• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Работи во МК за клиенти од странство 2 (сениор програмер)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Normak

Intern
15 јануари 2008
4
0
Здраво!

Ви благодарам на големиот одзив на мојот прв оглас, али мене ми треба уште еден или двајца програмери, па еве уште еден оглас

Моето име и Игор Панчевски, и моментално живеам во Осло, Норвешка. Тука имам фирма за компјутери со продажен и сервисен дел. Најголем дел од моите клиенти се Фирми на кои мојата фирма им ги инсталира и одржува мрежите, серверите, компјутерите итн.

Една од фирмите/клиенти се занимава со ВЕБ дисајн и програмирање. Тие се заинтересирани да ја продлабочат соработката со мене така да јас ќе отворам фирма во Скопје што ќе работи исклучително за нивни клиенти (Microsoft-Norge, MSN, Fujitsu-Siemens, Apple i dr.).

Јас веќе имам обезбедено локали (кои се во моја сопственост) и еден програмер. Ми треба уште еден или двајца сениор програмери.

Вработувањето е на неопределено време, со здравствено и пензионерско осигурување со почетна плата од 400-500€ и месечни бонуси кои можат да достигнат вреднос колку една фиксна плата.

Сакам да оформам една група програмери кои имаат познавање во следното:

• Голем интерес за технологијата на Мајкрософт
• .NET 2.0 / 3.0 / 3.5
• Databasi (MSSQL) и store procedures
• Да се говори јазикот C# течно
• Web Services / SOAP / XML
• Ajax и Javascript
• Познавање на SOA и UML

Познавање на следните системе е голем плус:
- Sharepoint 2007 (MOSS)
- MSSQL Reporting Services
- Windows Server 2003/IIS 6 / IIS7
- Silverlight
- WPF / WCF / WSF
Microsoft sertifiseringer (MCAD / MCSD / MCTS) и исто така еден плус.

Сите заинтересирани нека испратат CV на [email protected]. Повеќе информации на www.normak.no (на норвешки јазик)

Интимноста на пдатоците кои ќе ги добијам е загарантирана.

Благодарам и голем поздрав од Осло
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,566
Мислења
823,496
Членови
28,073
Најнов член
Death Markk
На врв Дно