1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

PS4 || PS4 Pro

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од DonFrozex, 4 Јануари 2020.

Тагови:
  1. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    915
    1,107
    9 Јуни 2011
    Машко
    Планирам да земам конзола, малку да се оттргнам од гејмање на лаптоп.

    После PS 2-ката (кое е пред повеќе од 15 години?) немам пројавено никаков интерес за гејмање на конзола, така да до вчера поима немав што е разликата меѓу обичната 4-ка и Про-то.
    Гледам дека главната предност на Про е можноста за гејмање во 4К резолуција, но за тоа ти треба и 4К ТВ, така да тоа веднаш отпаѓа.

    Цените ги гледам тука во Холандијa/Германија се околу 280-300 евра нови, со 2 год гаранција.
    На амазон.де се истите.

    Дали има нешто друго што сум испуштил што би вредело да се лупнат 150еур плус за Про верзијата?

    Ги пролистав и другите теми (претежно во продажба/проценка), она што сватив е најдобро да си регистрирам US профил и од таму да купувам игри?
    Истиве е најдобро да се купуваат како онлајн верзии, а не хард-копии, хм?
    (плис причини зашто и зашто не)

    Некои други совети/мислења? :)

    Thanks in advance.
     
    Последна промена: 4 Јануари 2020
    На Psycore и bon_ton им се допаѓа ова.
  2. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    490
    438
    12 ноември 2013
    Во кратки црти PS4 vs PS4 Pro. Pro верзијата има доста појака графичка, +150% појака измерено во TFLOPS, односно 1.84 наспроти 4.20. И мислам нијанса подобро ладење за да се избалансира предходново. Во одредени игри добиваш 4К, во други игри добиваш +FPS, сите се различно. Можеш да провериш на следниов линк за секоја игра.

    Околу аканут ќе се изнаслушаш различни муабети од сите, во глобала се US, UK и Бугарски кај нас. Според мене најдобро е US поради најчести попусти и достапност на gift cards. Лесно се стига до нив, има голем број на океј продавници. Секој си има своја перференца за шоп. Како што пишав погоре, бидејќи US се најзастапени на пазарот, маргината на цена се движи од 5 - 10% поскапо, односно за Gift Card од $10 ќе платиш околy $10.50, што не е страшно. Јас последно купувам од следниов линк.

    Hard copy во повеќето случаеви е поскапа варијанта. Плус е ваљда што можеш да ја продадеш после. Со дигитални копии, се ти е врзано за 1 акаунт и тоа е тоа (како на Steam да речеме).

    Друг битен факт ти е дека треба да поседуваш PSN+ за да можеш да играш онлајн ако сакаш. Месечно да го плаќаш не се исплати според мене. Јас купив годишен за околу $35 на G2A и мислам дека вреди затоа што добиваш и по 2 игри секој месец бесплатно. Некогаш се total shit, некогаш се солидни. Oвој месец се Uncharted: The Nathan Drake Collection и Goat Simulator.

    Ако имаш други прашања слободно прашај.

    P.S. Јас бев убеден дека не вреди Pro верзијата кога купував, па еве сеа барам по огласи да не сака некој да му доплатам за да ги смениме конзолите. :oops:
     
    PandaBomber, џонидерп, DonFrozex и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. Perata

    Perata
    Intern

    8
    17
    31 oктомври 2017
    Машко
    1. Не си пропуштил , 4к е главната разлика + подобро VR доживување - двојно поголема потрошувачка

    2. Лично мислење: Кога веќе си чекал 15 години :) почекај уште малку. Оваа година излегува PS5, така да јас лично не би земал конзола на ново на крајот од нејзиниот циклус.

    No problem ;)
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    833
    891
    9 Декември 2015
    Машко
    Почекај уште "малку", 11 месеци:)
     
    На Perata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tomislav96

    Tomislav96
    On your way to fame

    780
    854
    7 Февруари 2013
    Машко
    Програмер
    Одлични цени имаше на Black Friday од Сони и кај нас, сега да се купи за 30% поскапо некако не ми иде, јас не би земал освен некое половно за евтина цена додека да стигне следната генерација.
     
  6. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,080
    3,217
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    На farkizz му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Perata

    Perata
    Intern

    8
    17
    31 oктомври 2017
    Машко
    После PS 2-ката (кое е пред повеќе од 15 години?) - 11 месеци е релативно малку;)
     
    DonFrozex, Ragnar и на skullmonkey им се допаѓа ова.
  8. marv

    marv
    Practice makes perfect

    2,253
    1,540
    5 oктомври 2007
    Машко
    Само да исправам овде малку. Ништо повеќе не треба да плаќаш од регуларните $10. Си зимаш од Амазон, БестБај, и слични каде е точно толку колку ти треба. За $10 плаќаш $10. За 100 плаќаш 100.

    Sent from my TELEFON using Tapatalk
     
  9. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,098
    3,446
    7 ноември 2014
    Машко
    Апсолутно не се исплати PS4 во моментов, особено на ново. Купи половна конзола со ексклузиви на неа или пак чекај ја PS5 (со тоа што не се 11 месеци, туку година и пол веројатно додека се добијат некои нормални цени и достапност на игри).

    Едит - без 4К ТВ повторно џабе ќе ти биде PS5.
     
    На Perata му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aowek

    Aowek
    Gaining Experience

    498
    212
    14 Април 2012
    Машко
    Ако си заинтересиран за пс4 про 2 рачки максимално зачувано слободно пиши.
     
  11. Jovan2389

    Jovan2389
    On your way to fame

    692
    674
    22 Април 2013
    Машко
    Ваквите изјави не ги сметам за сериозни на ваков форум и лаички од повеќе причини:

    1. Корисникот нема користено досега PS4, тоа автоматски значи ги нема изиграно ексклузивите на оваа генерација, кои се у најмала рака 10 игри што секој casual/hardcore гејмер би требало да ги изигра.

    2.Цена : Моментално да се купи слим верзијата е најисплатливо затоа што има секој месец понуди и може да се начека под 300 евра со АА игра или 2 контролера. Кога на тоа ќе се додаде дека на старо под 200 евра нема да падне користена конзола која е скоро купена, во наредната година + дена.
    Никој не ја знае цената на новите конзоли, која може да биде 500 но и 700 евра. Во Македонија сигурно нема да биде достапна по Европска цена.

    3. На крај најбитното, кога ќе излезе нова конзола во првата година нема да извади ексклузивни нови наслови кои ќе бидат само за PS5, туку најновите ќе бидат преставени и игриви и на PS4. Многу игри од претходната генерација ќе бидат преставени со 4К/60фпс.
    Спортските симулации кои излеваат во Септември/Октомври ќе имаат основа за PS4.
    HINT - Во последната година на PS3 излегоа највеќе ексклузиви кои потоа ни ги протнаа како римејк на PS4.

    едит - Купување на ПРО верзијата е друга приказна.
     
    Psycore, cipiripi и на Ile bocev им се допаѓа ова.
  12. Ile bocev

    Ile bocev
    Gaining Experience

    260
    203
    15 ноември 2015
    Машко
    Се сложувам. Оној кој ја нема ПС4 ката треба да ја земе. А тие што викаат не купувај сега чекај ја 5ката за 1 година.
    Тие и кога ќе испадне 5ката ќе викаат почекај сега скапа е не вреди да се купува, до другата година ќе паднат цените.
    И така таа 1 година ќе стане 3 години.
    А времето си оди. Ќе се ожените и после нема ни П од Плејстејшн веќе.:annoyed: Освен некоја ако ви се погоди да ве трпи.
     
    На Aowek му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    330
    436
    3 Јануари 2019
    Машко
    Само во овој дел од твоето мислење не се согласувам. Sony како бренд е "официјално" влезен во Македонија (или како и да сакаш речи го) и се тера истата ценовна политика како во останатите земји од Европа.

    Галерија, Анхоч и Нептун се авторизирани дилери и ги тераа сите акции кои ги имаше изминатата година, како што беше "Days of Play".

    Мислам дека и на launch четворката кошташе 24.999 во Галерија, што е многу блиску до Европската цена од 399 евра.

    Цена во Германија 299 евреи:
    SONY PlayStation 4 Slim 500GB

    Цена во Македонија 18.999 (310 евреи, но со клуб картичка од Галерија ќе дојде иста цена како во Германија):
    PS4 500GB Slim - Galerija

    Е сега, доколку збориме да го купиш сонито од "комшии", па да искористиш повраток на данок, тоа е сосема друга тема.

    А зашто да те трпи? Гејемањето не е семејно насилство, не?

    Едит: Сега видов дека во Public имаат некоја промоција (не знам дали е online-only) ама имате PS4 за 199 евра.
     
    Последна промена: 5 Јануари 2020
    Gaston, TATA_MATA, TylerMkD и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,098
    3,446
    7 ноември 2014
    Машко
    Петок вечер гејминг со другарите него пијанчење во кафана - жените го преферираат првото, така да немате гајле.
     
    На TheMarshal му/ѝ се допаѓа ова.
  15. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,080
    3,217
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Јас кажав како би играл јас.
     
  16. Jovan2389

    Jovan2389
    On your way to fame

    692
    674
    22 Април 2013
    Машко
    Не објасни ништо,не даде зашто и како ! Ти како би играл не му користи на членот, затоа што ти веќе ја имаш конзолата.
    Како познат и стар член на форумов со над 3000 мислења, имаш поголемо влијание без разлика на искуство и колку разбираш, па твоето "празно" мислење(во конкретниов случај) би го земале како порелевантно.
    Ако си ентузијаст а си, те молам на овој форум да бидеш поконструктивен, и ние би научиле повеќе.

    едит -
    Бидејќи си во Холандија/Германија, постои Gamestop каде што се продаваат користени игри за ногу поволни цени, плус marketplace на ФБ е доста корисно за продавање на физичките игри. Мој совет е секоја ексклузива т.е single player игрите да ги купиш хард-копи и препродадеш потоа или во гејмстоп или преку оглас.
    За акаунтот е твој избор, со можност да направиш УС акаунт и акаунт во земјата која живееш.

    Едит 2 - 280-300 евра е нормална цена, имаш до 13ти јануари во Сатурн/Медиамаркт 15% попуст на конзоли и смартфони, мислам дека за 250 евра би нашол со една игра и контролер.
     
    Последна промена: 5 Јануари 2020
    На moongose му/ѝ се допаѓа ова.
  17. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,281
    2,646
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Со самото тоа што PS5 ќе може да пушта игри од PS4, PS3 итн, вредноста на PS4 (ќе) опаѓа.

    Секој си знае дали му се исплати да чека, а никој не може да гледа на гравчиња за цената PS5, иако претпоставувам ќе биде околу 500евра.

    Е сега... Ако најде PS4 Slim за 200-250 евра, и PS+, +100е за игри, ќе се утепа од играње а за година од сега ич да не е ќе може да ја продаде конзолата за 100 евра. PS+ акаунтот ќе си го задржи, а може и ќе може да си ги игра истите игри на PS5.

    По мене до 250 евра вреди и сега PS4. Има саати, денови, недели да се утепа играјќи Bloodborne, Uncharted 1-4 + Lost Legacy, God of War, Spider Man, Gran Turismo, The last of us, Horizon Zero Dawn, Persona 5, PES/FIFA, Crash Team Racing... Сѐ е тоа врвно искуство.

    Sent from my SM-N960F using Tapatalk
     
    Gaston, moongose и на Jovan2389 им се допаѓа ова.
  18. skullmonkey

    skullmonkey
    Unstoppable

    4,080
    3,217
    25 Април 2007
    Машко
    Актер
    Затоа стаив линк каде има дискусија на долго и широко.
     
  19. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    915
    1,107
    9 Јуни 2011
    Машко
    Фала ви на сите за исцрпните мислења. Сите го прочитав по два пати.

    Се слагам со многу од нив, особено за цената на новиот модел и достапноста на истиот како и игри за него.
    Реално не ми се дава повеќе од 250-300 евра моментално за ова нешто, така да мислам дека немам причина зошто би го чекал година и повеќе новиот модел и би платил дупло (or worse) за него.

    Фала за линкот за РЅ4 линкот од генералната дискусија, баш тоа го тражев но не можев да го најдам, дури ни преку Google search.

    Темава може да се затвори и евентуално да се префрлат мислењата во другата тема за генерална дискусија.
     
    На Aowek и moongose им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...