Пронаоѓање IP адреса на втор рутер

Дискусија во форумот 'LAN // WAN // MAN // PAN // CAN' започната од Necromancer, 4 Јули 2017.

  1. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ај малку помош ако може, уште пред некој месец приклучив Mi Router 3 како дополна на телекомскиот Хуавеи (HG8245H) со цел да продолжам опсег што го постигнав.

    Рутерот не е лош, не ме импресионира многу, преку телефон не можам да се конектирам на него и Mi WiFi апликацијата ми јавува дека "No new or unpaired Mi Wi-Fi was detected". Тапа се кинезиве за софтвер како што кажа еднаш @xenon.
    Сакам да се закачам на вториов рутер (Ми рутерот) на кој што е исклучен DHCP-то, ама не можам да му го најдам IP-то, ниту со IP скенер или команда во cmd.

    Проблемот е што ми блокира некои порти и кога сум закачен на него не гледам подесени шерови и слични ствари на мрежа.

    EDIT: Со "arp -a" ми дава постоечка адреса 192.168.100.255 што мислам дека е вториот рутер, гејтвејот е 192.168.100.1 (Хуавеито), ама и кога сум директно врзан со ЛАН кабел на Ми Рутерот, пак не пристапува до админ менито.
     
    Последна промена: 4 Јули 2017
    На xenon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. HardCorec

    HardCorec Sensei

    2,096
    2,590
    4 ноември 2013
    Машко
    Како мислиш пронаоѓање на IP адресата?
    Ако си исклучил DHCP на рутерот (на Xiaomi-то) тогаш си го направил да биде обичен Switch со Wireless, а штом има таква функција тогаш не може да добие адреса од првиот рутер.
    За да пристапиш до Xiaomi-то треба да ги напишеш Default-ните адреси во мрежната карта на PC-то и ке пристапиш без никаков проблем.
    Ако е 192.168.33.1 за пристап тогаш во IP стави 192.168.33.15 со маска 255.255.255.0 и gateway 192.168.33.1
     
    На Necromancer и DrMTR им се допаѓа ова.
  3. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,344
    4,064
    27 Март 2014
    1. Исклучи WiFi На хуавеи-от. Ке направиш интеференција на толку мал простор.

    2. Вклучи DHCP на Ми-то, за да му додели ИП хуавеи-то. Само така ке можеш да пристапиш до него. Џабе си исклучил DHCP кога дифолтната ИП адреса на МИ-то е пр 192.168.3.1 а хуавеито му доделува локална 192.168.1.154 (прашање е дали воопшто и му доделува, доколку е свич) . Некогаш нема да можеш да пристапиш до Ми-то.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. HardCorec

    HardCorec Sensei

    2,096
    2,590
    4 ноември 2013
    Машко
    Ако е исклучен DHCP на рутерот тогаш никогаш нема да му додели IP, ке има пристап само на начинот што му го пишав во претходниот мој пост.
     
    На Necromancer и DrMTR им се допаѓа ова.
  5. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Кои дифолтни IP адреси да ги напишам? Од каде излезе ова 192.168.33.1?

    Јас се мислев да го исклучам од Хуавеито, да го ресетирам и подесам одново. Тука би променил тоа што го намалив опсегот на адреси на DHCP на Хуавеито од х.х.х.10-х.х.х.100 („морам“ вака затоа што имам фиксни неколку подесени во тој опсег), а на Ми-то да му доделам фиксна адреса надвор од тој опсег. Ќе бива вака?

    Нешто налик на ова што го најдов на нет:
    Ќе исклучам, но не можам во моментов затоа што ме блокира за некои работи тоа на Ми-то.
    Ако направам вака, да не имам некоја заебанција со MaxTV-то на телеком? Која е придобивката Mi рутерот да доделува адреси наспроти Huawei-то?
     
  6. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,344
    4,064
    27 Март 2014
    Ке можеш да пристапиш до него само со начинот од Хардкорец погоре. Неможеш на МИ-то да му доделуваш фиксна ИП од хуавеи-то и да се обидеш на таа ИП да пристапиш до него. Тоа неможе.
     
    На HardCorec му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Океј, ама јас пишувам да му доделам адреса што ќе биде надвор од опсегот на dhcp пулот на Хуавеито, пример ако пулот е од 192.168.100-10 до 192.168.100.100, јас да му доделам адреса 192.168.100.150 на пример.

    Не разбирам што сака поточно да ми каже @HardCorec за да го направам. Да ставам фиксна адреса и сабнет? Значи гејтвеј моментално ми е 192.168.100.1 (хуавеито). Ако разбирам добро, Хард ми сугерира да ставам фиксна адреса на РС-во која ќе биде на пример 192.168.100.8, со 255.255.255.0 сабнет и 192.168.100.1 гејтвеј. Тој дел ми е јасен, но како после пак ќе најдам како да пристапам до Ми-то?

    Би сакал да ми одгвороиш на ова, искрено, баш ме интересира.
     
  8. lynx

    lynx Sensei

    3,008
    2,287
    4 Септември 2008
    Закачи се на првиот рутер и во дхцп листата види ја адресата на вториот.
     
    На krema и Necromancer им се допаѓа ова.
  9. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    huawei_dhcp_list.PNG

    Само ова дава, го нема Ми рутерот, а зрачи WiFi и функционира таа мрежа.
     
  10. ARMac

    ARMac Sensei

    4,088
    3,769
    2 oктомври 2010
    Машко
    Друже скенирај цел рејнџ со Angry IP scanner и отварај ги живите, еден ќе мора да е тој.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  11. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,344
    4,064
    27 Март 2014
    Нема да му го даде, пошо моментално функционира како свич со вифи. Нема доделена ИП за него.
     
    HardCorec, ARMac и на Necromancer им се допаѓа ова.
  12. lynx

    lynx Sensei

    3,008
    2,287
    4 Септември 2008
    Тогаш нека го ресетира на фабрички подесувања и нека прави што ќе прави.
     
  13. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Скенирав, еве сега пак, ми дава 3-4 живи адреси кои не ми се по уреди, ама не се тие, барем timed-out ми дава во браузер. :confused:
     
  14. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Ќе пробам како што пишав погоре, па ќе пишам коментар. Би сакал да пробам со сетинзите на HardCorec, ама не го разбирам до крај.
     
  15. HardCorec

    HardCorec Sensei

    2,096
    2,590
    4 ноември 2013
    Машко
    Абе не може да му додели адреса на тој рутер, значи тој рутер му функционира како обичен Switch и во никој случај не може да повлече адреса од DHCP серверот.
    Друже пиши ја адресата како што ти кажав погоре, ако не ти е јасно што зборувам тогаш пиши ми една порака и остави ми број и ке ти објаснам на телефон.
     
  16. ARMac

    ARMac Sensei

    4,088
    3,769
    2 oктомври 2010
    Машко
    Не прочитав скроз да бидам искрен :)
     
  17. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Мислам дека средив, ама ќе видам како ќе се однесуваат конекцииве.

    Откако ресетирав и подесив Ми-то, видов дека има опција за Network repeater, која вика лан кабелот од првиот рутер да иде во WAN, и само се подесува. Наместив 2.4 и 5 GHz мрежи, канали и слично, и ќе видам дали ќе биде во ред деновиве. Исклучив безжична на Хуавеи рутерот, ама има доста мрежи во скоро сите канали во мое опкружување. 9ка е најчист канал, а јас сум на 11ка и се преклопувам со комшијата под мене. Претходно бев на 9ка, сега ќе видам некој ден вака на 11 дали ќе има проблем.

    Фала на сите за помошта, @HardCorec да не те малтретирам, ќе ѕвонам ако заглавам.
     
  18. gdamjan

    gdamjan Ентузијаст

    2,168
    433
    3 Април 2008
    тоа е broadcast адресата, не е на рутерот.

    една работа што можеш да ја пробаш е да уклучиш wireshark, по можност додека си врзан со етернет на Mi-то (има таква опција?) и да го ресетираш. можно е во тој момент да направи некаков сообраќај од кој ќе може да се дедуцира која му е адресата.

    пс.
    секогаш можеш и да го ресетираш на factory defaults - сигурно има некое копче.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  19. HardCorec

    HardCorec Sensei

    2,096
    2,590
    4 ноември 2013
    Машко
    Нема проблем друже, ако треба нешто тука сум.
     
    На krema и Necromancer им се допаѓа ова.
  20. Necromancer

    Necromancer Sensei

    2,905
    3,090
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Еве сега како изгледа, Хуавеито е DHCP сервер, на 192.168.100.14 можам да пристапам до Ми рутерот и да сменам подесувања. Ваква варијанта ми одговара, па ќе видам како ќе биде деновиве.

    dhcp_list.JPG
     
  21. xenon

    xenon Sensei

    3,752
    8,755
    15 Јануари 2011
    Машко
    1. Стај го хјундаивеито во bridge мод (telecomadmin/MKTuserGPON)
    2. Дај му адреса пр 192.168.1.1 сабнет 255.255.0.0
    3. Жаомијето дај му ип 192.168.100.1 и нека остварува pppoe конекција, сабнет 255.255.255.0, уклучи му nat и dhcp
     
    На DrMTR и Necromancer им се допаѓа ова.

Сподели