Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Промена на термални падови и паста на Gigabyte AORUS Radeon RX6800XT MASTER 16GB

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Здраво на сите.
Пред некое време ја купив графичката од насловот (половна).

Засега, ми личи дека се е ОК, меѓутоа кога играм PUBG - понекогаш забележувам (преку GPU-Z) температурата на Core се држи 65-70C, а hotspot оди до 100-105.
Од она што читав - ова е нормален опсег за РX6800XT, меѓутоа она што не ми е нормално е разликата помеѓу двете.
За меморијата не сум забележал, сега видов дека во GPU-Z не ми го дава тој сензор, но го има во HWinfo.

Fan curve ми е наместен преку Afterburner и мислам дека е ОК (дадете совети ако не е):

FVvr4U7.png

Фабрички (преку Gigabite Control Center) графичкава има zerо-fan опција при idle.
Со Afterburner го прескокнувам ова и ја држам на минималните поддржани вртежи (33%, ~840 во idle).
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Нејсе, секако сакам да сменам паста и падови за да бидам раат, а и не знам како е точно користена графичкава претходно.
Отворив тикет преку Gigabyte eSupport и ова го добив како одговор:

The size of thermal pads for AORUS Radeon™ RX 6800 XT MASTER 16G as below:

52.5mm x 6mm x 1.25mm
65.5mm x 10.5mm x 1.25mm
48mm x 14mm x1.5mm
43mm x 14mm x 1.5mm
89mm x 10.5mm x 1.25mm
86mm x 6mm x 1.25mm

На Reddit најдов некој со слична картичка (Gigabyte 6800XT Gaming OC) и ова му одговориле:

51.5mm x 6mm x 1.0mm
55.5mm x 10.4mm x 1.0mm
48mm x 14mm x 1.5mm (2 pcs)
43mm x 14mm x 1.5mm
89mm x 10.4mm x 1.0mm
86mm x 6mm x 1.0mm

Како што може да се забележи - прилично слични димензии.

На YouTube го најдов видеово за истата картичка како мојата:

TLDR - Дечково ги заменува падовите со 1mm и подебелите 2mm, за да на крај стави 1mm на сите бидејќи дебелите не биле во ред. По она што мене ми го пишале како одговор - требало да стави 1.5mm наместо 2mm.
Фабрички, падовите имаат доста мека текстура, по мое како на манчмелоу (ова е она што јас го гледам физички на картицава, а и она што дечкото од видеото го воочил при промена).

Прашањата ми се:
  • дали да одам со 1mm за сите падови? (со оглед на тоа дека заменскиве се потврди т.е не се згмечуваат како фабричките, убеден сум во тоа)
  • каде во МКД да најдам убави падови?
  • со што да ја исчистам термалнава паста и остатоците од падовите? Како заменска паста планирам Arctic MX-6 која што дојде со кулеров. Дали може со медицински алхохол (96%)? Изопропил секако тешко се наоѓа овде (најпрепорачана метода по интернетов).

Препоставувам дека @gOJDO и @Pane24 можат да дадат убав поглед на проблематикава...
 
orce97

Gaining Experience
19 декември 2022
362
353
www.youtube.com
Падови можеш да најдеш во Нексио на Арктик тие ти се добри имаат различни големини пад, јас би истражил добро но не е лошо да земеш од двете големини, пастата ја чистиш со медицински бензин и можеш да и ставиш mx6 ќе ти врши работа.
Сменување на термална паста и падови на ГПУ не е нешто многу комплицирано но доколку немаш менувано до сега @gOJDO може да ти заврши работа мислам дека чини 1500 денари, имај на ум дека и да купуваш сам ќе ти излезе тука негде може и поскапо :)
Поздрав
 
Rejzerot

Practice makes perfect
19 мај 2022
634
1.104
Скопје
Здраво на сите.
Пред некое време ја купив графичката од насловот (половна).

Засега, ми личи дека се е ОК, меѓутоа кога играм PUBG - понекогаш забележувам (преку GPU-Z) температурата на Core се држи 65-70C, а hotspot оди до 100-105.
Од она што читав - ова е нормален опсег за РX6800XT, меѓутоа она што не ми е нормално е разликата помеѓу двете.
За меморијата не сум забележал, сега видов дека во GPU-Z не ми го дава тој сензор, но го има во HWinfo.

Fan curve ми е наместен преку Afterburner и мислам дека е ОК (дадете совети ако не е):

FVvr4U7.png

Фабрички (преку Gigabite Control Center) графичкава има zerо-fan опција при idle.
Со Afterburner го прескокнувам ова и ја држам на минималните поддржани вртежи (33%, ~840 во idle).
---------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Нејсе, секако сакам да сменам паста и падови за да бидам раат, а и не знам како е точно користена графичкава претходно.
Отворив тикет преку Gigabyte eSupport и ова го добив како одговор:

На Reddit најдов некој со слична картичка (Gigabyte 6800XT Gaming OC) и ова му одговориле:

Како што може да се забележи - прилично слични димензии.

На YouTube го најдов видеово за истата картичка како мојата:

TLDR - Дечково ги заменува падовите со 1mm и подебелите 2mm, за да на крај стави 1mm на сите бидејќи дебелите не биле во ред. По она што мене ми го пишале како одговор - требало да стави 1.5mm наместо 2mm.
Фабрички, падовите имаат доста мека текстура, по мое како на манчмелоу (ова е она што јас го гледам физички на картицава, а и она што дечкото од видеото го воочил при промена).

Прашањата ми се:
  • дали да одам со 1mm за сите падови? (со оглед на тоа дека заменскиве се потврди т.е не се згмечуваат како фабричките, убеден сум во тоа)
  • каде во МКД да најдам убави падови?
  • со што да ја исчистам термалнава паста и остатоците од падовите? Како заменска паста планирам Arctic MX-6 која што дојде со кулеров. Дали може со медицински алхохол (96%)? Изопропил секако тешко се наоѓа овде (најпрепорачана метода по интернетов).

Препоставувам дека @gOJDO и @Pane24 можат да дадат убав поглед на проблематикава...
Јас ги има користено овие падови https://www.anhoch.com/products/thermal-pad-minus-pad-8-thermal-grizzly--120x20x10-mm-3397 ,на nvidia графичка карта,и искрено доста степени ми спушти на картата.Да напоменам картата немаше некаков проблем,него јас сметав дека се високи темп,и од мој мерак ги сменив оргиналните со овие падови.Нека се изјасни @Pane24 бидеќи го сметам за експерт,секако ке даде подобро инфо од мене,затоа што само едно искуство имам со менување на падови на карта.
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Мислам дека би одел на Arctic TP-3, изгледа многу поекономично во пакувањата што ги нудат.
А и самите падови ги фалат доста, како што најдов по интернетов.

Нексио:
PAD THERMAL ARCTIC TP-3 TC: 7.6 W / mk ACTPD00053A
100 x 100 x 1.0mm
610 денари

PAD THERMAL ARCTIC TP-3 TC: 7.6 W / mk ACTPD00054A
100 x 100 x 1.5mm
710 денари
---------------------------------------------------------------------------------------------------

Графичкава:
52.5mm x 6mm x 1.25mm
65.5mm x 10.5mm x 1.25mm
89mm x 10.5mm x 1.25mm
86mm x 6mm x 1.25mm
Вкупно: 100mm (макс должина) x 33mm (вкупно ширина) x 1mm (висина)

48mm x 14mm x 1.5mm
48mm x 14mm x 1.5mm
43mm x 14mm x 1.5mm
Вкупно: 100mm (макс должина) x 42mm (вкупно ширина) x 1.5mm (висина)

По сечењето:
  • ќе ми останат 67mm во ширина за падовите од 1mm т.е уште за цирка 8 падови (4 искористени - 12 вкупно)
  • ќе ми останат 58mm во ширина и 50mm во должина за падовите од 1.5mm т.е уште за 9 падови (3 искористени од првиот ред, 3 останати од првиот ред, 6 останати од другиот ред - 12 вкупно)
Весела математика малку...
 
Последна промена:

Тогаш земaj :)
 
Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.373
7.301
Скопје
www.facebook.com
Не треба многу наука и филозофирање со тоа.
Расклопуваш графичка, мереш падови и иде купуваш таа дебелина. Доколку ги нема си нарачуваш и си чекаш.

Во меѓувреме си тераш со старите падови и менуваш само пастата.
Патем со тие 7.6W/mk не правеш ништо. Гледај да е барем 12w/mk
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.032
17.998
Изопропил користат по штампарииве. Ако имаш пријател барај преку него (не сум сигурен за хем. назив. Стално го заборавам)

Повеќе точен назив за него е "разредувач" минус штетните последици.

На времето јас го имав купено ова:

Што во суштина се крие зад името Orange Solvent или Degreaser. Напеавен е од 100% есенција од портокал, мрсен и.. чуда прави особено кога се отстранува термална паста (ја згрутчува односно ја прави како дебела емулзија)

И со обичен 97% шпиритус ќе завршиш работа. Ќе се помачиш ама ќе завршиш работа.

Држи се до официјалниот емаил од Гигабајт.
Хотспотот се решава со квалитетна и не премногу течна паста. Накај дебела треба да биде. Густа.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.032
17.998
Fan curve ми е наместен преку Afterburner и мислам дека е ОК (дадете совети ако не е):
Прееска пишував од мобилен па не ми беше прегледно

Што се однесува до кривата мислам дека си премногу благ после 55-ина степени со оглед на тоа што имаш драстична разлика помеѓу Core-то и Hot Spot-от (околу 35-6 степени)

Остави ја изгасната до кај 40-ина степени (или види колку во просек оваа седи при ајдл) и после 60 степени оди поагресивно.

30% од 0 до 40, 50% од 40 до 55, 60% од 55 до 60, 70% од 60 до 70 и од 70 до 100 со 100%

Затоа што се работи за ладење кое реагира прилично инертно, иако не е водено, стави fan update period од 3 секунди. Јас би одел на две ама се зависи од тоа колку е чујно забрзувањето и успорувањето на вентилаторите.
IMHO непотребно ја тераш да врти ако нема потреба но ти си знаеш.
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Немам начин да наместам zero-fan во Afterburner. Или не знам како.
Од Гигабајт софтверот е тапа малку, го користам само за осветлувањето.

Ќе пробам со кривата што ја напиша, само да заврши фудбалов : )))

@FLEGMA - А да пробам без Afterburner? Гигабајтниов софтвер има таман толку точки колку што ги напиша (нема рачно да додадеш, 5 се макс).
Вака го подесив моментално, ископирано од твоето. Работи и zero-fan на овој начин.

edit - сепак има проблем. Zero-fan си стои до испрекинатата линија (55 степени), нема начин да ја поместам поназад и да се активира од 40 степени ццц

ln7AvSU.png
 
Последна промена:

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.032
17.998
Од Гигабајт софтверот е тапа малку, го користам само за осветлувањето.
Зошто не користиш OpenRGB (освен графичката да не е поддржана не гледам друга причина)

Мислам дека имаш колизија помеѓу двата софтвери. Сличен проблем порано имав со Asus AI Suite кога не знаеше да ги запре 40mm вентовите на матична а овие вртат до 6000 rpm и звучеа како да давиш мачка.
Го најдов .xml фајлот и рачно ја едитирав таа линија. Ваљда и кај тебе има нешто такво
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Не, нема колизија.
Исто работат со инсталиран еден програм (било кој од двата).

Afterburner нема zero-fan опција, а софтверот на Гигабајт има, но нема опција да го вратиш да се активира вентилаторот пред 55ц.
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Денес (мечка страв, мене не страв) решив да сменам паста и термални падови на графичкава што ја купив половна пред некоја недела.
Ниту знаев како е користена точно, ниту ништо.

Она што ме натера да ги сменам:
  • имаше чудни осцилации на hotspot температурата (варираше од 80c до 105c)
  • чисто ради мирна совест
Користена е паста Arctic MX-6 (која ја аплицирав во вид на X) и термални падови Arctic TP-3 со висина од 1mm и 1.5mm.
Првите се 4 парчиња околу чиповите, а вторите се 3 парчиња околу GPU-то (перспективата е од страна на радијаторот бидејќи таму останаа залепени падовите кога ја расклопив).
Графичкава има 3 слотови за кабли, меѓутоа ги извадив само едниот (тој за вентилаторите). Другите два (зa RGB и за LCD екранчето) останаа приклучени бидејќи не сакаа ни да чујат да излезат, а нејќев да запнам да не ги скршам. Се работеше лесно и со поврзани.

XLOADEb.png

И почнуваме (со блага тахикардија кон средна):

JgPy9wb.jpeg

9jBESoq.jpeg

Од сликава како што се гледа, паста и немаше баш...

TQ9kxBd.jpeg

bTpA4KW.jpeg

По чистењето (користев етанол од 96%, стапчиња за уши и од оние марамчињата за наочари што не оставаат влакна), аплицирано паста:

94uwHeD.jpeg

Сменети и термалните падови:

9iqBoA5.jpeg

Ipg7acx.jpeg

Вака легнаа падовите после склопување и затегање на штрафовите:

Hm9cAL8.jpeg

JOG7943.jpeg

Старите падови и она што остана од новите (беа во димензија 100mm x 100mm). Oстана доста, нека седат така.

eVS9nFG.jpeg

kjKGFQ0.jpeg

Резултатите...
Е резултатите во прилог.

Сликава е сликана вчера, после извесно користење на компјутерот т.е не беше правен стрес тест во Adrenalin на ладна графичка

pGfVREs.jpeg

Наредната слика е сликана денес, после прво стартување на компјутерот.
Ладна графичка и ставен стрес тест на 10 минути:

PTHp9fc.jpeg

Наредниот тест беше после промената на пастата и падовите, односно веднаш штом ја вратив во куќиштето (беше ладна).
Истиот начин - стрес тест на 10 минути. Вредно е да се напомене дека fan curve за вентилаторите беше идентичен за сите три сценарија.

unL6lqZ.jpeg

Сумирано:
  • во просек GPU температурата остана тука некаде вака првично, ќе видиме во real-life сценарија
  • Hotspot температурата опадна ДРАСТИЧНО, а и варијациите на истата се сменија драстично. Претходно знаеше да скока (од 80c на 100, па назад, па напред).
Сега се качува или спушта многу полинеарно, а и максималните вредности опаднаа многу (во просек 15-20c).
- VRAM температурата се однесува слично со варијациите. Сега е многу полинеарна, а и максималната вредност опадна за минимум 10c.

Се надевам експериментов ќе им помогне малку од малку на колегите форумџии.
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.032
17.998
Hotspot температурата опадна ДРАСТИЧНО, а и варијациите на истата се сменија драстично. Претходно знаеше да скока (од 80c на 100, па назад, па напред).
Ти реков јас..

:)

Не, озбилно! Има случаи каде фабриката става криминално лоша паста и тоа во недоволни количини.
Се гледа на сликите. Хотспот од 10 степени разлика е феноменален резултат.

Очекувај за ден-два уште подобри резултати (можеби за степен до два)

Колкава разлика имаш од собна до измерена на процесор (CPU) и на графичка при долг ајдл?
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Колкава разлика имаш од собна до измерена на процесор (CPU) и на графичка при долг ајдл?

Ау, не би знаел колку ми е собната температура никогаш.
Не е прежешка, не е преладна. Денес би рекол 20-23c, стварно не знам.

Она што забележав на графичкава е дека ајдл држи до 39c (GPU) со 41c (hotspot температура) со вклучени вентилатори на минимумoт што го поддржува (33% т.е околу 850RPM):

mfNUIF4.png
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Денес утепав доста чепкајќи ја графичкава и подесувањата за неа, ова ќе биде малку подолг (со слики) пост.

-----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Undervolt

Денес на графичкава и наместив и undervolt и работи одлично.

AC4go0F.png

  • Наместено min GPU clock 2300, max 2400 (секако, паѓа и под 2300). 2400 е и фабричкиот лимит.
  • Волтажата ја вратив од 1150 (фабричката) на 1050mV, нема мака
  • VRAM фрекфенција наместив 2112Mhz т.е да ја држи на 2100 при оптеретување (има 12Mhz offset). Фабрички и при стрес тест ја држи на 1988Mhz.
  • Power limit +15%
  • Побарувањата за струја се намалија ~30W.
  • Температурите се намалија во просек по 5-10c (на hotspot)
Еве и стрес тест за двете сценарија.

Default (со истиот fan curve):

9N37Rrs.png

Undervolt (со истиот fan curve):

LkioHIK.png

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Idle температури

Овде пробав 4 сценарија - default со zero fan и без, како и undervolt со zero fan и без.

Default со исклучен zero-fan

x5Xtubz.png

Default со вклучен zero-fan

fGU97Tx.png

Undervolt, со исклучен zero-fan

ZaQ2j6n.png

Undervolt, со вклучен zero-fan

RXdSKwm.png

------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Fan curve

Овде наместив 2 профили - со вклучен и со исклучен zero-fan.

Со исклучен zero-fan:

AC4go0F.png

Со вклучен zero-fan

89P3PKt.png

Kaко што може да се забележи од сликите:
- Кога е со zero fan - вентилаторот се вклучува над 55c. Oва е хардверска/BIOS лимитација т.е нема опција да се промени.
- Кога е со вклучен вентилатор - најмалку што може да се подеси да врти е 33% т.е околу ~850RPM и е прилично нечујно.

Ќе ми требаат два совета:
  • Дали да ја држам со zero fan или без? Чујно, не ми смета со вклучен вентилатор на минимум.
  • Како да ги наместам fan curve и во двата случаи и да ги зачувам профилите.
Избришани MSI Afterburner и софтверот на Гигабајт за време на сите тестирања, да не се мешаат.

@FLEGMA - Ај сега да те видам :D
 
Последна промена:

FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.032
17.998
Ај сега да те видам
Што има да ме видиш..
Си доби на лутрија квалитетни падови и паста. Не џибај повеќе :)

Гасни ги вентилаторите. Нема потреба да работат на толку ниски температури.

Ваљда в лето ќе имаш потреба. Штеди ги. Тешко се најдуваат квалитетни
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Уште совет ми треба како да ја наместам zero-fan кривава. Не знам дали е ОК.

nakjHK1.jpeg

Ќе ја оставам на undervolt, само уште да ја подесам некако со кривата...
 
FLEGMA

Illuminator
2 август 2012
11.032
17.998
Ако не те остава да ја подесиш границата на zero fan тогсш намести поагресивна крива со брз ramp up и спор slow down

Од совтвер страна ти препорачувам Speedfan кој е pain in the ass ама затоа знае да комуницира на хардверско ниво со чиповите од матичната (обично Nuvoton или Winbond) и од графичката па така можеш, на пример, да ги впрегнеш сите вентилатори да соработуваат помеѓу себе.
На пример да не дозволиш трупање на жештина кога ќе сети дека процесор и чипсет се загреале итн.
Слично како Asus AI Suite.

Слично, па и подобро односно user friendly можеш со Fan Control.

Јас би одел на агресивна крива над границата од zero fan за почеток
 
orce97

Gaining Experience
19 декември 2022
362
353
www.youtube.com
Kaj mene so undervolt na 6700xt vaka mi e podesen fanot max odi do 60 stepena grafickata plus kaj tebe e so 3 fana probaj go ova pa vidi kako ke raboti kaj mene e ladna i tivka :) Screenshot 2024-05-13 151219.png
 
Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје

orce97

Gaining Experience
19 декември 2022
362
353
www.youtube.com

Атачменти

  • Screenshot 2024-05-13 174130.png
    Screenshot 2024-05-13 174130.png
    31,8 KB · Прегледи: 10

Goran995

Practice makes perfect
16 ноември 2019
1.155
1.937
Скопје
Малку тестирање денес, со барање на fan curve по моја мерка. Малку гејминг, малку idle.
Се одлучив на оваа, па вака ќе терам.

wVEItIJ.png

Idle:

9oyWtik.png

Гејминг:

u8TSrrq.png

Температурата се држи тука некаде (на hotspot), 60-70c, со брзина на вентилаторите од 50-60%.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.112
Мислења
974.762
Членови
35.414
Најнов член
zokipoki321
На врв Дно