• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Прво македонско бесплатно интернет кафе

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
Што мислите за оваа идеја, дали ќе заживее и на други локации и во други градови
 
dani_janev

Intern
19 април 2007
280
7
odlicen poteg stvarno.
osven ova mislam deka vladata bi mozele da stavat i nekolku free wifi hot spots niz skopje
 
D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Многу лош потег на владата...

Што е со останатите интернет кафеа кои остваруваат живеачка за газдите и вработените!? Ќе бидат згазени од "бесплатни" владини интернет кафеа!?

зошто не им беа дадени парите на веќепостоечките интернет кафеа да даваат ваучери за користење на бесплатен интернет во одредени периоди... ќе се заштедеше и на компјутерска опрема која им е потребна на овие нови владини интернет кафеа...

зошто тие пари мораа да се искористат на ваков начин кога постојат огромен број на интернет кафеа - од кои некој зависи.... после сме имале голема стапка на невработеност.... па сосема е нормално тоа кога вакви работи се дешаваат!

а исто така во земја која сеуште има огромни даноци за компјутери и интернет а и неквалитетен и скап интернет и се обидува да развие солидна ИКТ економија, делењето "бесплатен интернет" е многу лош потег...

п.с. ај тоа што мачкаат очи со бесплатен dial-up, нешто што беше отфрлено од целиот свет, ама сега и ова... што е следно!? сите викаат "браво", но гледаат на работите само површно.
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Јас велам подобро нешто одколку ништо.

Да, точно е тоа дека кога сите би биле вработени и би земале добри плати, не би им претставувало проблем да плаќаат за интернет. Точно е тоа дека би требало интернетот да биде премногу евтин и сите да си дозволат да користат. Ама сепак, мора од некаде да се почне. Капка по капка - вирче :)
Има многу луѓе кои неможат да си дозволат компјутери ни интернет, ова е одлична можност за нив.
Што се однесува до тоа со интернет кафеата.. Што е ова поразлично? И овде има вработени, и овде се плаќа (од данокот.)
Интернет кафеата секако ќе изумрат порано или подоцна, како што е случај со развиените земји.

Нека не ја заматува идејава тоа што имаме други проблеми и милион работи што треба да се направат. Тоа е друг проблем.

Сликата е јасна, имаме сиромашни жители гладни за информации и осовременување. Ова е одлична прилика за нив. Ако се земат во предвид другите проекти за кои се трошат огромни пари, овој е еден од поуспешните.

Мое најискрено мислење.
 
Секако дека е добро на граѓаните да им се даде лесен пристап до информации, само кажувам дека владата тоа го направија на многу лош начин... требаше парите да ги дадат на веќе отворените интернет кафеа да ја овозможуваат таа услуга - "бесплатен" интернет...
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
.
Што се однесува до тоа со интернет кафеата.. Што е ова поразлично? И овде има вработени, и овде се плаќа (од данокот.)
Интернет кафеата секако ќе изумрат порано или подоцна, како што е случај со развиените земји.

Нека не ја заматува идејава тоа што имаме други проблеми и милион работи што треба да се направат. Тоа е друг проблем.

Сликата е јасна, имаме сиромашни жители гладни за информации и осовременување. Ова е одлична прилика за нив. Ако се земат во предвид другите проекти за кои се трошат огромни пари, овој е еден од поуспешните.

Мое најискрено мислење.
Ima, po eden vraboten...So dogovor na delo...
Internet kafeata nikogas nema da izumrat. Bas me interesira nekoj primer za razviena zemja koja nema internet kafea?
Imame siromasni ziteli, gladni se za informacii, no ako imaat 55 godini, za zal, ke mora da pocekaat, ili ako imaat na primer 28, kasno im e.
Pozdrav i HOPE FOR THE BEST
 
alex_under

Intern
26 јуни 2007
36
0
Катасрофа!!!
Само за помлади од 26 и постари од 65???
Значи за мене тоа не важи..имам 26???
Пробувам да ја замислам бабами како чека ред во тоа кафулето, за вошливи 60 мин. :ua:
Бедотија, ако сакаат да понудат интернет нека стават Wifi во сите градови на МК и после нека серат дека направиле некој чекор во развојот на информатичката култура во Македонија.
Се на се уа :ua:
 
Mao

On your way to fame
5 јуни 2007
1,223
955
Mao's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 9 3900X + BeQuiet Dark Rock Pro 4
Motherboard
Asus Rog Strix B450-F Gaming
Storage
Samsung Evo Plus 970 M2 nVME SSD
PSU
CM 850W M2 Silent Pro
RAM
Kingston Predator/Fury 32GB 3200Mhz
Video card
Asus Rog Strix 1070 8GB
Case
DeepCool Mattrex RGB
Mouse
Logitech G502 Hero
Keyboard
Cooler Master MK750
Monitor
Alienware 25" 240hz
OS
Win 10 Pro
Најлесно е да се каже уа, но сепак како што некој кажа најдобро е нешто отколку ништо, иако исто така се согласувам дека интернетот во нашата земја е многу неквалитетен и МНОГУ СКАП, стапка на невработеност голема што исто така придонесува голем број луѓе да не можат да си дозволат компјутери. WiFi e ок на некој начин, но само за оние што имаат ибезбедно PC-a. А оние што немаат? Затоа ке мора да се реализира некој проект како бесплатни интернет часови/кафеа итн. за да можад да добијат пристап на интернет и другите граѓани. Или пак ке почекаме додека да се оправи државата и сите да имаме компјутери па после нека ги затвораат кафеата и нека ни пуштат интернет дома.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
ништо не може да го замени дружењето кога пиеш кафе во интернет кафе после долго седење на компјутер и со големи подочњаци (не сум забележал колку глупо изгледа зборов напишан :)) или пак кога се пцуеш со некого во играчница при играње кантер, јас сум против да исчезнат интернет кафеата, а за бесплатните се сомневам дека ќе ги има во толкав број за да осетат другите интернет кафеа толку намален промет, јас како што слушнав сите компјутери работат на Убунту ако е точно тоа е навистина за поздравување. Е сега тоа со старосното ограничување е глупо да не речам дискриминаторно. за крај се ќе беше во ред да не се работеше само за собирање на политички поени искрено се сомневам дека некој од владата го боли дали народот му е информатички образован или не
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Se dodeka se zadovoluvame so sitni raboti i vikame podobro nesto otkolku nisto, toa i ke go dobivame. Casovi za kompjuteri koi nisto nema da te naucat, internet koj nemoze da ti zavrsi rabota, besplatno spisnaie koe nisto ne kazuva i sl
 
D

Администратор
31 март 2007
3,271
1,910
www.iwmnetwork.com
Бесплатното не е доволно

Ако сакате интернет, доволни ви се компјутер и телефонска линија. Така е секаде во светот, но не и кај нас. За повеќе од две третини од нашите граѓани во горната равенка фали и добродушна влада. Министри кои одвреме-навреме ќе пуштат душа и ќе го одврзат државното ќесе за бесплатен интернет.
На граѓаните не им користи еднонеделниот бесплатен интернет од едноставна причина што ќе трае само 7 дена. Ним им фалат онлајн-содржини и евтини интернет-пакети, кои ќе бидат производ на здравата конкуренција на интернет-пазарот. И за двата проблема
Владата може да помогне само ако ги послуша компјутерџиите. Тие бараат административните услуги да се вршат преку интернет и предлагаат да се изгради државна мрежа која ќе ја користат сите интернет-компании за исти пари. Вреди да се размисли!

Автор: Владо Апостолов
Шпиц, број 314, 19.06.2007

Браво!
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Se dodeka se zadovoluvame so sitni raboti i vikame podobro nesto otkolku nisto, toa i ke go dobivame. Casovi za kompjuteri koi nisto nema da te naucat, internet koj nemoze da ti zavrsi rabota, besplatno spisnaie koe nisto ne kazuva i sl
Далеку од тоа дека се задоволуваме :) Но што ако ги оцрнуваме сите вакви обиди да се направи нешто?

Зошто сепак даваме некои други споредби а не се фокусираме на тоа за што всушност се работи? Зошто толку бунење за старосната граница? Треба на сите да им биде достапно, не викам не. Ама ете, овој проект е за таа возрасна граница. Проекти треба да има многу и разни.

Уште еднаш, ова што е направено во никој случај не е лошо, а тоа што фалат многу други кои не се реализираат уште е сосема друга работа. Бидете реални.
 
direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Ne e loso, se soglasuvam, no e premnogu limitirano. Starosnata granica, vremeto, resursite...sve e ograniceno. Koga veke se trosat pari, moze i popametno da se investiraat i da se postigne istata cel na podobar nacin. Vo sekoj slucaj ne go ocrnuvam obidot na vladata, no ne se soglasuvam deka e toa vistinskiot nacin. Potcenuvacki deluva toa sto go pravat, sepak ima intelektualci kaj nas koi sigurno gi citaat ovie politicki malverzacii.
 
D

DimitarMK

Гостин
ништо не може да го замени дружењето кога пиеш кафе во интернет кафе после долго седење на компјутер и со големи подочњаци (не сум забележал колку глупо изгледа зборов напишан :)) или пак кога се пцуеш со некого во играчница при играње кантер, јас сум против да исчезнат интернет кафеата, а за бесплатните се сомневам дека ќе ги има во толкав број за да осетат другите интернет кафеа толку намален промет, јас како што слушнав сите компјутери работат на Убунту ако е точно тоа е навистина за поздравување. Е сега тоа со старосното ограничување е глупо да не речам дискриминаторно. за крај се ќе беше во ред да не се работеше само за собирање на политички поени искрено се сомневам дека некој од владата го боли дали народот му е информатички образован или не

ахам....имаат Убунту :bravo: :bravo: :bravo:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,553
Мислења
823,192
Членови
28,061
Најнов член
Viktorofski
На врв Дно