1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Работа После Економски Факултет [Офтопик мислења]

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од ekonomist, 23 Август 2019.

  1. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    173
    207
    3 Јануари 2019
    Машко
    Го КУПИЛ. Нема ништо лошо во тоа да купиш и да препордадеш нешто. Ама има лошо во тоа да копираш.

    Инаку, да во право си. Има доста труд вложено да го издигне тој бизнис. Али ако сме реални, повеќе од пола од ситниците што се продаваат на Групер, се од нивна spin-off фирма. Бидејќи победиле на натпревар за претприемништво, веќе од таму одма имале конекции да пецнат по некој клиент.

    Абе, и Жаре еден на еден го има истото, па пак е чиста превара. Поентата ми е, во Северистан има многу подобри и поиновативни претприемачи што никој не ги знае. А за дига фама околу неколку copycats.

    Мислам дека имаш cursh на Нина, па веќе нема да ја коментирам. ;)
     
    На Multipass и Zippo им се допаѓа ова.
  2. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Gates купил копија на CP/M. Нина купила копија на веб страната на Groupon. Tomatoes tomatos.

    Знаат бе да се рекламираат дечките, и тоа е вештина што не треба да се потценува.

    Што да правам кога слаба тачка ми се моќни женски. <3

    Како и да е фино си помуабетивме, вака се тера цивилизирана дискусија за различни ставови и мислења.

    Поздрав. :)

    P. S. - Искрено се зачудив, а и ми олесна што не се појави типот со сликичка од Yoda. Обично сака во секоја манџа да се меша, невозможно е со него да се тера спротиставена дискусија. Досега неам запознаено некој како него со таков талент да ти иде на нерви. :D

    Кој му беше никот. :D
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,070
    3,390
    7 ноември 2014
    Машко
    @Multipass ова е единствениот одговор на твоето прашање. Инаку, ако идеме со твоите аналогии, Жаре 1на1 исто има успешен бизнис, успешна емисија, плус е Forber 30 under 30 - следен министер за образование? Бидејќи човекот се залага да промовира македонски јазик на телевизија (збори македонски), мислам дека исполнува услови?

    П.с. Не значи дека моето лично мислење е дека Груевски на времето бил добар избор за министер или пак дека ако неговото лошо назначување довело до добри резултати ја оправдува кандидатурата на Нина.

    П.п.с. Пред да почнат да се објавуваат сите информации за Нина, најискрено мислев дека Групер е под некоја лиценца на Групон. Такво блатантно копирање на сајт (сеуште) малку ја раздрма почитта која ја имав кон неа...
     
    На Multipass и Zippo им се допаѓа ова.
  4. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Како што објаснив во претходниот пост, политичка функција е министер не е професионална и никакви квалификации не се бараат, не е како во државна администрација каде што се потребни минимум 240 или 300 кредити образование плус работно искуство за највисоките функции. Такви луѓе со професионални вештини и квалификации работат во кабинетите на министрите, они мораат да ја знаат работата во детали.

    Министерот е менаџер, потпишува и ја спроведува генералната визија на партијата и според одредени политички филозофии и подобро е да не е експерт во работата, баш за да не ја злоупотребува. Министрите и пратениците се избраници, репрезенти на народот.

    Целата поента ми беше и мој личен став, дека за функција министер нема некоја разлика дали си соодветно квалификуван или не, сме имале и од двата вида кои подеднакво давале и не давале резултати. Само времето може да ја покаже нивната работа.

    Јас од секогаш знаев дека е чиста копија, но да што е најинтересно многу луѓе го мислеа ова истото дека е некоја франшиза. Тоа што не била приморана да го смени изгледот и логото е доказ дека никој не знае каде сме на мапата во светот. :D

    Иако Groupon во споредба со останати слични стартапи во САД е сметан како неуспех. Имаше ужасно лош старт на берзата, го сменија од позицијата на CEO основачот и секоја година бележат загуба во приход, може затоа не обрнале внимание на Grouper. Некој кај нас да направеше успешна блатантна копија на Amazon верувам и те како брзо ќе реагираа од таму со cease and desist.

    Поздрав.
     
  5. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,070
    3,390
    7 ноември 2014
    Машко
    Во нејзиното обраќање вели дека е целосно неполитички, што значи дека нема спроведување на генерална визија на партија и политички филозофии.

    Да не е експерт во работата за да не ја злоупотребува, ова искрено првпат го слушам и нема никаква логика. Сакаш да кажеш Нина не треба да знае што е фискална политика, туку да ја спроведува како што ќе и кажат за да не ја злоупотреби позицијата? Тогаш знаеш дека некој друг злоупотребува, така?

    Од ниедна страна овој потег нема логика, а министер по дифолт треба да биде одбран човек кој е експерт во секторот - барем да има образование во областа ако ништо друго.
     
    Zippo, TheMarshal и на Маша им се допаѓа ова.
  6. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Па ете и прва недоследност. Назначена е како потпретседател на СДСМ, како тука нема политичко влијание. Готово политичар е она веќе, нема враќање назад.

    Ама има бе другар како нема образование во областа, доктор е на економски науки. :) Разликата помеѓу е-бизнис и финансиски менаџмент како департмани на економски се 10-тина/12 предмети. Па зарем ако одвоила време да стане PhD мислиш не земала во свое време да чита книги во областа на финансиите.

    Тоа се две спротиставени школи во политичките науки, технократи vs. политичари за највисоките државни функции. Исто како што има и во економијата спротиставени школи Keynesians vs. Smiths vs. Marxists и слично.

    Пример во САД на почетокот од минатиот век се верувало дека федералната држава треба да има hands off пристап кон пазарот, дека економијата природно има периоди на просперитет и рецесии и дека пазарот е самиот на себе најдобар коректор. После големата депресија во САД пазарот закрепнал и се корегирал, но потребно било доста време за тоа да се случи.

    Во 2008 година за време на кредитната криза во САД баш била применета филозофијата на Keynes за поголемо мешање на владата во пазарот. Влезе федералната држава во investment банките и осигурителната компанија AIG кои беа пред колапс и им даде огромен bailout и спречија уште една депресија.

    Да дозволеа да пропаднат и природно да се опорави пазарот можеби (дискутабилно) ќе беше потребен поголем период и голем број на луѓе во цел свет ќе го осетеа ефектот. Е сега од друга страна (различна филозофија) вели дека преку bailout само се негува лошото и ризично однесување на големите банки во САД и дека прашање на брзо време е кога пак ќе биде наредната криза.

    Ме разбираш што сакам да кажам, мислам дека си економист и затоа ја употребив оваа споредба за да ти доловам дека ниту една филозофија на размислување (политичка, економска, итн.) не се знае дали е правилна, само времето го одлучува тоа и споредбата помеѓу слични/исти настани.

    Исто како што се покажа дека Марксистичката филозофија е погрешна преку пропаѓањето на сите системи кои користеа командна економија. Има уште следбеници на истата, меѓутоа подобар пример од пропаѓањето и сиромаштијата на скоро сите држави кои ја користеа оваа филозофија е најдобар доказ.

    Така да дајте и една година и да видиме какви ќе и бидат резултатите.

    Поздрав.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    173
    207
    3 Јануари 2019
    Машко
    Како вика будалана Жижек - "Ideology is for stupid people". Шала на страна, според мене Смит е најрелен. Но, капитализам не може да фунционира без мешање на државата, бидејќи ако државата не се меша капиталистите ќе можат да прават што сакаат. Во принцип идеално општествено урдедување за мултинационалните корпорации е анархо-капитализам. Можат што сакаат да си прават.


    Па, Социјализмот во Југослваија (или поточно Социјалистичка-Пазарна економија) не бил толку лош. Овдека системот се распаднал поради национализмот. Али, тој тип на затворен социјализам како во USSR е ср*ње.

    Кога го читав Маркс, ти е исто како да читаш поезија со скриено значење. Во принцип, Маркс користи висок стил, епитиети и триста глупости, наместо да влезе во сржта на проблемот. Од друга страна, Смит е концизен и кратко и јасно навлага во проблемите.

    Маркс е да се лажат оние artsy-liberal-type-of-people. Од друга страна, Енглес е 100000 пати боље теоретичар (бар спрема мене).

    А за Кејнс, сеуште немам почнато да го читам. Ради работа и остали ствари сум немал време да почнам.
     
    Последна промена: 26 Август 2019
    На Multipass му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,070
    3,390
    7 ноември 2014
    Машко
    Јас сум економист (мислам дека ти не си, и покрај интересот на темава) со огромно искуство и друштво на практичари и теоретичари. Според мене, за вакви функции треба теоретичар, некој што ги знае сите овие како Кејнс, Маркс итн. Нина е практичар, а има огромна разлика од е-бизнис докторант до докторант по финансиски науки.

    Хинт - првата е тоа што воопшто не си економист во вистинска смисла...Е-бизнис менаџмент докторантите се под Организациски науки и менаџмент на Фрескатиева скала, за разлика од Економските науки на другите смерови. 10 предмети/книги изгледаат како малку, но потоа искуството и насоката во животот го дава своето.

    Јас не би експериментирал на полево, државата треба да ја водат способни луѓе на секоја позиција. Економист е многу широк чадор и под него спаѓаат најразлични професии кои се толку далечни една од друга - на пример маркетинг менаџер и сметководител. Ти ги разбирам поентите, но не се сложувам со нив.
     
    Маша, Zippo, Multipass и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Да, во реалност сите економски политики што ги применуваат државите се мешани системи и таквите се во суштина најправилни. И јас истото мислење го делам со тебе.

    Ја имам прочитано Das Capital првиот том пред неколку години, само главоболка и конфузија ми предизвика. Баш on point си за стилот на пишување, повеќе како белетристика е пишуван него како научно дело. Но сеедно вреди еднаш да се помине, чисто зошто во тој период имал несекојдневни идеи каде што интерпретацијата на истите предизвикала ненормални промени во глобалното општество. Замисли си колку различна би била историјата без Karl Marx. :D

    :D

    И за ова се согласувам, штета што се распаднала федерацијата. Потребно беше само да се смени економскиот систем, дури и да останеше социјалистичкиот еднопартиски систем, многу подобро ќе се живееше на овие простори и Југославија ќе останеше доста моќна федерација.

    Тоа ме потсети на една критика на сегашниот демократски систем што владее во САД, каде што дозволија reality show тв ѕвезда да стане претседател. :D

    Направија споредба со нивниот демократски систем со еднопартискиот во Кина и Xi Jinping којшто велат е избран за генерален секретар на комунистичката партија на Кина на многу поголем меритократски начин него Trump. Jinping прошол низ огромен vetting и држел битни позиции пред тоа т.е. морал да се докаже.

    Не сум, имав и претходно напишано дека моето мислење не значи дека е веродостојно баш заради тоа. Меѓутоа секогаш ме интересирало како функционира светов и затоа економијава ми е доста интересна наука. Се разбира не ти го негирам тврдењето, дадов мој осврт и дека ништо многу чудно се нема случено со назначувањето.

    За ова се согласувам со тебе. Општа медицина имам завршено и јас не ги сметам на стоматолозите за прави доктори без разлика што имаат таква титула. :D

    Се разбира ditto.

    Како и да мило ми беше што си продискутиравме со вас двајцата. Нека видат останатите на форумов како се води културна дискусија со почит и без навреди. :)

    Бидете ми поздравени.
     
    На TheMarshal и TylerMkD им се допаѓа ова.
  10. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    215
    172
    29 Март 2012
    Ваква глупост одамна немам прочитано.

    НЕ. Народот ги избира пратениците, пратениците ги избират министрите.
     
  11. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    А и мора од време на време да се појави некој со ваков однос, во ред. :)

    Запознаен сум со концептот на индиректна демократија пријателе. Јас овде не кажав, ама апсолутно ништо различно од тоа ти што го кажа.

    Не знам зошто чувствуваш потреба од непријателски однос. Кога можеме најпријателски и коректно да дискутираме за спротиставени мислења.

    Поздрав. :)
     
    На Маша му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...