D
Администратор
Започнувајќи од денеска па до 31.12.2022 ќе тестираме проширување на Огласник-от со офтопик секција - Non-IT огласи.
Зошто?
Идејата зад IT.mk е да ја обедини ИТ заедницата во државата и да служи како централна платформа за истата. Досега држевме прилично строг став за тоа дека смее само ИТ огласи - па имаше објаснувања што спаѓа во ИТ, па денеска се е ИТ итн итн итн... но има и една друга вистина - а тоа е дека ИТ луѓето имаат потреба и да шитнат нон-IT ствари некаде каде што не е пазар3/реклама5 и каде што нема на 5 минути да ги замараат со вртење на телефон и нудење се живо и диво. Критериумот за огласување на ИТ.мк Огласникот е прилично строг (6 месеци членство + 50 поста + 50 лајка, или платено премиум членство) со што се прави автоматска селекција или инстант верификација на тој што продава, па со тоа злоупотреби и други измами се прилично ограничени, а има и момент на заедница каде што иницијално секој може да процени некој член каков е според неговите активности.
Последната поголема расправија на темава беше за гејмерските столици, што не мотивираше да зборнеме на темава и искрено и ние имаме мешани размислувања. Па затоа, категоријава ќе има тест период до крај на годинава - а во јануари ќе се одлучи дали останува или не. Да видиме како ќе оди, а тоа зависи повеќе од членовите отколку од нас.
3, 2, 1... go!