• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Прв златен медал во историјата за македонски учесник на Балканската олимпијада по информатика

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
43
110
www.IT.mk
image_2021-11-30_18-03-02-3ek33k1zzx18vrjbb1mhog.png

Благојче Павлески, ученик од Прилеп е добитник на првиот златен медал за македонски учесник на Балканската олимпијада по информатика во историјата. Тој е ученик во во четврта година во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје. Македонскиот тим на натпреварот беше во состав Благојче Павлески, Марко Таневски, Андреј Шеќеров и Тео Китановски. Лидери на тимот беа д-р Емил Станков и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Средношколците успеаја да освојат еден златен и еден сребрен медал, и една олимписка пофалба.

Вториот медалист во македонската репрезентација е уште еден ученик од Прилеп, Марко Танески. Тој успеа освои сребрен медал. Андреј Шеќеров од Скопје, освои олимписка пофалба.

Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2021), се одржа од 24-ти до 29-ти ноември во Шумен, Бугарија. Резултатот кој го постигнаа македонските натпреварувачи оваа година е највисок во речиси 30 годишната традиција на ова натпреварување.

Покрај турнирот за средношколци натпреварот имаше и дел за јуниори. На натпреварот за јуниори, Сара Стефановска, ученичка од Крива Паланка освои бронзен медал.

Повеќе > Прв златен медал во историјата за македонски учесник на Балканската олимпијада по информатика ⋆ IT.mk
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,157
Мислења
879,222
Членови
30,787
Најнов член
filipilievski4
На врв Дно