• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Прослава на Сакура во Скопје (цветање на црешите)

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
12ти Април е (Јапонски фестивал/празник) ден на кој се прославува цветањето на црешата :)
И да не се преправам дека точно знам за што се работи (бидејќи првпат ќе присуствувам оваа година) ќе ја цитирам Би:

Здраво на сите

Сакам да ве известам за празнувањето на Сакура во Скопје кое ќе се оддржи оваа сабота во 12 часот.

Јапонскиот фестивал на цветање на црешите во Скопје се организира од претходната година и се надеваме ќе прерасне во традиција.
Местото на одржување е улицата Максим Горки на која растат јапонски цреши во центар. Кај Лондон кафе.

На приредбата ќе има демонстрација на боречки вештини од Самурај доџо.
Самурајски вештини кендо и иаидо, како и карате и џуџитсу.
Но и други доџоа и клубови ќе се претстават со аикидо и џудо.

Потоа, на бамбу флејта ќе свири дипломец на музичката академија Милан Симовски.

Гостинка јапонка Нахоми Нишио ќе пишува канџи со калиграфски прибор односно ќе демонстрира јапонска калиграфија.

Мира Беќар и нејзината пријателка Татјана ќе им покажуваат на луѓето од публиката како да си направат самурајски капи и жерави со помош на јапонката вештина оригами.

Господинот Владимир Мартиновски ќе се претстави со читање на хаику поезија од јапонски и македонски автори.

Виталија ќе ни се придружат со дегустација на комбуха и бонбони со комбуха, кој е јапонски производ :)
А исто така ќе делиме и картички на кои ќе бидат испишани некои основни реченици на јапонски, со македонски превод.

Покровител на настанот е град Скопје, имаме поддршка од јапонскиот конзулат, а организатор е центарот за Јапонски боречки вештини и култура Самурај доџо и Македонската кендо и иаидо федерација.

Ќе ве чекам во голем број на најубавата улица во Скопје во овој период.

Поздрав

И читајте http://japmk.blogspot.com



:bye1:
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Awwww... Иаидо, кендо, аикидо.... Ќе го пропуштам... :plachko2::plachko2:
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Убава можност да се запознаеме малку повеќе со јапонската култура.
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
Убава можност да се запознаеме малку повеќе со јапонската култура.
Ај ако иде некој од вас нека фати по некоја фотка... Особено аикидо кога ќе презентираат :D
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
  • Ја почнал/а темата
  • #11

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Ќе ве информирам ако никој не сака да ме дружи, а во секој случај ќе се видиме таму. Како да ве познаам само? :))
Ќе носам бела капа со зелени пруги :))

You should feel the spirit power, you will know.










j/k

Ќе те препознаеме ние тебе :bye1:
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Ќе седиш од страна на некој тротоар и ќе пишеш на лист со големи букви IT.COM.MK
btw и ја сум заинтересиран за понудата :D ако ме примате
 

Banzai

Intern
3 март 2008
637
8
Андријески ќе ме познае, затоа не му ја мислам. А како ќе ме познае, незнам :D
 

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Интересна и несекојдневна манифестација. :bravo:
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Супер идеја е ова ! Браво за организаторите , па ќе се видиме таму :)
 

S

pwnz0r1lla
8 март 2007
1,550
52
www.it.com.mk
Ubava ideja, inicijativa.... Sekogash se interesni vakvi raboti.

Ako izdrzham da ostanam do sabota u skopje kje gledam da otidam.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,529
Мислења
822,698
Членови
28,053
Најнов член
ro0tkid
На врв Дно