• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Промените во Ethereum мрежата (можеби) доаѓаат во август, копачите со нови правила на игра

ContentBot

Робот (content unit)
12 ноември 2021
76
154
www.IT.mk
Падот на крипто-берзата последниве неколку недели без сомневање е болна реалност за сите кои инвестирале во криптовалутите или во опрема за копање, а највеќе ги боли оние кои влегле во изминатите неколку месеци кога пазарот беше во подем. Намалувањето на вредноста на криптовалутите на еден или на друг начин ги опфаќа и ги афектира сите играчи во еко-системот, без разлика дали станува збор за инвеститори во криптовалути или алт-коини, или пак за девелопери или вработени во некои од компаниите кои имаат широк фокус на крипто, на пример една од најголемите берзи во светот Coinbase отпушти над 1.000 од своите вработени, и тоа преку имејл. Но секоја приказна има и две страни, Binance пак, во крипто-падот како што го нарекуваат, вработува нови луѓе и го зголемува својот тим…

Еден од проблемите кој е специфичен за „копачите“ на една од најкористените децентрализирани блокчејн проекти Ethereum (чија главна валута е Ether) е најавеното спојување на нодовите, т.н. „Merge“ кој речиси сигурно ќе се случи оваа година по неколку одложувања изминатите две. Ова не е прва најава за спојувањето, но сега поголем дел од експертите шпекулираат дека шансите да биде одложен за следната година се под 10 проценти. Со оваа промена опремата за копање Ether-и значително ќе се промени и проектот ќе премине од т.н. Proof-of-Work (PoW) на Proof-of-Stake (PoS) концепт, кој малку поинаку ќе ги постави работите на системот за извршување и наградување на трансакциите во мрежата.

Прочитај повеќе @ Промените во Ethereum мрежата (можеби) доаѓаат во август, копачите со нови правила на игра ⋆ IT.mk
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42.949
Мислења
889.618
Членови
31.702
Огласи
200
Најнов член
ineslekovic
На врв Дно