1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

PS2 ModChip

Дискусија во форумот 'Гејминг општество' започната од BorisSapphire, 20 Јули 2019.

  1. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    738
    528
    11 ноември 2015
    Машко
    Дали некој знае од прилика која е цената за ставање чип на ПС2?
    Гледам на интернет го има чипот за некој си 3 до 5$.
    Ме интересира која е цената за ставање на чипот, пошто еден познајник ме праша. Ако се исплати да му го направам, пошто гледам не е некоја филозофија, има доста шеми и клипови, ако не друго експерт сум за лемење и СМД. :oh:
    Исто така ме интересира дали со самиот чип ке чита пирацки цедиња, прашувам пошто никој пат не сум користел ПС.

    MODBO5.0 V1.93 Chip For PS2 IC/PS2 SupportHard Disk Boot NIC | eBay
     
  2. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    711
    643
    31 Мај 2011
    а да пробаш ова? ако е до таа дата ps2ката се разбира. едини проблем се legit игрите, ама можно е да ги има.

    и се разбира НАЈБИТНИОТ дел од тоа линкот

    Before you read through this guide, let me save you some time. If you take a look at this and decide that it’s not for you, you can forgo this entire guide and spend around $10 on eBay to achieve the same result. Not kidding. Just search eBay for “Free McBoot” and purchase a 8MB memory card with the Free McBoot hack already installed on it. Keep in mind that you still need a Free McBoot-compatible PS2 slim for this to work (details for determining your PS2 slim version are below).
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    738
    528
    11 ноември 2015
    Машко
    Ова е супер за тие што имаат многу време, искрено по лесно ми е да ставам чип :D, али ипак фала ти може да ми се најде.
     
  4. Pane24

    Pane24
    Unstoppable

    4,282
    3,389
    31 oктомври 2012
    Машко
    Копач на етериум
    @toshex mislam deka imase nekoja memory kartica so softmod. I so igri na usb.
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  5. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,138
    4,254
    18 Септември 2013
    Машко
    Ја имам како да снимам бутлоадер на мемориска, ама неам веќе мемориски. Ако имаш мемориска шо сакаш да ја напраиш да бутира Free McBoot и ако се позамараш да научиш сам како се снимаат игри на УСБ, јас неам проблем со тоа да снимам Free McBoot на мемориска.
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BorisSapphire

    BorisSapphire
    On your way to fame

    738
    528
    11 ноември 2015
    Машко
    Може некој да ми одговори чипот погоре дали е тоа што ми треба?
     
  7. G4M3R

    G4M3R
    Gaining Experience

    462
    382
    26 Јуни 2012
    Машко
    Тоа е тоа што ти треба ако можеш успешно да го вградиш во сонито. Имам сличен модбо чип од „на времето“ вграден во исто сони 2 слим. Го средија во еден сервис позади беверли, и чинеше 2500ден тогашно:).
     
  8. Jedah

    Jedah
    Practice makes perfect

    913
    1,392
    6 ноември 2007
    Играње на PS2 конзола преку USB е најголема глупост популаризирана од препродавачи и ситнопрофитери кој полесно им е на тазе донесеното ѓубре од Немачка да инсталираат FreeMc Boot и тоа да ти го пласираат како хакувана конзола него ли да го запотат газот и да залемат 12 жички.

    Чисто за информација.
    PS2 Fat/Slim независно користи USB 1.1 стандард. Transfer Rate 187KB/s Low Speed и 1.5MB/s at full speed
    DVD rom-от чита 5.28MB/s или 3.5 пати побрзо.
    Компатибилноста преку USB e некој си 30% од цела библиотека. И тоа што работи има FMV stutter или сецкање на видеа, спор loading и еден куп срања.
    Секако тука е опцијата за снимање ESR patched копии на игри (патчувани ISO-a кој Playstation 2 ги гледа како DVD филм со што ја скока copyright заштитата.) али тоа на мртви ласери како?

    За дотичниот отварач на темата:
    1. Спрема моделот на конзолата која ја имаш најди соодветен чип порачај го најди шема за лемење и залеми/ нека ти го залемат.
    2. Направи Softmod картица со FreeMCBoot и патчувај игри снимај на квалитетен оптички медиум и играј ги.
    3. Ако е PS2Fat, порачај Ethernet Adapter од тие новите Made in Aliexpress со SATA конектор стај некоја 500ка и начукај ја со игри.
     
    На omegaRED му/ѝ се допаѓа ова.
  9. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,138
    4,254
    18 Септември 2013
    Машко
    Се ова шо го кажа Jedah. Играње од УСБ не е идеално. Лоадинг времињата ќе се поголеми и сите „видео“ сцени ќе сецкаат. Со мекбут може и од цеде да играш снимени игри без да ја чипуваш конзолата - фрилоудер мислам се викаше тоа. За ПС2 фат од диск или од мрежа играње е најдобра опција ако играш неоригинали.

    Сите овие опции се наменети за (согласно правилата на форумот) да играш бекапи за да не си ги гребеш цедињата со оригиналите кои нели секако треба да ги имаш за да си направиш бекап. ;)
     

Сподели

Вчитување...