1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Python или Ruby

Дискусија во форумот 'Perl // Ruby // Python' започната од dimitars, 14 Март 2011.

  1. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,670
    330
    8 Мај 2007
    Не можам да се одлучам кој од овие 2 јазици да почнам да го изучувам. Имам искуство во C++/Java/Php/Js и слично но сега ме заинтерсираја овие јазици. Кој е поинтересен и попрактичен. Сакам да ги учам зза генерална употреба а потоа ќе преминам и на web употреба (Со Django или Rails).
     
  2. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,238
    514
    3 Април 2008
    За web можеш било кој од двата да го користиш.
    Од локалните заедници, тука се негде на исто ниво.

    http://groups.google.com/group/mk-ruby-users-group
    http://groups.google.com/group/python-mk

    Python е нешто повозрасен јазик, има повеќе имплементации, и се користи за поширок дијапазон апликации.

    Ruby се прослави со RubyOnRails и во тој момент го водеше Python во однос на подршката за пишување web апликации. Меѓутоа денес веќе нема никаква разлика. И за Ruby и за Python има повеќе солидни web frameworks.

    Мој личен предлог би бил Python и ако сакаш web апликации можеш и со Flask да почнеш, поедноставен е.
     
  3. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,670
    330
    8 Мај 2007
    на net.tutsplus.com најдов некои туторијали за почетници за Ruby, а бидејќи преферира видео преку книги ќе почнам со тоа. До сега што видов ме воодушеви, а тоа се само почетоците. Ќе ѕирнам во меѓувреме и Python можеби ќе се предомислам ама сепак најверојатно ќе се задржам некое време на Ruby.
     
  4. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,238
    514
    3 Април 2008
    (да ruby се познати по нивните видео презентации - не ми се омилени мене, но…)

    туку, потруди се да ги правиш вежбите што ги гледаш, а не само да гледаш пасивно.
    куцај го кодот, а не го копирај од сајт мозокот почнува поинаку да размислува кога куцаш код (една причина зашто алаткине за генерирање код се срање) :)
     
  5. Petkovsky

    Petkovsky
    Intern

    323
    31
    7 Декември 2009
    Моја препорака е пајтон. Убав, модерен и моќен јазик.
     
  6. discodancer

    discodancer
    Intern

    66
    13
    12 Јануари 2009
    Со оглед на твојата позадина пајтон полесно ке го научиш. Руби е малце почуден јазик. Мој совет е да напрвиш апликација во двата јазици. И да учиш Јаваскрипт со Node.js ... тоа е следната работа. :D
     
    1 person likes this.
  7. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,670
    330
    8 Мај 2007
    1 <3 Ruby.
    Што повеќе се запознавам со јазиков тоа повеќе го обожавам. Има прекрасна синтакса и е многу моќен. Лесно го сваќам, не знам дали дека веќе ги имам добро сватено ОО концептите, ама лесно ми доаѓа. Читам книга и едвај чекам да ја дочитам и да почнам со некое проектче.
    Идеи?
     
  8. gdamjan

    gdamjan
    On your way to fame

    2,238
    514
    3 Април 2008
    еве една задачка.

    дадена ти е текст датотека со линкови (url-а) до слики, по еден линк во линија.
    треба да:
    1) ги симнеш сликите во фолдер, нека биде images
    2) да направиш thumbnails во друг фолдер, images/thumbs
     
    1 person likes this.
  9. Elektrikz

    Elektrikz
    Intern

    473
    12
    21 Септември 2008
    Машко
    WebDev
    Rails e СТРАШНО моќен web framework за Ruby. Немам некое големо искуство со него, имам направено некои ситни веб страни (чисто да го испробам) и многу ми се допадна, така да ти го препорачувам. Единствен проблем е тоа што има малку поголем "learning-curve" од другите web-fw кои што ги има за Ruby (како на пример Sinatra).

    А за Ruby како јазик, да, малку е чуден (барем мене ми беше,најверојатно затоа што барем јас сум навикнат на C++/Java-like синтакса) но сепак е интересен,лесен и забавен за работа.
     
    1 person likes this.
  10. dimitars

    dimitars
    Gaining Experience

    1,670
    330
    8 Мај 2007
    Код:
    #!/usr/bin/ruby
    
    require 'open-uri'
    imgs = "images"
    thumbs = "images/thumbs"
    Dir.mkdir(imgs) unless Dir.exist?(imgs)
    Dir.mkdir(thumbs) unless Dir.exist?(thumbs)
    
    urls = File.open("text.txt", "r").readlines()
    Dir.chdir("images")
    puts Dir.pwd
    urls.each do |url|
      open(url.split("/").last().chomp, 'wb') do |file|
        puts url.split("/").last().chomp
        file << open(url).read
      end
    end
    
    Без правење на thumbnails, тоа ќе го доправам понатака :D
     
    1 person likes this.
  11. NIKIHACK

    NIKIHACK
    Intern

    438
    27
    10 Февруари 2008
    Машко
    Информатичар со стил :)
    Ruby е мојта препорака за тебе, т.е боље е да го учиш тоа што е ново, а не тоа што сите веќе го учат, бидејки кога ке го совладаш поновото постарото веќе пола ке го имаш совладано и благодарение на моќта на гогле ке можеш да го досовладаш, а тоа што го знаеш Ruby ке ти биде еден голем плус во ЦВто и во кариерата
    позз
     

Сподели

Вчитување...