1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

RAID 1

Дискусија во форумот 'Компјутерска безбедност' започната од Глупав, 19 Април 2017.

Тагови:
  1. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    Се надевам не право место ја сместив темава...
    За да не лутам, а знам од искуство најбрзо се учи, ако некој врзувал, да може да каже најбезболно решение за следново ???
    Се мислев за Synology NAS
    ама некако ми изгледа неекономично ни најекономичното решение од нив за 12к
    па се решив за следново:
    бидејќи матичната ми подржува RAID (во последно време повеќето се такви)
    а и веќе имам два WD RED, кои мислам дека ќе вршат подолго време работа,
    шо ги е..m ќе ги врзам...
    некои работи кои треба да ги знам претходно ??? pros and cons ???
     
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,307
    9,551
    23 oктомври 2012
    Машко
    Pro:
    Редундантност на податоците
    Con:
    Преполовен капацитет

    Околу перформансите, зависи од си од контролерот, ама генерално, исти или минимално послаби writе перформанси, но подобри (дури и двојно, ако е добар контролерот) read перформанси. Во секојдневието на еден компјутерски корисник, скоро и да нема да примети разлика.

    Патем, Синолоџи е одличен сториџ, грешка си што не си се одлучил за него. Да, кошта, ама вреди за придобивките кои ги нуди.
     
  3. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    ги знам основните информации... ме интерсираа повеќе работи како:
    дали може да се креираат повеќе партиции или можно е само една целосна да биде?
    дали при (се надевам на подолг временски период без проблеми) куршлус лесно може да се замени едниот hdd?
    дали доколку се решам подоцна да купам Synology (што претпоставувам е потешко отколку) или го земенам PC-то (поточно MB)
    ќе ми биде лесна миграцијата на двата hdd???
    исто така совет за некои работи кои не ги согледувам сега, а ги знае некој корисник на RAID 1 ???
     
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,307
    9,551
    23 oктомври 2012
    Машко
    Бидејки ке правиш хардверски раид, ти во виндовсот ке гледаш само како еден диск и ништо не ти е поразлично за менаџирање како и на обичен диск. Си го партиционираш, форматираш и се остало како и секој диск.

    Теоретски, да. Генерално харверскит раид овозможува лесна замена на диск, односно, гасиш ПЦ, вадиш расипан диск (екстремно важно да го погодиш дискот кој го мењаш!!!), ставаш исправен диск, палиш ПЦ и најчесто сам си почиња рибилдот на полето или па во некои случаеви ке бара рачно преку некоја менаџмент конзола да ја потврдиш оваа операција. Ова ти е критичен момент бидејки веќе не располагаш со две копии од податоците, а рибилдот е напета операција и трае со часови и го оптеретува дискот па може да се деси да цркне при рибилд и толку од податоците.

    Неможе да се мигрираат дисковите во Синолоџи или било кој друг сториџ систем. При замена на матична, е дискутабилно. Ако мењаш со скроз иста со ист контролер, сигурно ке го препознае полето и ке треба да направиш импорт на него. Ако мењаш со друга матична/контролер, малку веројатно е дека ке се поклопат планетите и ке можеш да извршиш лесна миграција на полето односно импорт. Јас не би ни пробувал такво нешто без да имам бекап на податоците.

    Јас користам РАИД 1, ама во синолоџи. Јас се решив на посебен уред поради еден куп причини како: always on уред со мала потрошувачка, дополнителни УСБ порти на располагање, се користи како НАС, се користи како торент станица, се користи како клауд сториџ, се користи како фото менаџер, се користи како длна, мејл нотификации од секаква природа, итн итн итн.

    Али во секој случај, добро е да се користи заштита на податоците, неопходно е.
     
    На ARMac, FLEGMA, Astro и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,188
    3,486
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Земав DS216j и ќе те барам ако имам потреба од сетап, ако те најде човек :p.

    Исто ми е за RAID 1, и мислам дека е одлично решение за цената за мала оптеретеност. Пред неколку години за пријател направив исто RAID1 со надворешен RAID контролер/адаптер и функционираше и тој солидно се додека не откажа едниот диск. Така остана за жал сетапот, од немање време за интервенција бидејќи као глуми фајл сервер со тоа што сега е исклучен RAID адаптерот бидејќи јавува дека е растурен арејот.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,307
    9,551
    23 oктомври 2012
    Машко
    Истиот модел го имам и јас, прекрасен уред, со здравје да си го користиш. Ајде уште утре ако си за сокче, повеќе километража поминаа слушалкиве кај мене у кола него увозот од австрија :D Патем, сега читам, Самсунг ги купиле Харман -> АКГ???
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,188
    3,486
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Појма немам, сега читам од тебе. Ќе се чуеме, имам еден сајд џаб со рок па да се растеретам малку и ќе ти пишам.

    Испратено од Nexus 6P преку IT.mk форум апликација
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,357
    2,958
    4 Септември 2008
    Само да се надоврзам за партициите. Незнам како е со контролериве на матичниве за домашна употреба но во сериозните контролери имаш можност за креирање на повеќе array aka virtual disks кои ќе бидат асоцирани со различни физички дискови или пак да го направиш араито спрема капацитет. Доколку имаш RAID1 и направиш два виртуелни диска во Windows ќе ги познае како два посебни диска и после можеш да ги делиш на колку сакаш партиции.

    Значи ова се функционира на хардверско ниво кој е задолжен контролерот и нема никаква врска со Windows.
     
    На Necromancer и Oktar им се допаѓа ова.
  9. AleXXL

    AleXXL
    Intern

    34
    39
    22 ноември 2016
    My piece of advice: додади уште барем еден хдд и инсталирај си на усб FreeNAS. Ем полесно се конфигурира за фајл сервер, ем поарен фајл систем има од NTFS, ем посигурен е неговиот раид концепт од овој за кој прашуваш. Нема да се покаеш.
     
  10. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    имав некој сличен замислен проект пред некое време да правам со старата конфигурација FreeNAS... едно шо ги нема сите опции за AMD, а друго што ќе треба да одвојам 5к за квалитетен PSU кој се разбира ќе троши повеќе одколку Synology кој троши мислем некаде 60W... сепак изгледа најразумно решение ќе биде "да се стегне каишот" и да се земе Synology (штета што Telekom не го даваат на рати за нов договор)
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,307
    9,551
    23 oктомври 2012
    Машко
    И јас бев на истиот крстопат од животот, ама не е само потрошувачката, тука е и компактноста, бучавата, топлината и ред други ствари. Јас сум многу пријатно изненаден од Синолоџи како решение. Има се што ти треба а и можеби некогаш ке ти притреба. Обрати се во ЈВС Нет, за форумџии имаат попуст, минимален е, али сепак е нешто а воедно и мислам дека во старт е нешто ситно поефтин од телеком. Ја би ти рекол да не се ни замараш со правење на РАИД на ПЦ, иди директ на Синолоџи.
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. AleXXL

    AleXXL
    Intern

    34
    39
    22 ноември 2016
    Убоо тоа со Синолоџито, ама човекот нели бараше решение за постоечката опрема што ја има, а не да купува целосно решение
     
  13. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    481
    517
    15 Септември 2012
    Машко
    Ќе го потврдам мислењето на Октар... И јас бев во неговата ситуација и пробав се што можеше да се проба на ПеЦе. Се сексав една година со „квази“ решенија и на крај го одврзав кесето за synology... Мислам дека не згрешив. Всушност сега прв пат признав дека една година изгубив на експериментирање. Да не кажам колку важни податоци во тоа време изгубив.

    Човекот спомна дека има постојни два црвени НАС дискови кои планира да ги користи. Тоа му е 60-70% од цената на комплетиран синолоџи систем.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AleXXL

    AleXXL
    Intern

    34
    39
    22 ноември 2016
    Два диска си има, ако има и уште некоја плоча со процесор и меморија, готова работа, каков Синолоџи, какви бакрачи. А тоа дека една година си се зезал на ПЦ-то, не ќе да е дека ти се брзало, иначе два туторијала ќе си изгледал за FreeNAS и ќе си завршел работа. :)
     
    На flashgordon007 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    не го потценувам FreeNAS-от
    и всушност мислам дека тој е посериозно решение...
    мене ми треба on the fly решение,
    а да ставам дома FreeNas би било нешто како да правам Мail Сервер дома, а имам веќе решение како Gmail
    (ако може да се направи таква споредба)...
    сепак мислам дека FreeNAS е за повеќе корисници
    кои сакаат да избегнат трошоци на посериозно комплетно веќе подготвено plug and play NAS решение како Synology или WD
    (постојат и други се разбира)...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  16. flashgordon007

    flashgordon007
    On your way to fame

    481
    517
    15 Септември 2012
    Машко
    Извини што морам да ти реплицирам: Јас се занимавав со „квази“ решенија пред 10 години. Тогаш немаше ни фринас, ни јутјуб за фринас, ни WD RED, нити сите овие погодности што ги имаш денес. Дури и првите дискови што ги користев беа WD Green од 2ТБ кои ги чекав месец дена додека ги донесат...
    Јас го изложив моето мислење за некому да му помогнам, да не го оди мојот пат. На запад користат искуство од другите што се заебале, само ние се заебуваме секој секогаш одново...
     
    На Oktar и Глупав им се допаѓа ова.
  17. AleXXL

    AleXXL
    Intern

    34
    39
    22 ноември 2016
    Е како тоа му помагаш со искуството од пред десет години за кое ако не те "чепнев" јас човекот ќе мислеше дека е одраз на актуелната состојба? И како тоа помагаш ако наместо да заштеди, треба да купи нешто дополнитено? Прашањето беше околу искуствата со раид полиња. Два диска и плоча со раид контролер се во игра. Тука има повеќе решенија од кое едно препорачано е FreeNAS. За купување уред не стана збор.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
  18. AleXXL

    AleXXL
    Intern

    34
    39
    22 ноември 2016
  19. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    како што реков, нема шанса да се дава 5000 мкд за квалитетно напојување на вториот PC кој моментално е веќе подарена шах машина и таа машина да бучи 24 часа и да грее во наредниов период што иди... разликата ќе ја покријам во штедење на струјата во наредните неколку години... сепак имам мерак да чепнам FreeNAS менаџирање па се надевам дека ќе имам шанса во иднина...
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. AleXXL

    AleXXL
    Intern

    34
    39
    22 ноември 2016
    Секако, тоа си е твој избор и го почитувам. Би имал коментар за тоа дека за 5000 купуваш фактички 750 ватно напојување што е оверкил во случајов и дека за да заштедиш струја во вредност од 5000 денари ќе треба малку повеќе време ама...
    Btw, FreeNAS има опција да ги "паркира" дисковите ако не работат некое време, има супериорен фајл систем, има plug-in опции за проширување на постоечките можности, дисковите ектремно лесно ги префрлаш на друг ПЦ во случај на незгода или сл. (што мислам дека не е случај со ниту еден OFF THE SHELVE продукт). Плус просечна плоча има барем 4 сата конектори што е добра опција за проширување на капацитетот. За парите што се спомнати (5000 денари) се купува куќиште сосе напојување. Итн, итн.
    Со среќа нека те служи уредот што ќе го купиш, да му ја извадиш маста и да си купиш уште поарен набрзо. :)
     
  21. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Се зависи што конкретно бараш и колку си спремен да вложиш.

    Ако се има потреба за редунантност и дискови кои нема да се менуваат доста долго време, а податоците се важни synology е одлично решение во raid 1.

    Ако се работи за домашен сотриџ сервер на гигабитна мрежа, препорачувам плоча, процесор и добро 4U куќиште, на кои би додал PCI и PCI-e SATA контролери. Сум имал искуство со повеќе вакви карти.

    За PCI слот препорачувам картички базирани на silicon image sil3114 на пример оваа, како ефтино и сигурно решение што подржува хардверски raid0,1. Затоа што и онака е брзинита лимитирана од PCI bus-от.

    Кога се работи на PCI-e басот, веќе има разлика во брзините. Едноставно и релативно ефтино решение е картица со Marvell 9235 контролер, кој иако не е меѓу најбрзите, ги задоволува 90% од домашните потреби.

    За хај енд сценарија има PCI-e x4 и x8 SAS контролери од интел (како на пример оваа). SATA дискови (2.0 +) се конектираат на SAS портови, ама памает в глава како ќе биде сетапот и кои кабли се неопходни.

    Како последна опција има PCI-e контролери базирани на асмедиа чипсети (поточно ASM1061) кои не ги препорачувам ама во крајна нужда претпоставувам би завршиле работа (ако е до толку плиток џебот)

    Како за крај, добро 80+ напојување е must have, по можност со 5 год. гаранција. Буката и топлината се проблем ако сетапот е во соба кај што се престојува, ама пошто вакво нешто и не мора да се гледа, може комотно да се смести во шпајз на пример. Гледам дека викаш нема шанси да дадеш 5000 за квалитетно напојување, ама ако сакаш долготрајна стабилна работа на дисковите не само тоа него и UPS е препорачливо.

    Предноста над готово решение како Synology е тоа што можат да се градат повеќе низи односно array-и, да се додаваат дискови по потреба ( и 3.5 и 2.5 и ссд), да се надградува во нешто повеќе (како web сервер, SQL, DLNA, VPN итн).

    Редовно чистење се подразбира. Кај мене моментално, 12 терабајти (со редунантност) 16 тотал во дискови. Ubuntu server 16.04 и спремам уште еден таков на засебна 100 mbps линија. Напојувањето во главниот box е Delta Electronics DPS-475B-1 A и локално купено (пази глава :) ) Хантол упс кое ќе го мењам наскоро.

    Не користам раид 0 затоа што моменталните WD Black 2TB дискови што се внатре го капираат гигабитниот порт без проблем.

    IMG_20170421_002527.jpg

    Ако ништо од ова не ти е важно, и несакаш да вложуваш во ништо, земи најефтино куќаре со матрикс напајање и стави све у него, штеќер и у лан. Мада јас не би играл така со дискови што коштаат колку 6 такви куќишта :D (и податоци кои само ти си знаеш колку ти вредат).
     
    На Necromancer, Глупав, Astro и уште 3 други им се допаѓа ова.
  22. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    353
    159
    20 Април 2008
    Машко
    @ARMac тоа му е overkill ...
    иначе да ,пробав еднаш сo евтино напојување
    и после 15 часа изгоре плоча и рам,
    затоа од искуство кажувам дека за FreeNAS кој е вклучен 24 саати му е потребно 5000 денари напојување...
    (затоа тогаш и се завлечка проектот)
    ... иначе ако ова ти е сетап дома претпоставувам живееш во зграда... и нормално зградата цела е твоја...
     
    На ARMac му/ѝ се допаѓа ова.
  23. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,870
    6,471
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Абе не е моја зградата :) само што функцијата на сетапот не е само чување на лични податоци и NAS за по дома, врши и други важни работи и за корисници надвор. Има 2х50 мбпс оптика на него.

    Целта ми беше да доловам отприлика на кои компононенти (за раид) би требало да обрне внимание.
     
Слични теми
  1. Freaker
    Одговори:
    21
    Прегледи:
    2,270
  2. MARTIN_MKD
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,459
  3. prichina
    Одговори:
    21
    Прегледи:
    2,471
  4. Veljance
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,276
  5. maci
    Одговори:
    20
    Прегледи:
    1,346
Вчитување...

Сподели

Вчитување...