанси. Следуваат чекорите за РАМ оверклокинг кај Ryzen 3rd Gen:

    1. Подготвување за RAM overclocking

    1.1. Кај Ryzen секогаш прво треба да се стабилизира процесорот пред оверклокување на меморијата бидејќи нестабилен CPU overclock доведува до грешки кај меморијата. Кога туркате високи фрекфенции и тесни тајминзи, процесорот може да се дестабилизира.

    1.2. Инсталирате последен UEFI.

    1.3. Ги местите стиковите во точните слотови (најнупска опомена од сите, ама сум сретнувал дечки што ги шибаат рам стиковите во соседни слотови и целосно го игнорираат dual-channel бенефитот).

    1.4. Даунлоадирате Thaiphoon Burner бесплатна верзија -- алатка којашто нуди НАЈдетални информации за SPD-то на меморијата (Serial Presence Detect – харверски чип којшто носи информации за вашиот мемориски модул). Ова е еден од моите 2 модули со пример за тоа какви информации треба да добиете:

    Thaiphoon_1cs0fb69f3.png

    Со тоа што ќе го исчитате SPD-то, ќе добиете важни информации за тоа кој чип го користи вашиот РАМ. Бидејќи различните чипови нудат различен headroom за оверклокинг, ќе знаете што може да направи вашиот чип во однос на клок и тајминзи. Mоментално ранкингот на чиповите од најдобри (најскапи) до најслаби (најефтини) е следниов:

    1. 8GB B-Die
    2. 8GB Hynix DJR
    3. 8GB Micron Rev. Е
    4. 8GB Hynix CJR
    5. 4GB E-Die
    6. 8GB AFR
    7. 4GB D-Die
    8. 8GB MFR
    9. 4GB S-Die

    НАПОМЕНА: Во оваа листа недостигаат голем број ICs коишто помалку се сретнуваат и оние коишто допрва ќе излегуваат.

    Samsung B-Die се убедливо најдобрите мемориски чипови и даваат најтесни тајминзи со највисок клок. Samsung B-Die е далеку поскап од сѐ друго. На мојот скриншот може да се види дека имам Hynix DJR кит, а мноштвото од вас очекувам да имаат Micron Rev. E или Hynix CJR или DJR. Преку Тајфун, исто така ќе прочитате дали меморијата ви е single или dual-rank (ова не е исто со single, dual, quad channel коешто понатаму е различно од тоа дали имате 1, 2, 3 или 4 DIMM slots).

    Single-rank чиповите нудат различни и во поголем дел од случаите послаби перформанси од dual-rank меморијата којашто поседува feature наречен RANK INTERLEAVING. Но, single-rank може да даде подобри перформанси од dual-rank ако ентузијаст се помачи да ги стегни тајминзите. Многу работа влегува во ова. По default е подобар dual-rank чип.

    Од Тајфун исто така ќе добиете многу важна информација за максимум БЕЗБЕДНА волтажа за вашиот чип. Тоа мора да го изгуглате откако ќе дознаете каков чип имате. Во мојов случај, јас можам да го возам рамот на 1.45v 24/7 без забрзана деградација. Самсунг B-Die од друга страна може безбедно да оди до 1.7 БАРЕМ во поголем дел од случаите. Додека послабите ICs до 1.35 или 1.4.

    1.5 Следен чекор при подготовката е да ги подесите SoC и DRAM волтажите. SoC волтажата ги вози I/O controller-от, мемори контролерот итн. Зависно чипот, ќе имате различна безбедна волтажа. АМД препорачува оверклокинг да се почни од 1.1, а да не се надминува 1.2. Јас конзервативно го возам на 1.1 stock моментално и не сум експериментирал сѐ уште со повисоки волтажи. DRAM волтажа кај мене е наместена на 1.45 што се рачуна за безбеден топ лимит.

    1.6. Даунлоад на тестинг софтвер за стабилност на меморија. Овие се едни од попознатите:

    - MemTestHelper
    - TestMem5
    - Prime95
    - Karhu RAMTest

    Спроведување на овие тестови после правењето на промени во UEFI е неопходно за проверување на стабилноста на системот. Ако системот е нестабилен, ќе знаете дека вашата последна промена исто така внесе и нестабилност во системот. Постојат и брзи тестови за површинска стабилност и тестови кои треба да се тераат со сааати сааати и саааааааааати. Меѓу најдобри се Karhu (платен) и TestMem5 со Extreme Config.

    За мрзеливите како мене важи следново: После секоја промена во UEFI, уклучувате брз 5-минутен тест во TM5. Ако TM5 се покажи стабилен за тие 5 мин, зачувувате профил, менувате друг тајминг и пуштате пак TM5. Подолг тест од 30 минути ќе пуштите откако ќе промените повеќе тајминзи за да го скратите времето на тестирање. Ако тогаш извадите ерори, ќе одите од последниот тајминг наназад па наново ќе пуштите 30 минутен тест.

    1.7 Даунлоад на софтвер за бенчмарк

    Постојат неколку софтвери кои прават бенчмарк на меморија. Ќе изберете еден и само него ќе го користите за да имате основа за компарација помеѓу различните промени. Препорачувам да се користи AIDA64 кракната верзија (ја има по торенти). Се мери Read, Write, Copy брзини и Latency. Пуштате AIDA64 откако ќе помините TestMem5 5-минутен тест и запишувате бројките.

    1.8 Даунлоад на софтвер за проверка на тајминзите

    RyzenMaster и/или ZenTimings. Ништо друго. ZenTimings ги дава поуредно претставени.

    2. Генерално инфо за РАМ меморија

    Нема да навлегувам во објаснување што прават различни тајминзи, како функционира рамот итн. На крајот од guide-от, ќе споделам линкови каде може да прочитате за сето тоа ако сакате.

    Инаку, за помалку упатените, РАМ фрекфенцијата се мери во мегахерци (MHz) или милион циклуси во секунда. Повисока фрекфенција = повеќе циклуси = подобри перформанси

    РАМ тајминзите од друга страна се мерат во ticks (тикови). Што помалку тикови за да се изврши операција, тоа подобар перформанс на рамот. СИТЕ тајминзи освен tREFI треба да бидат што може пониски. tREFI како тајминг (refresh interval) е отклучен само кај Интел плочи. Така што, занемарете го ова инфо.

    НАПОМЕНА: Крајно се мери латенцијата којашто е резултат на фрекфенцијата и тајминзите. На пример 3000 MHz CL 15 и 3200 MHz CL 16 имаат иста латенција.

    За да се измери времето во наносекунди на даден тајминг користете ја следнава формула:

    2000 * (timing) / (ddr фрекфенција). Пример: 2000 * tCl16 = 32000/3733 = 8.57

    Тајминзите се делат во 3 категории:

    • Примарни (оние што ги читате на почеток на класификацијата како 16-16-16-16-36
    • Секундарни
    • Терцијални

    Првите влијаат на латенција и bandwidth-от (проток на дата), а вторите и третите само на bandwidth.

    Матични плочи со 2 DIMM слота можат да достигнат највисока фрекфенција додека матични со 4 DIMM слота ќе добијат повисока фрекфенција зависно тоа каков memory layout има плочата -- дали Daisy-Chain или T-Topology. Нема да навлегуваме во тоа бидејќи кај Ryzen нема врска каков memory layout има плочата бидејќи макс може да се вози на 3800MHz со соодност MCLK (memory clock) : FCLK (fabric clock) 1 на 1. Не се препорачува да се дестабилизира 1:1 соодносот, а максимум FCLK е 1900.

    Потенцијалот за подобрување на примарните тајминзи со зголемувањето на волтажата зависи од типот на чипот што го имате. Кај Samsung B-Die (најдобриот чип моментално), tCL (најважниот примарен тајминг -- првата бројка) може да се стегнува линеарно се повеќе и повеќе со зголемување на волтажата во исти чекори т.е. исти придобивки за секој последователен степен зголемување волтажа.

    Другите чипови мора да добијат инкрементално повисока волтажа за ист напредок во перформанси т.е. мора се повеќе и повеќе волтажа да се дава за добивање на истите придобивки. Генерално само кај самсунг B-Die сите примарни тајминзи скелуваат со зголемување на волтажа вклучувајќи го tRFC додека другите чипови само tCL го зголемуваат со волтажа, а другите тајминзи можеби ќе скелуваат можеби не.

    НАПОМЕНА: Нафрлав неколку важни информации тука, меѓутоа голем број од работите поврзани со процесорот и меморијата не се споменати. Немам трпение да испишам сѐ. Ќе земи многу време и нерви и не е важно во склоп на целта на текстов да пружи насоки за оверклокинг кај Ryzen 3rd Gen.

    3. Оверклокинг процес
    (бројките ми се преземани од overclocking guide на еден overclocking ентузијаст)

    НАПОМЕНА: Силиконската лотарија е во ефект кај секој силиконски чип (вклучувајќи ја и меморијата). Јас ако можам нешто, можеби вие нема да можете на истиот чип и обратно. Главните чекори за оверклокинг се:

    • Наоѓање на МАКСИМУМ FCKL со којшто ви бутира системот.
    • Постепено затегнување на примарни тајминзи и нивно тестирање.
    • Постепено затегнување на секундарни и терцијални тајминзи и нивно тестирање.
    3.1. Откако ќе наместите SoC и DRAM Voltage зависно вашиот чип, ќе уклучите највисок XMP профил за да вашата меморија ги присвои најниските тајминзи според производителот и безбедните сетинзи и волтажи. Од таму ќе продолжите понатаму.

    Одредувате максимум FCKL за да одредите максимум MCLK. Секогаш мора да се чуваат во 1:1 сооднос. Пример ако наместите 1800 FCKL, ќе мора да наместите 1800 MCLK или во ефективен клок дупло на тоа 3600MHz. Запомнете, се работи за DoubleDataRate т.е. сигналот се пушта на два пати, затоа меморијата се рекламира дупло од нејзиниот реален клок. Ако бутира на 1800 FCLK, зголемете на 1833, 1866, 1900, и се така додека не наидете на бројка поради која на POST-ира системот. Кога ќе се случи тоа, Clear CMOS и лоадирајте UEFI профил каде бевте океј.

    Откако ќе добиете максимум MCLK и FCLK (1:1) сооднос на дадените максимум безбедни волтажи, зачувајте го профилот во UEFI бидејќи често ќе мора да го ресетирате CMOS-от во овој процес па да има на што да се вратите.

    3.2. Сега започнува НАЈДОЛГИОТ и НАЈДОСАДНИОТ дел во процесот на оверклокинг на рамот. Јас лично не можам да се замарам да тестирам како што тестираат други оверклокинг ентузијасти и му оставам на мојот систем да ми каже дали некој тајминг е нестабилен при редовна употреба иако не треба така да се прави.

    НАПОМЕНА: После секоја промена треба да се применува AIDA64 benchmark и барем 5-минутен TestMem5 тест за да се тестира стабилноста на промената и придобивките од промената. Оптимално, треба да се прави 30-min тест и overnight test за да се утврди стабилноста на системот.

    АМД инженерити вклучуваат неколку features во нивната архитектура коишто се наменети за стабилизирање на системот како GEARDOWN Mode, BankGroupSwap и неколку преостанати.

    Прво, GDM Off, Command Rate = 1T, BGS OFF даваат најдобри перфоманси.

    Така што, наместете го CR на 1T и исклучете GDM. Ако системот не бутира, уклучете GDM и терајте така. Ако имате опција да исклучите BGS од друга страна, направете го тоа (кај мене нема таква опција по default е исклучено). Јас терам GDM ON и CR=1Т бидејќи не сум стабилен со GDM OFF.

    Потоа, затегнете ги следниве секундарни тајминзи прво:
    • tRRDS, tRRDL, tFAW на 6, 6, 24 safe, 4, 6, 16 tight или 4, 4, 16 extreme
    • tWR на 16 safe, 12 tight Или 10 extreme

    • Ова ќе го убрза процесот на тестирање
    • tFAW минимум може да биде tRRDS*4
    НАПОМЕНА: safe = безбеден оверклок ќе стартува системот, tight = постегнат, extreme = туркате IC-то што може повеќе (Integrated Circuit).

    Следува затегнување на примарните тајминзи. Oдите последователно од tCL (CAS) па tRCD (tRCDWR and tRCDRD кај Ryzen), па на крајот tRP. Се намалува секој тајминг по 1 се додека не се начека нестабилност. Во тој случај, се враќате на последната стабилна вредност и се префрлате на следниот примарен тајминг. Значи намалувате тајминг по тајминг за вредност од 1, а не сите наеднаш за 1.

    Откако ќе ги наместите tCL, tRCD и tRP, ќе го пресметате tRAS = tCL + tRCDRD + 2 и tRC = tRP + tRAS + опционално 2 до 8 вредност ако сте нестабилни.

    3.3. Затегнување на секундарни и терцијални тајминзи

    Прво треба да се пресмета tRFC со формула. Стандардната латенција за tRFC за дадени чипови е следнава:

    • 8GB ARF = 260-280
    • 8GB CJR/DJR = 260-280
    • 8GB REV E = 300-350
    • 8GB B-Die = 160-180
    За да пресметате TRFC, земате:
    • латенција во ns*ddr_freq/2000.​
    Пример 180ns на 3600MHZ е 324 tRFC и таа вредност се внесува во UEFI. Ако сте нестабилни, ќе зголемите за половина од оваа вредност. Ако сте стабилни, ќе намалите за половина од средната вредноста и ќе одите така се додека не добиете стабилна бројка.

    Пример: Стабилен сум на 500? Тогаш ќе намалам на 250. Ако сум нестабилен на 250, тоа значи дека стабилната вредност ми е помеѓу 250 и 500. Ќе соберам 250+500 = 750 ќе поделам со два = 375, па ќе пробам дали сум стабилен или не па така натаму.

    Преостанатите секундарни тајминзи што може да се подесат се следниве:
    • tWTRS, tWTRL 4, 12 safe, 4, 8 tight
    • tRTP, 12 safe, 10 tight, 8 extreme
    • tCWL, tCL safe, tCL-1 tight, tCL-2 extreme
    На крај, се советува менување на следниве терцијални тајминзи:
    • tRDRDSCL, tWRWRSCL – 4, 4 safe, 3, 3 tight, 2, 2 extreme
    Секундарните и терцијалните тајминзи (освен tRFC) не се под влијание на фрекфенцијата т.е. ако имаш стабилни секундарни и терцијални на 3200MHz, ќе може да ги возиш истите и до 4000MHz (можеби).

    Сите преостанати тајминзи коишто не се покриени од овој текст не менуваат нешто многу, но, можете да прочитате за нив и како да се променат во еден од линковите што ги листам долу.

    НАПОМЕНА: 200Mhz зголемување на фрекфенцијата ќа ја негира зголемената латенција што се добива ако се опуштат tCL, tRCD и tRP за 1 и ќе има бенефит од поголем bandwidth. На пример, 3000 15-17-17 има иста латенција како 3200 16-18-18 ама вториов избор има поголем bandwidth.


    4. Неколку збора за волтажите

    SoC волтажа се предлага да се подесува од 1.1 до 1.2 максимум. Играјте си со ова ако сте нестабилни. Пониска SoC волтажа можеби ќе помогне во стабилноста. Ryzen 3rd Gen. има и сетинг за CLDO_VDDP волтажа којашто ако се зголеми може да го стабилизира системот за клокови над 3600MHz. CLDO_VDDP е волтажата којашто го регулира пристапот на меморијата на дадена фрекфенција:

    НАПОМЕНА: И покрај тоа што постои глупавиот модерен мит дека RGB = More Speed и има луѓе веруваат во ова, кај рам меморијата, РГБ-то ОДМАГА. РГБ-то генерира повеќе топлина, а повеќе топлина има ефект на НЕКОИ тајминзи. Незначителен ефект, но ефект.

    НАЈГОЛЕМА НАПОМЕНА: Голем дел од вас можеби слушнале за и пробале да користат програм наречен DRAM Calculator for Ryzen од еден русин 1usmus. Овој програм не е прецизен за НИШТО ДРУГО освен Samsung B-die иако се обидува да биде. Мнозинството од оверклокинг заедницата го избегнува бидејќи дава неточни вредности.

    5. Други ресурси

    За оние што сакаат да се замараат повеќе ви праќам FLOWCHART за memory training којшто е процес со којшто системот ги дијагностицира проблемите со меморијата и се обидува да ги надмини. Меморијата се „тренира“ во оваа друга смисла на зборот преку менување на различни сетинзи во биос еден по еден, дозволувајќи му на системот побрзо да ги надминува проблемите со меморијата.

    https://i.imgur.com/C527U41.jpg

    Овде ви нудам еден неофицијален извор за различните тајминзи и што тие значат и еден официјален од АМД техничарите којшто вклучува и други сетинзи за AMD меморија:

    Demystifying Memory Overclocking on Ryzen: OC Guidelines and Explaining Subtimings, Resistances, Voltages, and More! : overclocking

    Community Update #4: Let's Talk DRAM! | Community

    Понатаму, овој линк нуди бенчмарци за различни сетинзи во АМД систем направени од АМД техничари и за тоа кои сетинзи придонесуваат кон подобри перформанси:

    Memory OC Showdown: Frequency vs. Memory Timings | Community

    Оваа статија е убедливо една од НАЈдобрите и НАЈдеталните статии што покрива Сѐ за рамот од AnandTech. 10 години е стара, но, сѐ уште кредибилна.

    Everything You Always Wanted to Know About SDRAM (Memory): But Were Afraid to Ask

    Важен disclaimer: Текстов е базиран на лично искуство и знаење соберено преку интерес во полето. Затоа, ова лично истражување можеби ќе има некои пропусти (напоменав на повеќе наврати нема на се да обрнуват внимание можете да доистражите сами на своја рака). Не сум експерт за РАМ оверклокинг и имам многу за учење, но, сакав да му помогнам на дел од вас кои сакаат ова да започнат да го прават. Ние како класа на конзумери можеме да добиеме повеќе од оваа практика бидејќи РАМ китовите што се продаваат кај нас не се најквалитетни, а и генерално не трошиме за скапи рам китови. Исто така, ИМА забележителен ефект на РАМ оверклокинг врз реалните перформанси на системот во апликации и игри. Се добиваат до 10-15 FPS повеќе во игри на пример, а многу повеќе во апликации (зависно апликацијјата). Сум видел и 50 проценти буст во ФПС кај некои игри (што читам по интернетот и разговарам со оверклокери). Во крајни OC случаи ова.
    --- Споени мислења, 6 Јуни 2020 ---
    Сфаќам дека туторијалов не е баш user-friendly за почетници и ако имате прашања, слободно контактирајте ме. Исто така, добредојдени се коментари за подобрување на текстот и дополнување. Не е совршен и има уште многу знаење да се сподели на темава.

    Исто така, пред да прашате, се додека се држите кон максимизирање на БЕЗБЕДНИ волтажи (ќе дознаете кои се безбедни за вас преку гуглање), не постои ризик за забрзана деградација на рамот. Едноставно, ако не можете да бутирате после промена на тајминг или друг feature, ќе го ресетирате CMOS-от и ќе лоадирате последен безбеден UEFI профил и тоа е се.
     
    Последна промена: 6 Јуни 2020
    На Lokvan, boksata, niagacrp и уште 47 други им се допаѓа ова.
  2. Вајкинг

    Вајкинг
    Practice makes perfect

    1,002
    1,253
    9 Јуни 2015
    Машко
    уф... браво!
     
    damil, DaVoRkNe и на Rikimaru им се допаѓа ова.
  3. mkgunner

    mkgunner
    Gaining Experience

    274
    216
    29 oктомври 2008
    Машко
    ИТ сервисер
    Секоја ти чест, и ништо од ова да не ми користи за трудов ти симнувам капа

    Испратено од JSN-L21 преку IT.mk форум апликација
     
    MadBuldog, damil, DaVoRkNe и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. maxellpp

    maxellpp
    Intern

    23
    30
    29 Септември 2014
    Машко
    Кај беше пред некој месец :(

    Браво браво!
     
    На Rikimaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. TATA_MATA

    TATA_MATA
    Unstoppable

    1,754
    2,104
    25 Март 2013
    Машко
    Значи туторијаливе ко докторати му се.
     
    На MadBuldog, mkgunner, Arabian и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. Foldalot

    Foldalot
    Intern

    58
    45
    19 Март 2014
    Машко
    Пред некое време сакав да го испробам Thaiphoon Burner и не ми го пушташе.
    Врти кругчето кај cursor-от некоја секунда и ништо не се случува.
    Сега пак исто.

    Пробав со Run as Admin, Take Ownership, чепнав properties и Task Manager да видам во позадина да не се пали ама јок.
    Некој со овој проблем што го има решено?

    Setup ми е r5 2600, x470 со 32GB Kingston Predator 3200Mhz
     
  7. toplel

    toplel
    On your way to fame

    596
    668
    18 Август 2016
    Машко
    Повик до модераторите да ја означат темава како „Sticky“ во подфорумов и EDIT: Сега видов дека е веќе така што останува соодветна титула за трудот што членот го вложи во претходни теми (водичи).
     
    На Rikimaru и mkgunner им се допаѓа ова.
  8. Rikimaru

    Rikimaru
    Practice makes perfect

    1,131
    1,478
    26 Март 2016
    Даскал
    на рекла казала тешко се дијагностицира проблем, ПП ме ако сакаш со TeamViewer ќе средиме.
     

Сподели

Вчитување...