Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

"Qwerty 2.0"

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.175
1.972
Скопје
Бидејќи се промени скоро се од таа конфигурација (темата), мислам дека можам да отворам нова тема.
Вчера од Кукуш (испратени од Солун, VisionStudio) земани и кулерите, куќиштето, контролерот за кулерите, како и extension kit од CableMod, со што од старата конфигурација останаа само звучниците и напојувањето.
План ми е да го сменам со FSP Hydro Ti Pro 1000W, но тоа на есен.

На одење натаму - драми.
Бев во Дојран во 09:45, но поради некоја триатлонска трка, патот помеѓу Нов и Стар Дојран беше затворен до 11 часот и имаше долга колона од возила. Не ми се чекаше на жешкото и решив да се вратам преку Гевгелија.
Некаде пред Принцес имаше колона на која се приклучив околу 10:30. Двете граници ги поминав во 13:00 (14:00 по грчко, брзата пошта работи до 15ч, а има пола час од Евзони до Кукуш).
Не можам да опишам каков хаос беше тоа, 10 колони пред грчка граница се спојуваа во 5.
Некако поминавме и во 14:35 по грчко бев во Кукуш. Ваков стрес одамна не сум јадел. Не затоа што имаше гужва, затоа што ако не стасав на време - ќе беше џабе целото чекање.

Во Кукуш платив 20 евра за испораката и си ја подигнав пратката. Се беше спакувано супер, внатре имаше 4 фактури (по 2 копии за мене и 2 за грчка царина). Им предочив на VisionStudio да ми ја поделат нарачката на две фактури уште на старт (на мое име и на име на девојката).

23cPs8v.jpeg


TJEre1g.jpeg


Ѕверот:

3L2ITLj.jpeg


8HIUMYB.jpeg


TAXIzUf.jpeg


90mQCNc.jpeg


E3QKMTa.jpeg


Споредба со старото куќиште

NuylAds.jpeg


W9ukYF6.jpeg


Почеток на трансплантацијата

AcBL302.jpeg


Oвде морам да споменам една забелешка. Кога го ставав стариот кулер на новиот процесор, ставив паста во облик на топче.
Сега кога го вадев, беше вака, перфектно:

fYRV2VC.jpeg


8S6tjeI.jpeg


Монтирање на новите кулери:

W5fPzqu.jpeg


Нешто од cable management. Преморен бев, ама и вака е ОК како за позади.

sK8zWhd.jpeg


zs6CrlV.jpeg


tEBdWlu.jpeg

Мислењето е автоматски споено:

Kулерите:

DU0KNZn.jpeg


Y2cGToo.jpeg


Контролерот за кулерите:

hntLOSs.jpeg


u265z0t.jpeg


Продолжните кабли:

rldUsf5.jpeg


yFtKtIA.jpeg


Некако склопено:

5NuAakH.jpeg


Прво бутирање:

AidO8Ej.jpeg


Финален изглед (тргната е металната рамка помеѓу двете стакла):

vFbUXuV.jpeg


T5ESooe.jpeg


RVDiyLz.jpeg


----------------------------------------------------------------------------------------------------

Имав малку додека ги средам сите вентилатори и AIO-то со соодветните софтвери + преку BIOS-от.

Ова AIO има два вида на кабли: 3 во едно (контрола на пумпата, вентилаторите и VRM вентилаторот) или 3 посебни.
Јас се одлучив на втората опција за да имам многу поголема поединечна контрола.

Се појави некој звук на одреден RPM што прво мислев дека е од пумпата и се изнервирав, но излезе дека е од Lian Li вентилаторите кои следеле некоја нивна крива во согласност со отчитувањето на температурата на процесорот, па се појачувале доволно за да ми смета.
Им ставив фиксни вредности, нека си бркаат работа.

Контролерот за вентилаторите има внатрешен USB со кој контролираш PWM и RGB, ама има и посебен кабел кој оди во ARGB и Sys_fan порта на матичната, ако сакаш да ги контролираш преку матичната. Јас го поврзав на двата начина.

Доста сум задоволен од сработеното, иако утепав доста часови.

Финалната конфигурација изгледа вака (подредени се по „старост"):

 
Последна промена:

petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.613
1.751
Браво за ентузијазмо.
И плус башка за трпението шо го имаш низ годиниве наназад, да го запишиш и испрезентираш стореното.
Алал да ти е, аирлија гејмајме :)
 

thrw

On your way to fame
3 декември 2021
632
504
Како излегува вкупна цена ако се земе грчкото ДДВ за куќиштето, вентилаторите и контролната кутија за нив?
После треба да си ги побараш парите од ГТЦ така?
 

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.175
1.972
Скопје
Како излегува вкупна цена ако се земе грчкото ДДВ за куќиштето, вентилаторите и контролната кутија за нив?
После треба да си ги побараш парите од ГТЦ така?

Нарачката ми беше 554 евра, ќе ми вратат 107.

Ќе ги вратат преку банка бидејќи нарачката ја платив со картичка.
Вчера им испратив слика од фактурите, со печатот од граница. Рекоа ќе ми кажат ако треба да им ги испратам по пошта.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: thrw

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.175
1.972
Скопје
Мало, но мислам ефективно средување.
GPU каблите беа доста виснати, плус покриваа 1/3 од графичката.

o6n8GCx.jpeg


WdddZxL.jpeg


Засега сум презадоволен.

Процесорот при нормално користење спие на 40-45C.

1aoBlT9.png


Имам направено undervolt.

4ukSNsA.jpeg


При играње се држи 60-65C, и тоа со доста лабави подесувања за пумпата и вентилаторите.
CPU_FAN е пумпата, SYS_FAN1 се вентилаторите.

dxh3QZC.jpeg


UYapm0K.jpeg


Графичката при нормално користење е со исклучен вентилатор, се држи на 40-45C, исто со доста лабава крива.
Исто како и процесорот, имам направено undervolt.

uMfTyLs.png


При играње, се качува до 75-80C, што ми е сосема ОК.

Кулерите во куќиштето ми сметаат кога варираат со температурата на процесорот или графичката, па ги наместив фиксно.
При играње ги местам 800-1000 RPM и си тераат.

Cr7RcRU.png
 

Joco Ilievski

Gaining Experience
24 август 2011
490
465
Тетово, Јегуновце
Joco Ilievski's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700x / Wraith Prism
Motherboard
Aorus B450 Pro
Storage
Samsung EVO 850 250GB / WD500GB HDD
PSU
Sharkoon SilentStorm Icewind Black 80 Bronze Plus 750W
RAM
Kingston 2x16GB @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 7700 XT Pure 12GB
Case
SAMA Inpower Black Gold 5 v2
Mouse
Benq Zowie EC1-A
Keyboard
Sharkoon Skiller Pro+
Monitor
Dell U2414H
OS
Windows 10 Pro
Уште бела графичка и топ. ;)
Мене прошлата кога ми истече гаранцијата ја отворив, и сменив паста и ја фарбав бела :LOL:
 

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.175
1.972
Скопје
Нешто ме стегна главата да порачам продолжни кабли (бели) за едниот ARGB кабел, за едниот PWM 4-Pin и за едниот USB слот:

7RFdhV9.jpeg


Прво се мислев да порачам од CableMod, имаат продолжни кабли за USB-то и за 4-Pin PWM-то (заедно со еден PCI-E 8 пински), ама се откажав.
Најдов слични на АлиЕкспрес:

ARGB продолжен кабел (еден влез, еден излез) (линк)

nbEbyNx.png


4-Pin PWM (eден влез, еден излез) (линк)

OB4EI3e.png


USB 2.0 внатрешен слот (еден влез, 2 излеза. Не успеав никаде да најдам 1-1) (линк)

S4323c034b22f4e93aa269f26e3932c521.jpg


Сите заедно ме фатија 5.5$ (со достава).
 

Psycore

Practice makes perfect
12 ноември 2013
1.008
1.344
Скопје
Денес вратен (нема ни две недели) од VisionStudio данокот на мојата сметка.
24% од сумата што ја платив онлајн.
+1 за VisionStudio. Близок пријател исто врати целосен 24% данок пред извесно време, без никакви компликации.
 

Joco Ilievski

Gaining Experience
24 август 2011
490
465
Тетово, Јегуновце
Joco Ilievski's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 2700x / Wraith Prism
Motherboard
Aorus B450 Pro
Storage
Samsung EVO 850 250GB / WD500GB HDD
PSU
Sharkoon SilentStorm Icewind Black 80 Bronze Plus 750W
RAM
Kingston 2x16GB @ 3200Mhz
Video card
Sapphire RX 7700 XT Pure 12GB
Case
SAMA Inpower Black Gold 5 v2
Mouse
Benq Zowie EC1-A
Keyboard
Sharkoon Skiller Pro+
Monitor
Dell U2414H
OS
Windows 10 Pro

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.302
Мислења
978.078
Членови
35.585
Најнов член
Megi
На врв Дно