1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Прос и Конс за Софтверско Инженерство на УАКС?

Дискусија во форумот 'Факултети' започната од benny.profane, 20 Мај 2020.

  1. benny.profane

    benny.profane
    Intern

    6
    0
    13 Април 2020
    Машко
    Долго време се двоумев околу тоа дали да идам на академија или на УАКС.
    На крајот, одлуката ми е меѓу Сеавус и УАКС. За Сеавус најдов од некои луѓе приватно шо ми опишаа кои се прос/конс за истиот, но на УАКС никој лично не знам шо учел.

    Има некој шо може да ми елаборира шо се позитивните а шо негативните страни при УАКС?
    За Софтверско Инженерство програмата сум заинтересиран баш. Знае некој шо програмски или описни јазици се учат, колку длабоко, ако си активен ученик и вложуеш труд у студиите шансите се дека ќе си способен за работа коа дипломираш, акредитирани се студиите надвор од државата? Тоа тестот за стипендија, у кратки црти, каква програма ти даваат да напишеш?
    Ако нешо додатно знае некој шо не сум земал у обзир, слободно и тоа нека рече.
     
  2. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Дипломирав BsC во Софтверско Инженерство на Американ минатото лето. Гледајќи уназад, имам mixed feelings за студирањето таму. Ако си конкретно заинтересиран само за софтверско инженерство и ништо друго, рачунај дека ќе имаш еден куп предмети што најверојатно нема многу да ти се најдат во кариерата, почнувајќи од себе пошто јас завршив како 3Д артист на крај :D
    Во врска со програмски јазици, структурно програмирање се работи во C++, потоа втор семестар продолжуваш со објектно ориентирано програмирање исто во C++. Втора година се учат основи на Јава, објектно ориентирано програмирање во Јава, па потоа андроид девелопмент исто во Андроид Студио + Јава. Дата структури и алгоритми се во C++, овој предмет ќе ти биде нај-challenging ако се одлучиш за УАКС.
    Во трета година екшли работиш на "релевантни" проектчиња за веб девелопмент кај шо основата е Javascript и PHP. Кај JS ќе помините некои основи на ES6 и JQuery и нешто како 1-2 предавања Bootstrap. Во врска со бази, последните два семестри се базирани околу MS SQL и има предмет Internet Services кај шо еден семестар ќе покриете C# со Visual Studio и Postman за testing purposes.
    Рачунај дека се од спомнатото е многу bare-bones и нема многу време во еден семестар за да станиш компетентен во било која од горенаведените теми. Во врска со не-софтверско инженерство предметите, ќе имаш ствари како компјутерски системи, оперативни системи, компјутерска графика и анимација(изборен), компјутерска безбедност, бизнис и менаџмент, роботика(изборен), компјутерска етика и одговорност и уште неколку кои ги имам заборавено.
    Не знам како одеше тоа тестирањето за стипендијата, памтам дека не го фатив рокот јас за тоа :D
    Ако имаш конкретно прашање, пиши ми порака слободно или пак @Tomislav96 кој ми е бивш колега и моментално на мастер таму, сигурен сум дека ќе сака да ти помогни.
     
    На benny.profane и Tomislav96 им се допаѓа ова.
  3. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,665
    3,397
    24 Септември 2012
    Прво за инженер не требаше физика, па не требаше математика, па не требаше дискретна, па не требаше логички кола, па не требаше мрежи, па не требаше асембли, па сега сме стигнале и до не треба Ц++, па ни јава не требало.

    Потресително.




    П.С. Се разбира дека сето ова треба и тоа задолжително. И многу повеќе треба. Пред се за да научиш да учиш, а потоа и за да го осознаеш функционирањето на светот околу тебе. И од многу други причини на градење на едно образовано општество.
     
    На Fearless, acikaaa, NikolovskiM и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Пред да се "потресиш", би ти предложил да го прочиташ постот уште еднаш. Кажувам дека ќе има неколку предмети кои нема да му се битни доколку неговата крајната цел сеедно е да стане девелопер, но никаде не набројувам КОИ предмети. Делот каде набројувам предмети одговара на неговото прашање "Знае некој шо програмски или описни јазици се учат", затоа што баш мислам дека се девелопмент рилејтед.
     
    Tomislav96, Psycore и на DrMTR им се допаѓа ова.
  5. Psycore

    Psycore
    On your way to fame

    532
    557
    12 ноември 2013
    Automation Tester
    И јас како завршен на UACS би дал многу слично мислење како hpetrovski. Не сум ни задоволен, ни разочаран. Програмата е 3 години, и се се изучува површно. Да не се повтарам во кратки црти се почнува со C++ основи, па се врти кон јава за ООП. Алгоритми и дата структури ние го поминавме во C++, и беше убедливо најтежок предмет од сите 3 години. Повеќето од пола предмети се прилично досадни, не ради самите предмети, туку начинот на кој се предадени. Што е директно поврзано со професорите. Вкупно се 4-5-6 професори кои предаваат се. Последната година од 3ите е најкорисна некако, се учат работи со кои ќе се сретнеш во реалниот свет, секојдневно на работа. Kако што кажа Internet Services беше доста добар. Internet programming мислам дека се викаше, беше премногу исфорсиран, по 1 јазик на 1 ден поминувавме, пошто во 4 месеца требаше да поминеме: HTML, CSS, JS, JQuery, PHP, ASP, ASP.NET и + уште некои. По еден предмет учевме и Delphi GUI и такви некои заостанати работи. Математиките се лесни, што е една од главниот причини зошто не се запишав на Финки, и сум многу среќен за таа одлука.

    Ако ме прашуваш мене и UACS и ФИНКИ имаат катастрофални програми. Треба да се rework-нат од 0 и да се адаптираат на работите што се потребни во 2020 година. За Seavus нема да коментирам пошто ништо не знам. Вака меѓу UACS и Финки сме правеле многу споредби со пријатели и дефинитивно не се доволни, ни едното, ни другото да те спремат да можеш да работиш како програмер. Јас овие дупки ги пополнив со 2-3 курса што ме интересираа онлајн, 100тици статии/туторијали/решенија, 3 пракси (30,30,60 дена), свои мали проекти. Доброто на UACS е што они ти наоѓаат пракси по фирми. Не пречесто ама така на неколку месеца ми стигаше по некој мејл да аплицирам ако сакам.


    Така да на што и да се одлучиш, ќе мораш сам да истражуваш дополнително, да те интересира наукава и како функционираат стварите во ИТ светот, постојано да се надоградуваш и да пратиш нови технологии. Секојдневно се менува се и иде напред.
     
    На Tomislav96 и hpetrovski им се допаѓа ова.
  6. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Ау да, заборавив на Delphi со Вено. An experience, to say the least.
     
    На Tomislav96 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dark Knight 876

    Dark Knight 876
    Intern

    3
    1
    12 Август 2017
    Машко
    И јас во иста дилема сум, но сакам на факултет ама не знам дали UACS, ФИНКИ, SEEU или па сосема нешто трето.
     
  8. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Ако сакаш true македонски студент experience, јас би одел со ФИНКИ. На Американ ќе го немаш бркањето професори за потписи, не знаење термини за полагање и консултации до последен момент, поклопување термини и генерален аднимистративен struggle. На моменти, на УАКС се осеќав како да сум уште во средно затоа што секој професор не знаеше сите 20тина студенти со име и презиме, 95% од времето беа достапни кога требаше да бидат достапни и секогаш вработените од администрација беа екстремно услужливи доколку имав било каков проблем. Сите професори се должни да вратат во рок од 24h на мејл и имаат редовни термини секоја недела за консултации во точно зададено време. Не постои бркање професор за потпис на Американ, не ни има индекс, туку се' се регулира електронски и знаеш на кој ден во колку сатот го полагаш секој предмет уште од првата недела кога ќе започне семестарот.
    That being said, Американ е по-low-effort опција од ФИНКИ, такада ова што го кажав горе, зависно од кој би го прашал, може да биде позитивна или негативна ствар. Ако low-effort значи дека ќе можеш да експандираш на твоето знаење во полиња кои не ги покрива факултетот во многу детал, пракси, туторијали, passion projects etc. во слободното време, тогаш go for it. Не дека нема да можеш истото со ФИНКИ, само биди сигурен дека слободното време за истото ќе ти биде многу пократко.
     
    На Dark Knight 876 и Tomislav96 им се допаѓа ова.
  9. Dark Knight 876

    Dark Knight 876
    Intern

    3
    1
    12 Август 2017
    Машко
    Ти благодарам на одговорот. Јас сум премногу заинтересиран да работам како Web Developer, знам дека е можно тоа и без факултет, но далеку повеќе работни места бараат degree како requirement. Повеќе би сакал да имам слободно време за да можам да работам на свои т.н. "passion projects" и да си го донаградувам своето знаење самостојно. Ако не испадне ништо друго си велам дека ќе одам на UACS.
    (side-question; Имаат ли International Student ID Card во UACS?)
     
    На hpetrovski му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Не сум баш сигурен за International ID картичка. Како што кажав, од администрација се мнооогу фини, слободно јави се на првото бројче што ќе го најдеш на гугл за УАКС, сигурен сум дека ќе можат да ти одговорат на сите прашања што ги имаш.
     
  11. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Истите предмети се учат уште? Јас тоа го учев во далечните 2009-2012та година. Е заради овие работи не би учел факултет доколку би знаел дека вакви се програмите. Затоа на сите им предлагам да учат онлајн и да го скокнат факултетот.
     
    На Psycore и hpetrovski им се допаѓа ова.
  12. hpetrovski

    hpetrovski
    Gaining Experience

    56
    93
    22 oктомври 2018
    Машко
    3D Artist
    Yep. Во 2018 полагав компјутерски апликации во Delphi. Некои ствари се изменати, ама генерално програмата треба да е иста, за жал. И на ФИНКИ знам дека ги замараат со Prolog, такада не би очекувал на наш факултет нај up-to-date програма either way.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Rufflesaurus

    Rufflesaurus
    Gaining Experience

    97
    182
    16 Јуни 2018
    Машко
    Senior PHP Developer
    Не ни можат да бидат во тек со брзите промени во индустријата, бидејќи тоа значи дека прво кадарот треба да биде во тек, а тоа тешко дека ќе биде бидејќи едвај имаат професори и асистенти да предаваат тоа што го предаваат сега. Тоа додека не го средат, тешко дека ќе сменат нешто и во иднина.
     
    На Psycore му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...