Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Пронајди

berezitski

Gaining Experience
27 јануари 2017
14
65
Дечки има нова верзија на со неколку подобрувања
- се бира колку записи ќе има на една страна
- има About/Contact/Feedback popup
- Додадено е копче (НАЈНОВИ) за прикажување на сите огласи подредени по датум
Може има уште нешто ама не ми текиња.
 

l1d0v1c

Practice makes perfect
10 март 2011
700
1.596
Кога ќе кликнам на стрелката за повеќе информации во grid view, се губат истите во позадина на долниот оглас.

Back to top копчето сепак мислам дека треба да биде во ќоше, а не вака скоро на средина на страницата, баш кај што се огласите и кај што е истата стрелка за додатни информации.

Screenshot_1.png

Screenshot_2.png
 

Ile bocev

Gaining Experience
15 ноември 2015
342
260
Sирнав сега. Мене ми се допаѓа. Ме потсетува на google :)мало а моќно.
Сепак имам мала замерка што нема сортирање по цени пониски кон повисоки или можеби јас не сум приметил.
Во секој случај позитивно нешто. Ми се допаѓа
 

tupacan

Unstoppable
10 септември 2007
1.733
2.391
Не ми е јасно како тој шит pazar5 може да биде конкуренција на било нешто. Ми личи на сајт направен од средношколец за време на блок часови по информатика во 2003 година.

Никогаш не би поставил оглас на таков сајт, ниту пак би пребарувал огласи.

Како и да е, во врска со темава, колку и да мислите дека дизајнот може да се среди покасно, немојте! Без добар UI/UX, сајтот колку и да е функционален и брз, е џабе.

Можеби изгледа дека плукам по туѓ труд, но баш напротив - сакам да кажам дека под итно треба да вработите UX дизајнер, пошто идејата е екстремно добра и треба да се развива. Жално е да ваков функционален сајт неможе да го задржи корисникот и да го натера наместо по нативните сајтови, да пребарува преку овој.

Еве пример јас пред да го разгледам од технички аспект, влегов како обичен корисник да пребарам автомобил. Сајтот не ме задржа повеќе од 20 секунди, ниту ме натера да се вратам да пребарам нешто друго.

Уште нешто - страшно ме иритира пребарување после секој испишан карактер. Мислам дека е подобро да се направи со ентер.
Можеби ова е до мене, пошто гледам никој не го спомнал, но ете, да споделам мислење. :)

Поздрав и поддршка до идејата!
 

null_ptr

Модератор
20 ноември 2013
782
719
Има доста подобрување од првото користење, бравос.

Незнам која е замислата за во иднина во врска со изгледот, мое мислење да има мал контраст на позадината и огласите, некако ги оделува едни од други, малку попрегледно.

upload_2017-2-5_10-48-18.png
 

bobmkd

Gaining Experience
18 ноември 2008
362
183
Скопје
Друже @berezitski многу јако ова мало, брзо и бесно копиле од пребарувач :) БравоС

Супер би било да го средите форматот на датумите во резултатите а и старите цени да ги пречкртува како кај оргиналните огласници.

upload_2017-2-5_12-39-55.png

При пребарување на повеќе од еден збор, на пример „stolarija pvc“ и „pvc stolarija“ не ги дава истите резултати.
 
Последна промена:

berezitski

Gaining Experience
27 јануари 2017
14
65
Има поствено нова верзија на сајтот со неколку подобрувања, меѓу кое и проблемот со гридот.
 

bakigvg

Gaining Experience
28 јуни 2016
205
109
Уште колку ќе треба да чекаме да се среди пребарувањето по категорија и локација ?
 

berezitski

Gaining Experience
27 јануари 2017
14
65
Конечно е направено пребарувањето по категории....
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.380
7.377
Скопје
www.facebook.com
Пребарува и огласи што се избришани и пред 1 недела. Односно сеуште постојат огласите на оваа страна ама не постојат на реклама5 и пазар3 односно избришани се.
 

berezitski

Gaining Experience
27 јануари 2017
14
65
Пребарува и огласи што се избришани и пред 1 недела. Односно сеуште постојат огласите на оваа страна ама не постојат на реклама5 и пазар3 односно избришани се.
Да точно е ова за жал... Мислам дека овој проблем го имаат и агрегатите за вести, ама кај нив е полесно, бидејќи не се бришат толку често вестите, додека кај огласите е проблематично, па мора да се направи нешто.

Работиме моментално на тоа и набргу ќе биде средено заедно со други интересни функционалности...
 

Oktar

Хаќер без дрон
23 октомври 2012
5.711
17.370
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i9-9900k + Noctua NH D15 Chromax.black
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Video card
MSI RTX3080 SuprimX
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2, Logitech MX Master 3, Logitech Wireless G Pro, Logitech G703
Keyboard
Keychron Q2, Keychron Q6, Logitech MX Keys Mini
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 11 + MacOS
Фино рекламче, само на првата сцена место црно знаме, стајте му бело, демек се предава, се откажува веќе, ама оп, тука е сервисот на пронајди и та даааа...problem solved. Инаку, баш пред некој ден го злоставив вашиот сервис и да ти кажам право ми заврши доста работа, чисто и прегледно на едно место. Има простор за подобрување, ама начелно, добро си ја брка работата.
 

berezitski

Gaining Experience
27 јануари 2017
14
65
Денеска е ставена нова функционалност пребарувањето, т.н. autocomplete сугестии, базирана на постоечките податоци, зачестеноста на пребаруваните зборови или сет од зборови и релевантноста на истите. Пробајте....
 

steelseries

On your way to fame
20 декември 2015
1.107
776
Skopje
steelseries's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 w/Stock Cooler (Wraith Spire RGB)
Motherboard
Asus x370 Prime PRO
Storage
WD10EZEX Blue
PSU
Cooler Master Vanguard 750+ Gold
RAM
HyperX Predator 2x8GB // 3200Mhz
Video card
Asus GTX 1060 6GB
Mouse
SteelSeries Rival 310
Keyboard
Gigabyte K85 Mechanical RGB
Monitor
Benq RL2455HM
OS
Windows 10 Pro
Сакам да додадам нешто што сеуште го нема на нашите сајтови за огласи, МОРА да се прикачи слика за продуктот или што и да е за да биде постиран на огласот, секако администрацијата ќе провери дали се совпаѓа сликата со насловот.

Грдо изгледа оглас без слика, не доверливо...

keep up the good work.
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.380
7.377
Скопје
www.facebook.com
Сакам да додадам нешто што сеуште го нема на нашите сајтови за огласи, МОРА да се прикачи слика за продуктот или што и да е за да биде постиран на огласот, секако администрацијата ќе провери дали се совпаѓа сликата со насловот.

Грдо изгледа оглас без слика, не доверливо...

keep up the good work.
Да али овоа е пребарувач сличен како на гугл. Тоа со сликите тие што објавуваат треба да прикачуваат самите а и овој пребарувачот превзема огласи автоматски од реклама5 , пазар3 и т.н
 

steelseries

On your way to fame
20 декември 2015
1.107
776
Skopje
steelseries's setup  
Processor & Cooler
Ryzen 7 1700 w/Stock Cooler (Wraith Spire RGB)
Motherboard
Asus x370 Prime PRO
Storage
WD10EZEX Blue
PSU
Cooler Master Vanguard 750+ Gold
RAM
HyperX Predator 2x8GB // 3200Mhz
Video card
Asus GTX 1060 6GB
Mouse
SteelSeries Rival 310
Keyboard
Gigabyte K85 Mechanical RGB
Monitor
Benq RL2455HM
OS
Windows 10 Pro
Да али овоа е пребарувач сличен како на гугл. Тоа со сликите тие што објавуваат треба да прикачуваат самите а и овој пребарувачот превзема огласи автоматски од реклама5 , пазар3 и т.н

20,30 % од огласите што ќе ги отворам само меин пејџ отвара од реклама5 xD
 

krema

Epic
24 јуни 2009
15.097
14.964
youtu.be
Мене со слики ми отвара.
Инаку пребарувачката машина е се` подобра и подобра.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
48.146
Мислења
990.973
Членови
36.259
Најнов член
Minco
На врв Дно