1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Работа После Економски Факултет

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од Стефан Кметовиќ, 23 Август 2019.

  1. Стефан Кметовиќ

    Стефан Кметовиќ
    Intern

    4
    2
    22 Август 2019
    Машко
    Здраво на сите,

    Моментално сум 4та година на економски факултет, смер Е-Бизнис.

    Ме интересира какви искуства имате? Работите по струка? Дали по завршувањето лесно се наоѓа работа?
     
    На Sherminator му/ѝ се допаѓа ова.
  2. wolverine

    wolverine
    On your way to fame

    779
    664
    27 Јуни 2012
    Ако си е-бизнис најверојатно ќе работиш со еcommerce платформи, веб маркетинг и сл. Има огласи по интернет, разгледај.
     
    На Sherminator му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Astro

    Astro
    Guru

    6,086
    8,389
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Дали имаш дополнителни познавања од Информатика?

    Ако те интересира можам да ти помогнам да се информираш и пробиеш во областа на ERP системи, тоа е многу често интердисциплинарна работа, работа со многу луѓе и фирми.
     
  4. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    947
    382
    17 Јуни 2008
    Со тој смер најчесто луѓето (би требало да) се вработуваат во меѓународни компании кои нудат услуги - најчесто софтвер, од аспект на продажба/поддршка/тестирање на продуктот.
    Во моментов ми текнува и на фирмата Leoron која нуди сертифицирани обуки на блискиот исток (каде што се парите, нели?). Покрај платата, има и процент од договорена продажба и ти со една зделка може да заработиш и 5.000+ долари.
    Тука ти е P World (Коста Петров), за организирање на настани низ целиот свет.
    Во банка главно би требало да си во поглед на електронско банкарство, но од лично искуство (работам во банка) со твојот смер работат секакви глупости, ама ова е нашата чудесна земја.
    Јас со таа струка би барал работа како што ти кажав, во софтверски компании или фирма која нуди услуги на меѓународно ниво.

    Што се однесува до Нина Ангеловска, струката на која има завршено нема никаква допирна точка со позицијата која ја добива сега, ни фискални политики, ни економии, ни ништо. Ми предавале двајца министри за финансии и еден заменик министер и нема никаква споредба меѓу нив.
    Да, Grouper е успешна приказна, но кога ќе споредиш со Groupon, не само што идејата е украдена, украден е цел сајт, од дизајн до лого и само е сменет називот. Не е тоа добар copy-paste, она е кражба и среќа што нашава земја е скроз небитна, инаку ќе си добиеше огромна казна, која немаше да можат да ја измират и наредните три генерации.
     
    На TheMarshal, borcep, Astraion и уште 7 други им се допаѓа ова.
  5. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    215
    172
    29 Март 2012
    Насоката е-бизнис е најлесната насока на економскиот факултет, ништо не учат. Таму се оди колку да имаш диплома од „високо“ образование.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  6. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Остај ги нека зборат за шалтери, ветер, магла, пробај пикни се во некоја солидна наша корпорација, институција или финансиско друштво, или па понатака ако планираш да магистрираш/докторираш и ако си успешен и стекнеш контакти може ќе ти се отворат врати во странство - Светска банка, ММФ и останати развојни/финансиски институции и немај гајле.

    Факултетот е едно и нема некое пресудно значење (а да не зборам пак за смер) за успех, солидна подлога се и додипломските/магистерските студии но како зачин од второстепено маргинално значење битни се контакти, искуства, пракси, сертификати. Долг процес, ама еден ден ќе опали среќата. ;)

    Божем ако се завршени на ФИНКИ/ФЕИТ па имаат некоја поголема предност. Нема врска. Примарно од дипломираните од техничките факултети (а и од останатите факултети) е битно да знае да креира нешто, ако не, џабе и оценки и диплома (а и креирањето на некој продукт/услуга е суштината во бизнисот и работата, кратко речено-претприемништво). Познавам луѓе кои се завршени на технички факултети а се реализирани во финансиската сфера и спијат на пари. :)
     
    На Sherminator му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Многу убав смер е барем според мене е-бизнис на економски, заедно со менаџмент смерот баш те спрема да бидеш свој претприемач. Точно полесен е од финансиски менаџмент, меѓутоа во нашата држава немаш многу перспектива ако си навлезен и добро запознаен со финансиски инструменти, производи и сл. Сигурно нема некој hedge фонд да менаџираш. :D

    Така да освен во банка и во државните институции наши, нема многу корист да имаш од такво знаење. Кај нас финансиски менаџмент те спрема да бидеш вработен некаде, е сега не знам која ти е целта.

    Лекар сум, не сум студирал на економски, така да информацииве за тежината на смеровите не ми се баш веродостојни. Но економијава ми е хоби и го имам цел курикулум од сите смерови рекреативно прочитано, да го разбереш саглам финансиското поле е многу тешка работа.

    Ако сакаш безбедна работа во државна институција со просечна Македонска плата, уште од сега те советувам зачлени се во некоја партија и трчај, нема ништо лошо или срамно во тоа. Само така се влага таму.

    За работа во банка јави се до сите и прашај за волонтирање, вежбај односи со луѓе и социјални вештини, нема подобра вештина која може човек да ја поседува.

    Ама најдобро ти е заштеди најмалку 5000 евра, поработи со work & travel и испробај се во свој е-бизнис.

    Нина Ангеловска ја хејтаат зошто и се љубоморни народов. Tочно е моделот за Grouper скроз го украла од Groupon, но и Steve Jobs и Bill Gates, Ray Croc итн. све биле крадци на идеи. Идеа е ништо, треба да ја спроведеш, а за тоа треба пот, труд и people skills.

    Истите тие што ги гледам на социјалниве мрежи што ја критикуваат Нина, повеќето нејзина генерација, се све неисполнети исфрустирани луѓе искрено. Додека они на 22 години мрчеле пиеле кафиња и се жалеле зошто државата не може да ги вработи за да не работат ништо, она сама формирала успешен бизнис, без разлика дали е деривативна или украдена идеата. Ја спровела и им заштедила купишта пари на нашиов цицијашки народ. :D

    Со среќа во потрагата и те посоветувам да развиеш вештини што те интересираат и што би ти помогнале на пазарот на трудот.

    Поздрав.
     
    Melisandre, Ceco, Sherminator и на уште 1 им се допаѓа ова.
  8. koki

    koki
    Gaining Experience

    250
    133
    3 Март 2010
    Јас го имам завршено тој смер на економски. По завршувањето работев за една наша фирма (не би и спомнувал име), а по неколку години се преселив во Чешка и работев во неа како Q&A. Сеа сеуште работам за таа фирма но се вратив во Скопје.
     
    Последна промена: 25 Август 2019
    StOrMK, bxxxn и на Sherminator им се допаѓа ова.
  9. Sherminator

    Sherminator
    Intern

    20
    8
    3 Јули 2018
    Машко
    Искрено мислам дека е еден од подобрите смерови на Економски и пошироко. Нормално дека е само една основа или одскочна даска после која успехот ке зависи од многу фактори како амбиции, интелигенција, доусовршување на знаењето и вештините, среќа, врски ...
     
    На StOrMK му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...