Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

PTM7950 термални падови (замена за термална паста)

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
Здраво на сите, нешто се расчепкав и сакав да пробам со Honeywell PTM7950 на графичката наместо термалнава паста. Не дека е лошо откако ја променив, чисто онака да пробам бидејќи гледам дека е доста, доста фалено.

https://www.reddit.com/r/nvidia/comments/1cfyhfq View: https://www.reddit.com/r/nvidia/comments/1cfyhfq/ptm7950_is_excellent_when_it_comes_down_to_pump/#lightbox
https://www.reddit.com/r/SteamDeck/comments/1546faa View: https://www.reddit.com/r/SteamDeck/comments/1546faa/was_going_to_get_the_honeywell_ptm7950_but_going/
https://www.reddit.com/r/Amd/comments/16dnsdd View: https://www.reddit.com/r/Amd/comments/16dnsdd/anyone_ever_use_ptm7950/

На АлиЕкспрес има повеќе продавачи:

Во Македонија не успеав да најдам било што PTM7950...
 
orce97

Gaining Experience
19 декември 2022
373
369
www.youtube.com
Drugar, ako nemas problemi so temperaturi nemoj da eksperimentiras toa ti e moj sovet vidi prebaraj koj se normalni temperaturi za tvoja graficka ako ti e tuka negde ne cepkaj ti go kazuvam ova od iskustvo.. ps.. ako veke zimas padovi odi so padovi od arctic mislam deka ima vo neksio
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
Не се ова падови за VRM или меморија, ова е специјализиран термален пад за GPU/CPU чип (најчесто за GPU или лаптопи заради тоа што немаат IHS).
Како што пишав - се користи наместо паста.
И она што е најинтересно - перформансите се ПОДОБРУВААТ после извесен период заради својството на падот (се претвора во течност и обратно), а и нема „испумпување“ на паста.

Тие во Нексио немаат врска со ова што го пишувам, тие ги имам и сега ставено за VRM и меморијата.

Нешто слично (па и исто) имаат и Thermalright:

И зошто да не експериментирам? Хах. Ниту гаранција имам, ниту ништо на графичкава.
Не се прескапи падовиве на АлиЕкспрес.
Ја отворив еднаш графичката и сменив тоа што требаше, можам уште еднаш. Не пие вода, не троши храна...

Повеќе инфо, да се принаучиш :)

Се користи и од фабрика (Nvidia ги користи за 4090 FE).
 
Последна промена:

Moja greska ne razbrav mislev za VRM padovi, ako mislis deka ke ti napravat nekoja promena probaj :)
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.504
12.933
Како концепт мене многу повеќе ми се допаѓа отколку паста. Практично многу од кулерите кои имаат фабрички нанесена паста изгледаат како да имаат ваков тип / лента. А ете до сега не сум се запрашал како ја јанесуваат. Мислев дека е машински тоа.

Ако баш овој бренд и нивното решение се до толку подобри, тогаш и јас би ставил. Ионака имам процесор и графичка на кои сакам да сменам паста. Па би нарачал.

Единственото прашање кое го имам е дали си се осигурал дека кинеските продавачи продаваат оригинален производ.
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
Единственото прашање кое го имам е дали си се осигурал дека кинеските продавачи продаваат оригинален производ.

Е ова прашање и јас го гуглав овие денови на Редит.

https://www.reddit.com/r/pcmasterrace/comments/1bz3gn0 View: https://www.reddit.com/r/pcmasterrace/comments/1bz3gn0/aliexpress_ptm7950_test/

"Passionate girl store" на Али.
Тест за истиве:

gRvpyas.png

https://www.reddit.com/r/SteamDeck/comments/16sr2cn View: https://www.reddit.com/r/SteamDeck/comments/16sr2cn/how_many_of_you_used_ptm7950_from_amazon_or/

Мислења за Rgeek Flagship Store од Али

НАПОМЕНА
Падовиве треба да се држат во фрижидер/замрзнувач пред да се аплицираат бидејќи се претенки и знаат да се скинат при ставање и одлепување на фолијата (има фолија од двете страни)
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
@gokica - Дали сакаш да поделиме една лента (и пропратните работи) од 80x80mm?
Ќе излезе по 40x80mm за еден.
Излегува 13.49 евра вкупно, по 6.74 евра од човек (415 денари)

Поединечно ако се купува 40mmx80mm излегува 9.75 евра.
3 евра се штеди, meh.

Би порачал од Passionate Girl Store
 
gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.504
12.933
@gokica - Дали сакаш да поделиме една лента (и пропратните работи) од 80x80mm?
Ќе излезе по 40x80mm за еден.
Излегува 13.49 евра вкупно, по 6.74 евра од човек (415 денари)

Поединечно ако се купува 40mmx80mm излегува 9.75 евра.
3 евра се штеди, meh.

Би порачал од Passionate Girl Store

Ти благодарам за понудата. Искрено немам поим колку површина треба да покријам на кулерите кај мене. Но нема проблем. Еден сет е. Но ќе го земам јас со половината која останува откако ќе залепиш кај тебе.

Иако се сложувам дека цените не се нешто страшни за да има големи придобивки од братска делба. Како сакаш, не е проблем.
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
И јас немам појма, сигурно е доста помалку од 40mm x 80mm
Мислам дека ќе имаш доволно 2-3 пати да ставиш кај тебе со тие димензии...

Ај ќе ти пишам ако порачам, би требало денеска.
 
Dajman

Practice makes perfect
19 септември 2020
706
1.117
Апдејтирајте ја темава ако е legit seller-от и нормално before vs after резултати.
Више некое време гледам видеа за овие honeywell, многу атрактивно делуваат како one and done solution.
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.173
1.973
Скопје
Јас ги знам температурите сегашни добро, па би можал да направам before vs after.
 
Dajman

Practice makes perfect
19 септември 2020
706
1.117
1719604541846.png
Еве почна и редит да ме замара со падовите.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.240
Мислења
977.199
Членови
35.550
Најнов член
Provokator
На врв Дно