• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Promocija na Makedonija preku e-sodrzini

  • Ја почнал/а темата ana
  • Време на почнување
Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

ana

Intern
10 април 2007
12
0
Vo petokot vo kulturniot centar Tochka se odrza tribina na tema Promocija na Makedonija vo svetot preku e-sodrzini. Na prisutnite im bea pretstaveni proektite Slikarski Visovi, Exploring Macedonia i Enciklopedija Makedonika. Vovednicarite gi spodelija svoite iskustva, problem situacii i planirani aktivnosti, vlijanieto i komercijalniot uspeh shto go ostvarile nivnite proekti itn.
Interesna debata se otvori na tema cena na chinenje na CD-romovite Slikarski Visovi i Makedonika. Nekoi od prisutnite smetaa deka cenata treba da bide poniska i so toa da se postigne pogolema pristapnost kon ovie dela. Pretstavnicite na firmite avtori smetaa deka za da ponudat poniska cena potrebna e subvencija od drzavata. Spored nivnoto iskustvo, osven nekolku fakulteti vo Skopje, retko koja od drzavnite institucii bila zainteresirana da kupi primeroci. Toa e sluchajot i so biliotekite, kako eden od nachinite da im se priblizat ovie trudovi na onie shto ne mozat da si gi dozvolat po pazarnata cena.
Tribinata ja organizirashe Fondacijata Metamorfozis, koja godinava e zadolzena za sproveduvanje na natprevarot za Nagradata na Svetskiot samit za informatichko opshtestvo za Makedonija,chija cel e promocija na najdobrite digitalni sodrzini vo svetot.


Povekje za tribinata na http://www.metamorphosis.org.mk/content/view/910/4/lang,mk/

Za natprevarot
www.wsa.org.mk
 

Katerina

Intern
5 јуни 2007
9
0
Имав можност да присуствувам на изборот на македонските претставници за Наградата на Светскиот самит во просториите на Стопанската Комора.

Бројот на пријавени кандидати ме уплаши. По 3-4 до 5 во категорија, со emphasis на индивидуални блогови и апла joomla забавни портали.

Страшно.

Пријавените кандидати со исклучок на некои како што е и форумов:bravo: пријавен во категоријата е-вклучување, најверојатно не знаеле што се и кај им е местото.

Посебно ќе се задржам на категоријата е-бизнис.
Значи во листата на кандидати во ваква категорија можеа да се најдат "сериозните креатори и лидери во македонскиот е-бизнис": Златна Книга и Exploring Macedonia-се фалеа дека воведувале плаќање преку интернет= "најнова технологија". Значи повторувам категорија е-бизнис. Не ми се веруваше!

И сега ќе отидеме на светски избор за е-бизнис решенија, со бизнис директориум по default или туристички портал што нуди плаќање и резервација преку интернет.

Ќе ни се смеат!!!

Морам да признаам дека се надевав дека ќе видам апликации кои барем имаат "бизнис" (не мора "е") од е-бизнис.

Како независен набљудувач ја извлеков следнава лекција:

ICT in Macedonia sucks. It's official!

Во секој случај, ги поздравувам Metamorphosis што барем успеваат колку толку да организираат вакви настани.
 

didi

Intern
5 јуни 2007
15
1
World Sammit Award

Да, Кате... completely agree :bravo:

Јас после презентациите на натпреварот сфатив дека кај нас софтверските фирми во последно време биле премногу зафатени со искористување на нашиот "cheap labor" во проекти за изработка на делче од некој дел на некоја апликација на некоја странска компанија за малку поголем man / hour надоместок. Тоа, нели не е ниту противзаконски, ниту погрешно, ниту пак лошо влијае на нешто. Океј си е тоа, менаџерите си заработуваат добра пара, скоро сите наши програмерчиња си се вработени и дури почнаа да имаат преговарачки левериџ за плата зашто нели во некоја друга софтверска МК компанија добиле проект за малку поголем man / hour.

Па... зашто тогаш би ни бил потребен факултет на сите? Зашто сите невработени во Македонија не поминат некој ИТ курс и не го "продадат" своето време за да направиме уште некое делче од некој софтвер? Зашто да мислиме воопшто? Ние ќе си направиме краткорочно некоја паричка, и ќе си поуживаме... Пак ќе дојде некој проект... пак истото...

До кога?

Се додека не станеме понеконкурентни и од сега и сите такви проекти не отидат кај некои Индијчиња, т.е. извинете, во иднина Бугарчиња, Унгарчиња и други побројни и поефтини *.чиња... и ние не си останеме дома пишувајќи си на вакви ИТ форуми колку ИТ индустријата во Македонија ни оди надолу и колку не растеме колку што другите растат...

Што се случи со претприемачките иницијативи од било кој вид во софтверската индустрија кај нас????? Да, има тук-таму по некоја... ама, зашто на натпреварот World Sammit Award во групата е-бизнис оваа година имаше само еден иновативен и целосно направен во Македонија софтверски е-бизнис производ наменет за продажба? Зар цели 2 години само една македонска софтверска компанија размислувала?

... дајте видете што се случува out-of-your-box на работа... видете какви софтвери се креираат... кои се трендовите... прочитајте нешто повеќе и замолете ги вашите колешки од маркетинг да го "истражат" пазарот за некое софтверско решение (таман ќе ги здружите) :rolleyes: ... предложете му на шефот да правите нешто ново и иновативно...

Ајде да правиме нешто! :taz:
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Wow. Мило ми е што прочитав вакви постови (не ме сфаќајте погрешно, не ми е мило што е таква ситуацијата :( Туку мило ми е што работите се правилно проценети)

Се согласувам и со Катерина и со Didi. Да, премногу долго тропкаме во место. Мора да се превземат многу работи во Македонија. Услови какви-такви имаме, доста е мрчење, треба работа :)

(Уште само малку off topic мрчење: Ме нервира што во Македонија скоро се' се сведува на *ќе* и *треба да* а тоа никако да се случи)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,510
Мислења
822,312
Членови
28,048
Најнов член
milesp
На врв Дно