1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Работа После Економски Факултет [Офтопик мислења]

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од ekonomist, 23 Август 2019.

  1. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    947
    382
    17 Јуни 2008
    Па еве со твојава струка ќе имаме министер за финансии... ќе си направиш копија на Groupon, Ebay, Airbnb или нешто слично и за осум години те чека фотеља во белата зграда.

    Sent from my Mi A1 using Tapatalk
     
    На nikola_bb, omegaRED, mkiptv и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    743
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Најуспешен бизнис модел е групер, т.е. најуспешен copypaste.
     
  3. Mao

    Mao
    Gaining Experience

    911
    453
    5 Јуни 2007
    Машко
    На Ceco му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    743
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Не реков дека не е успешна, туку дека има најуспешен copy-paste. И да си copycat треба да те бива.
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,422
    12,579
    2 Август 2012
    Машко
    Јас сега да имам другар кој би се нафатил да ми биде помош би местел клими. Има да се напуниме ко бродови.
    Или водоинсталатер на повик.

    Господин човек!
     
    На TheMarshal, JensenInterceptor, gOJDO и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Голем мерак им е да решаваат неприменети математики на техничките факултети и да се измачуваат само за оценка и диплома. ;)
    Секоја чест за трудот за изучување на програмирањето, тоа е макотрпен и долг процес но сепак има апликативност во бизнисот.
    Што сум разговарал со луѓе кои што имаат завршено на машински и електро, по неколку децении работно искуство ми тврдат дека математиките што ги изучувале воопшто не им затребале низ работното искуство.

    На секој факултет треба учење, 10ки од ракав не се вадат. За 6ка можеби не е толку комплицирано, но за оценки од 8 нагоре треба континуирано учење и активности. Јас не верувам млад амбициозен човек кој би сакал да напредува професионално дека би се задоволил само со 6ка. Има и такви, но можеби тие (ќе) работат на пониски работни позиции или пак ќе бараат перспектива во странство.
     
    На Sherminator му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    172
    207
    3 Јануари 2019
    Машко
    До OP: Е-бизнис е одличен смер и имаш милиони опции што можеш да ги работиш со него. Би ти препорачал да бидеш активен и да учествуваш на натпревари, хакатони итн. Еве сега ќе има Rethink, па можеш да се пријавиш. Таман ќе е натпревар од твојата област.

    Види, прво никад, значи никад, ни би ја споредувал Нина од групер со Steve Jobs, Gates, Ray Croc. Нина ти е еден обичен copycat и ништо више. Да идеите се крадат, но поентата е ти да ја подобриш таа идеја и од истата да извадаиш подобрен концепт. Дали Grouper ја има подобрено идејата на Groupon и имплементирано нешто ново? Или е чиста копија?

    Патем, Jobs, Croc, Gates имале визија. Нина можеш да ја споредуваш само со некоја мутна кинеска компанија... што краде идеи, патенти итн.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    743
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Во превод место Адидас, Адибас.
     
    На TheMarshal и Sherminator им се допаѓа ова.
  9. Ivanhoe

    Ivanhoe
    Intern

    55
    30
    24 Јуни 2015
    Машко
    Вади бугарски и не се замарај :), шала на страна во банка никако, платите ги намалија ќе те корнат од работа, боље влези во ИТ сектор како што ти кажаа некои погоре, било што во ИТ сектор па после гледај што ти се допаѓа, зимај сертификати итн.
    Леорон е добра опција само врска нема со е-бизнис, типичен теле сејлс е со високи провизии, тешка работа е и тоа не е за секој, за почетно искуство топ ќе ти биде, да те избрусат, цел ден ќе бидеш на телефон мора таргети да испуниш.
    А во меѓувреме аплицирај за бг пасапорт брзо се вадат сега за година и пол и атакувај за надвор. На ниту еден млад човек не му препорачувам повеќе да си троши енергија и живот во фекалијава.

    П.С.
    Идејата ја нема украдено Нина туку некојси тип, Нина е управител која го разви после бизнисот, оперативец е, фирмата не е нејзина.
     
  10. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,062
    3,385
    7 ноември 2014
    Машко
    Да не збориме и трет бизнис со деловиве на форум - сето тоа благодарение на Електро факултет. Сигурен сум веруваш и дека имаш поголемо познавање за економија од 80% од економистите во МК и светот? :)
     
    Последна промена: 25 Август 2019
  11. Trtka

    Trtka
    Intern

    21
    24
    11 Април 2018
    Гетјс и Стиве биле лопови поголеми од Нина ( kako што самиот викаш едни обични copycat ) . Од друга страна пак , да успееш во ова вукојебавина е сосема друго нешто...
     
    На Multipass му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Jobs и Croc никогаш не станале министри за финансии во нивната држава. :D Споредбата ми беше дека го делат истиот ментален склоп за успешност и правење пари. Да не се лажеме никој не влегува во бизнис и политика за да го подобри светот, тука за самореализација и подобрување на сопствената финансиска состојба.

    Повеќе обрнав внимание на другата споредба со жителите на оваа држава кои се близу нејзина генерација, а упатуваат неосновани жестоки критики кон неа. Станува збор за чиста љубомора според мене. Сеедно и како copycat учествувала во развој на е-бизнис климата и им заштедила пари на граѓаните преку попустите, што може да се рече дека сторила и општествено добро.

    Во рамките на нашата држава може не го унапредила моделот, но вовела доверба во интернет купувањето и го олеснила патот на други интернет бизниси денес. Не можеш да кажеш дека не сторила ништо.

    Претседател е на асоцијацијата за е-трговија на Македонија, точно е и од ова прави пари но преку конференции лобира за зајакнување на овој неразвиен сектор, баш младите што се разбираат повеќе во интернет технологии и модерни претприемачки системи еден ден ќе видат бенефит од сево ова.

    И не разбирам, ништо не му чини на народов. Да одбраа некој анонимен партиски потрчко од СДСМ, многу помалце врева ќе се кренеше. Сакаат млади кадри на највисоките позиции во државата, ама се бунат кога ќе стават некого, од чиста љубомора зошто не се они на нејзина позиција. Во државата се мрзат успешни луѓе.

    Нина Ангеловска работела да дојде до оваа позиција и искрено заслужува, како министер ќе биде во можност да лобира за зајакнување и реформи на голем број сектори што се поврзани со унапредување на ИТ климата во Македонија.

    На крај краева ова е демократија, ако не ја бива ќе ја сменат, ако не ја сменат, ние ќе го смениме тој што мења. Чиста работа. :)

    Поздрав.
     
    Ceco, Fatal1ty_ и на Trtka им се допаѓа ова.
  13. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,062
    3,385
    7 ноември 2014
    Машко
    Одиш офтопик, ама те лајкаат админи така што веројатно е океј. Ајде накратко:

    1. Ништо не работела за да дојде до позиција Министер за ФИНАНСИИ
    2. Е-бизнис има само индиректна поврзаност со ИТ клима во Македонија
    3. ИТ климата во Македонија нема директна поврзаност со Министерство за ФИНАНСИИ
    4. Реформи на сектори најчесто не се под надзор на Министерство за ФИНАНСИИ

    За овие позиции треба теоретско и практично искуство во областа на микро и макро ниво. Нина има некое недефинирано искуство на микро ниво, водење на компанија со 10-20 вработени, преку бизнис модел кој не е нов и е проверен во САД. Искрено не знам зашто самата би се нафатила, но настрана нејзината причина и желба - доколку ја сметаме за кадарна неа, тогаш сите директори на компании што постојат повеќе од 5 години и имаат повеќе од 10 вработени се кадарни.

    Не ми е јасно како народов не мисли малку подлабоко, ако некој размислува и критикува во оваа држава, одма е „хејтер“. Според мене, Нина може да се инволвира како советник од бизнис секторот на министер за финансии, потоа да биде заменик министер, па дури потоа по стекнатото искуство и знаење да фигурира како министер. Тоа е природна прогресија на работите, но кај нас очигледно политиките се на едно друго ниво.
     
    Zippo, iTechnique и на TheMarshal им се допаѓа ова.
  14. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Виде и Мр. Бин дека од електрото нема пара па си се префрли во актерски сектор. Малку повеќе закасни пошто заврши и мастер, ама го фати последниот воз. Има и други слични примери. :)
     
  15. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Нема везе си правиме муабет, духот на дискусијата е тој вработување и успех.

    Како не работела. Ко-основач и управител е на успешна е-бизнис фирма и претседател на асоцијација за е-трговија во Македонија.

    Доволна е таа поврзаност. Зајакнување на е-бизнис во Македонија = повеќе вработени програмери, дизајнери, техничари, инжинери итн.

    Ова е точно, затоа кажав ќе лобира. Политиката е многу деликатна дисциплина, доволно е што е внатре во еден од најбитните кабинети во владата, ќе биде во можност доста да влијае врз подобрување на ИТ климата. Прво за да се унапреди нејзиниот постоечки бизнис и џеб, а колатерално со тоа ќе се отворат повеќе можности во ИТ бизнисот и индустријата.

    Исто како и погоре, влијание и лобирање.

    Да и видовме огромен напредок во БДП-то на државата на чело со професорот Тевдовски кој има два докторати и е универзитетски професор. Пробуваат нова стратегија, место теоретичар социјалист ставаат практичар капиталист. И Кочо Анѓушев да го ставеа на истата позиција ќе го поздравев изборот, иако е контроверзен лик.

    Не знам и самата зошто се нафатила, знаејќи колку се омразени нашите политичари кај нас, само си го ризикува имиџот. Но не е будала да не прифати, има можност да се испроба на целосно ново поле и да проба да реализира свои идеи на тоа какви фискални политики треба да завземаме како држава.

    Да и тоа е точно сите успешни директори на компании според мене се кадарни за позицијава. Но Нина е една од нашите. Менаџирала успешен ИТ базиран бизнис.

    Политиката не е натпревар на знаење туку е спој на многу интердисциплинарни вештини за да бидеш добар и успешен во неа.

    Никола Груевски на 28 години беше назначен на истата позиција исто без искуство, како дипломиран економист со потпросечен успех во второ-рангиран универзитет во државата. Настрана неговата корупција, како министер за финансии беше доста успешен и го воведе ДДВ-то и фискализацијата.

    Понатаму како премиер исто беше доста успешен првите неколку години, и во неговата корупција на државата беше успешен. Пак настрана што лично сметам дека Никола Груевски е многу лош човек, иако влегол како потпросечен и без искуство станал еден од најспособните политичари кои ги имала државата.

    На социјалните мрежи се случува чист хејт и љубомора. Ова ти што го напиша во постот е аргументирано размислување и соодветни заклучоци. Не морам јас да се согласам со нив, но го дадов мојот личен осврт во работите.

    Нина Ангеловска беше две години советник во кабинетот на премиерот за интернет трговија. Завршила како студент на генерација на економски и е доктор на науки и успешен претприемач. Нина си ја има завршено домашната.

    Поздрав.
     
  16. kebe

    kebe
    Gaining Experience

    215
    172
    29 Март 2012
    @Multipass темата не е за министерство за финансии, ниту за владата ниту за политика.
     
  17. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    172
    207
    3 Јануари 2019
    Машко
    Како и да е, дали АМДИ е министер за финансии или пак е Нина, истото ќе се дешава. Само едната е попретставителна.

    Не се согласувам, Џобс и Гејтс "позајмувале" идеи. ОК, и да ги краделе тие идеи, они успеале масовно да ги маркетираат тие производи. Додека, како што кажаа погоре, Нина има земено концепт, кој веќе е тестиран и функционира и само го локализирала за кај нас. Притоа, го има украдено логото, боите на брендингот, UI/UX дизајнот, маркетинг кампањите и се остало.

    Според мене, министретството за финансии нема везе со ИТ климата. Според таа аналогија, може Нина да ја ставиме и министер за земјоделие, зашто можеби ќе воведе IoT и AI решенија.

    Министер за финансии треба да е човек со искуство. Некој што ги има прочитано Адам Смит, Маркс, Кејнс. Ги разбира концептите како функционира економијата, монетраниот систем итн.

    Баш ради тоа сите знаеме дека и не треба повеќе да се прават вакви експирименти.
    Успешен IT Business нема везе со успешна држава. Менаџирање на една фирма со десетина вработени е многу полесно него водење на економијата на целата држава. Јас лично ти гарантирам, Нина нема да знае да ти одговори ниту едно прашање од монетрна и фискална позиција.

    ЛОЛ, ОК! Епа ајде по таа аналогија и мене да ме назначат за министер за земјоделие. Бидејќи се разбирам од IoT решенија за фарми, знам како се прска со дронови, а да и плус сум агроекономист. Нели идеален сум за позицијава? Иако, везе немам од аграрна политика, не се разбирам од техничкиот аспект ништо, ама битно имам револуционерни идеи. А да, плус сум млад.
     
    На Zippo и iTechnique им се допаѓа ова.
  18. iTechnique

    iTechnique
    Intern

    33
    13
    19 Јануари 2017
    Машко
    Што сте се распишале толку дали Нина има квалитет или не да биде на чело на министерството за финансии, Нина е ставена таму чисто формално заради лик пред јавноста а се знае дека конците ќе ги влече несудениот министер за финансии ЗЗ заедно со Кочо Анѓушев. Уште пред некој месец кога му кажаа од антикорупциска на ЗЗ дека не смее да биде премиер и министер за финансии во исто време, се знаеше дека ќе стават ваков некој лик кој само ќе ги спроведува нивните политики а за возврат ќе добие искуство/финансиска корист + билдање на цв дека била министер/ка.
     
    На Multipass му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    Е ете на ова мислев како за хејт од социјалните мрежи, аргументот е сексистички. А и расистички према Ромската етничка заедница. (j/k)

    QDOS кој Gates го купил за 50.000 долари бил чиста копија во UI на CP/M на Gary Kildall. Кој претходно ги излажал на IBM дека Microsoft има веќе изработено оперативен систем. Приметуваш тука што е финтата, снаодливост и човечки вештини/врски. И Kildall и креаторот на QDOS останале релативно со празни раце, само зошто овој направил подобар deal од нив.

    Нина го има направено истото. Ти мислиш така е тоа само идеа укради и готово завршена работа. Па треба ти да имаш понуди на таа страна, што мислиш волонтирале самите да бидат на Grouper. Тука е целиот труд и знаење, седнала со луѓето ги убедила во луда идеа во којашто нема пазар во Македонија, потоа одлична е во промоција и на себеси и на сервисот. Не ги потценувај вештините на еден претприемач.

    Па се разбира може, никакви претходни квалификации не се бараат од еден министер. Позицијата е политичка не е професионална и без образование можат да те назначат.

    Е а што мислиш она ги немала читано Smith, Marx и Keynes. Забораваш дека пред се е доктор на економски науки. Па ја тотално друга професија имам па ги имам читано (е сеа колку ги имам разбрано). И да имаше финансиски менаџмент завршено како департман пак ќе и наоѓаа маани. Пак ќе се повторам анонимен потрчко од СДСМ да ставеа никаква врева немаше да се дигне. Тука не станува збор за квалификациите на Нина, туку чиста љубомора. Ако не ја бива ќе ја сменат.

    Амин за тоа. Поента сакав само да покажам.

    Економијата на една држава е толку комплицирана материја, што врз нејзе влијаат триста фактори и променливи. Не може само еден човек/министер позитивно да влијае врз нејзино подобрување. Пак се сведува на лично мислење и политичко убедување, јас сметам дека Нина е доволно квалифицирана, се разбира ќе ја видиме на пратенички прашања. Плус едвај чекам анкетниот лист од антикорупциска да и го прочитам, да видам колкав и е net-worth. :)

    Па се разбира бе другар, ако си се изборил да те назначат на позицијата се разбира дека вредиш. Те назначил премиерот на кој му е дадена мнозинска доверба од парламентот кој е избран од народот да формира влада. Не сфаќаш цел кабинет имаш под тебе кој детално е запознаен со работата, ти си таму назначен политички за да ја спроведуваш твојата визија и програмата и желбите на твојата партија.

    Технократски влади се повеќе склони кон злоупотреба баш зошто премногу ги разбираат работите. Министер е избран спроводител на желбите на народот.

    Си праиме муабет само бе. :) Инаку се согласувам и со тебе, најконцизен пост на темава. :D

    Што сакам со сево ова да кажам, Нина ги има сите потребни квалификации и способности за да биде успешен политичар, сега дали тоа ќе го примени за доброто на државата или за свои сопствени интереси е друга работа.

    Поздрав.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    743
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Баш одлична рефенца во животот е министер за финансии во Македонија.
     
  21. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    743
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Никој не и љубомори, туку само едноставно кога највисокиот успех и е комплетно копирање на еден сајт (од дизајн, концепт до бизнис модел), ништо неможе да се очекува од неа како управувач на нашите пари. И да подобро Амди да го стават на таа позиција, бар не треба да учи колку му тежи потписот.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Multipass

    Multipass
    Gaining Experience

    159
    287
    1 ноември 2015
    Машко
    И студент на генерација, и млад доктор на економски науки и Forbes 30 under 30. Да воопшто не е успешна и никој не и љубомори. :D
     
  23. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    743
    671
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Неверојатен успех во оваа наша вукојебина. Сите ние љубомориме дека не ни текна да го ископираме групон пред неа. Од доктор на науки не се очекува да ископира од а до ш.
     
  24. StOrMK

    StOrMK
    Gaining Experience

    702
    377
    25 Јули 2015
    Машко
    Икономист
    Добро е што не отишла у канта темава... Добро почна, ама скршна од патот.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    130
    232
    24 Април 2007
    Женско
    Вие некако не правите разлика меѓу управување со државна каса и имање одговорност за животите на 2М народ, и лобирање за ИТ сектор...
     
    На StOrMK и Zippo им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...