• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Работи во МК за клиенти од странство [програмери]

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Normak

Intern
15 јануари 2008
4
0
Здраво на сите!

Јас се викам Игор и сум (комунистички кажано) на привремена работа во Норвешка. Овдека имам своја фирма за компјутери со проджен и сервисен дел за приватни клиенти како и дел за инсталации и одржување на сервери, мрежи итн. за фирми клиенти.

Имам неколку клиенти на кои му треба работна сила, т.е. програмери. Затоа дојдов на идеја да отворам евентуално една фирма во Македонија со седиште во Скоје или Охрид која ќе работи за тие клиенти. Но пред да го сторам тоа, сакам да го испитам пазарот на работна сила во МК.

Мојот план за почеток е да стартовам со двајца или тројца вработени (зависно од почетните ангажмани), а пота ако дадит господ да се проширувам. Знам дека не можат да се најдат сите квилтети во еден човек и затоа се надевам дека ќе можам да направам еден тим кој ќе располага со следниве квалитети:

.NET програмер со фокус на WEB и портал проекти. Се бара познавање на еден или повеќе од наведениве алатки
• .NET framework (.NET 2.0 / .NET 3.0)
• MS Office SharePoint Server 2007
• Windows SharePoint Services 3.0
• Windows Communication/Workflow Foundations
• Patterns & practices
• MS SQL Server 2005
• ASP.NET

• C#
• VB, VB Script, JavaScript, XML eller XSLT
• MS SQL Server
• (X)HTML/CSS/DOM
• Flash/Silverlight/Designerfaring men det er ikke et krav.


Бидејќи целата комуникација меѓу вас, мене и клиентите ќе се одвива преку mail, chat, webcam, далечинско управување на компјутери итн. познавање на Англиски јазик е обавезно, како усмено така и писмено.

Повеќе информации за мојата фирма можите да најдите (доколку разбирате Норвешки) на www.normak.no
Прашања и CV можат да се достават до [email protected] . Се замолуваат сите заинтересирани да напишат во CV-то со кој од горенаведените алатки/програми владеат како и ниво на владеење своеволно оценето од 1 до 5. Доколку некој има изработено некој проект, може слободно да се испрати (линк?) заедно со CV-то.

Огласот е отворен додека не се затвори оваа тема.

Се извинувам доколку има некои грешки во огласот. Има веќе 11 години од кога излегов од МК и полно од компјутерските термини никогаш ги немам слушнато на Македонски јазик. Се обидував на најдобар начин да најдам логичен превод од Англиски/Норвешки на Македонски.

Со почит, Игор Панчевски




Додаток:

Сакам да додадам некои работи со кои се надевам дека ќе одговорам на некои прашања кои се наметнуваат сами од себе.

1 Работното место ќе биде во Скопје, Карпош 4, кај мостот на ОН.
2.Поради итна потреба од програмери, процесот се забрзува и пожелно е сите заинтересирани да се пријават до 27.01.2008.
3.Почетна фиксна плата ќе биде 300€/400€, зависно од квилификациите.плус бонус за одржани рокови и квалитет. Бонусот некогаш може и да биде повисок од фиксната плата.
4. Дискрецијата е загарантирана.
5 Сите ќе бидат пензиско осигурани.
6 Тие што ќе стигнат до последниот круг ќе добијат еден мал тест/проект во тој програм/платформа кои самите сте се оцениле со највисока оценка. Затоа е пожелно доколку веќе имате нешто изработено, пратете го по меил или линкот до сајтот на кој сте работеле. На тој начин влегувате директно до последниот круг.
7 За мене битно е знаењето, кој како стигнал до него, со учење или искуство, не е толку битно али може да биде одлучувачки доколку се двоумам меѓу двајца кандидати.
8. На крај, тие што ќе го поминат и последниот круг, ќе бидат интервјуирани од мој преставник во Скопје.
9. Поради тоа што се ќе се работи за Норвешка по Норвешки стандарди, должен сум да напоменам дека рамноправната застапеност на половите и битна. Се разбира доколку се исполнуваат горенаведените услови.
9. Јас не сум посредник за друга фирма. Јас сум сопственик на фирма со вработени во Норвешка и со стална клеинтела, на која мојата фирма им дава услуги со одржување на сервери, компјутери, мрежи и друго. Сега на некои од постечките клиенти ќе му програмираме и веб портали.

Со почит, поздрав

Игор Панчевски
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

Normak

Intern
15 јануари 2008
4
0
Ponudava izgleda ubavo. Siguren sum deka kje gi najdesh potrebnite lugje.

Za mene lichno, premnogu MS. :)
ПА Microsoft Norge (Норвешка) и MSN Norge се едни од потенцијалните муштериии за кои ќе се работи. Затоа скоро све мора да биде изработено на платформа од Микрософт и компјутерски системи со легален Microsoft Windows.(за кои јас сум одговорен)
 

SurpAphicS

Intern
26 август 2007
32
2
Grafika

Super e ova sho na vakov da recham direkten nachin se objavuvaat oglasi na forumov, No jas ke prasham dali na Igor mu trebaat i Grafichki dizajneri ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,576
Мислења
823,773
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно