- Ја почнал/а темата
- #1

Самата слика кажува какви луѓе се вработени по институциите во државата, не само во телеком туку во сите банки, продавници и др установи.
Ова е само еден дел од моите 'средби и разговори со стручни лица' - експерти, кои се прават дека се паметни затоа што работеле во некоја таква институција во државата, а ги има многу. За жал некои од најинтересните 'средби и расправии' ги немам зачувано, снимено...
Ќе кажам и една случка од AMC. Прашувам за LCD монитор и ми објаснува вака онака ова има ова нема. И прашувам на колку мртви пиксели давате гаранција. И се помисли малку тетката, па го праша колегата па и он се помисли малку и на одговорот беше: На 5 МЕГА ПИКСЕЛИ. :zbunet3:
Омилени ми се оние од службите за грижа за корисници од мобилните оператори кои се убедуваат да те убедат дека тоа било проблемот па кога ќе им докажеш дека не е тоа, па те убедува за друго нешто итн итн...