Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Промена на системски јазик, Windows 10

Harvi

Intern
7 ноември 2017
19
3
Ми треба помош. Морам да образложам прво какви се условите:

Работам во турска фирма во која компјутерите се мрежно поврзани и контролирани од друга фирма од Турција, и имаат ставено еден куп забрани (блокирани browseri, блокирани usb портови и сл.). На мојот компјутер во канцеларија рикна хард дискот. Дојде вчера техничар од фирмата и го смени, и нормално, инсталирал нов оперативен систем (Windows 10), ама системскиот јазик го подесил на турски и сега цел компјутер е на турски. Оди снајди се.

Јас сум имал претходно ист ваков случај, и сум го сменил јазикот преку Command Prompt, со lpksetup /u командата - едноставно го бришам од таму турскиот јазик и англиски автоматски станува default language. Е, ама сега нема инсталирано друг language pack и турски го дава како единствена опција, и не може да се избрише:

1712736788376112348294922578813.jpg

Тука не можам да одберам или додадам друг јазик, зашто веројатно и тука имаат некоја забрана ставено:

1712736881862242962929329554570.jpg

На reddit најдов едно решение да сменам во регистрите преку regedit, и тоа го направив, и после рестарт џабе:

1712736998260651326393987944054.jpg

И сега немам идеја што да направам. Значи тастатура, регион, се е подесено на англиски, само системскиот јазик е турски:

1712737106683646437977317973122.jpg

17127371561692298773953240489085.jpg
17127371969812824748427202593685.jpg

Ве молам за помош.
 
orce97

Gaining Experience
19 декември 2022
364
361
www.youtube.com
Ако си пробал неколку опции, крајно решение ти е да инсталираш нов windows симнат од микрософт пошто највероватно системот ти е инсталиран само на турски јазик :)
 
JamesKirk

Practice makes perfect
12 февруари 2015
1.745
1.473
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
MSI
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Harvi

Intern
7 ноември 2017
19
3
Ако си пробал неколку опции, крајно решение ти е да инсталираш нов windows симнат од микрософт пошто највероватно системот ти е инсталиран само на турски јазик :)
Не можам тоа да го направам, реков: има ограничувања на компјутерот преку кои не можам да поминам.
Мислењето е автоматски споено:

А зошто ти се занимаваш со таа работа? Зошто не му речеш на техничарот или некој од админите селџуци?
Зашто којзнае уште што ќе ми направат ако им отворам тикет со проблемот во фирмата која би требало да оправи. Се има случувано за едно погрешно нешто да отворам тикет, да го поправат тоа нешто и да ми расипат 100 други.

Ама ако нема друго чаре, ако не може никој тука да ми помогне, и тоа е во план.
 
stefan_mkd

On your way to fame
18 март 2015
769
584
IT админ треба да ги среди работите. Во зависност од безбедност на уредот, може да треба да чекаш нов апдејт на Виндоус кои фирмите го праќаат на некоја недела.
 
petkotrajko

Practice makes perfect
16 јуни 2017
1.558
1.678
Значи, од АјТи чоџук ич аир да не се видело!
Пу, јаз'к, пу сикини!
Чурук, бириќим, баеѓи чурук...
Речи му, ако не го попрај, џенем да вати!

(сори, малце лош хумор)
:)

П.С.
Ќе мора да викниш некој админ да ја среди ѓурултијава, освен ако не најдиш начин како да му наредиш на виндоусот (преку CMD) да си инсталира англиски интерфејс, па ако тоа успее, после некој ристарт или два, да му го избришиш турскиот, како што објаснуваше дека ти успеало пред да рикни ХДД-то.

Испратено од телефоно
 
Harvi

Intern
7 ноември 2017
19
3
IT админ треба да ги среди работите. Во зависност од безбедност на уредот, може да треба да чекаш нов апдејт на Виндоус кои фирмите го праќаат на некоја недела.
Блокирани се и update-ите. Нема да стигне нов update.
 
JamesKirk

Practice makes perfect
12 февруари 2015
1.745
1.473
Струга
www.facebook.com
JamesKirk's setup  
Processor & Cooler
i3 1215u
Motherboard
Lenovo
Storage
Solidigm P41 Plus 512gb + Samsung QVO 870 1tb
RAM
16GB
Video card
Intel UHD Graphics
Mouse
MSI
Keyboard
MSI
Monitor
Samsung LS24C310EAUXEN
OS
Windows 11 PRO

Harvi

Intern
7 ноември 2017
19
3
Патем, што не ви кажав: јас имам admin username и password, ако нешто значи. :p
 
marv

Unbeatable
5 октомври 2007
5.077
4.608
Ај види што Windows 10 инсталирал. Ако е Windows 10 Single Language нема шанси да смениш без преинсталација.
 
Astro

Epic
20 јуни 2012
9.409
14.653
Не можам тоа да го направам, реков: има ограничувања на компјутерот преку кои не можам да поминам.
Мислењето е автоматски споено:

Зашто којзнае уште што ќе ми направат ако им отворам тикет со проблемот во фирмата која би требало да оправи. Се има случувано за едно погрешно нешто да отворам тикет, да го поправат тоа нешто и да ми расипат 100 други.

Ама ако нема друго чаре, ако не може никој тука да ми помогне, и тоа е во план.
Пораката што ја добиваш на турски со црвени букви ми изгледа дека ти вели оти не си локален админ на компјутерот.
Ако не си локален админ тогаш тешка работа дека ќе успееш, прилично сум сигурен дека нема да успееш да направиш таква системска измена.

Барај им на админите нека ти наместат.
 
Ама тоа е сликано од user account-от. Реков, имам username и password и од admin account-от, таму не дава порака со црвено ама исто не дава опција да инсталираш language pack зашто интернетот е некако ограничен, т.е. блокиран.

Побарав да сменат, се уклучи некое муле од Турција, проба во settings да смени, не биваше, и се исклучи. Така и баба знаеше да направи. Ти викам, тотално неписмени се они, може ќе успеат да сменат јазик на систем, ама тастатурата ќе ми ја сменат на тајландски и после пак јас ќе си ја тупам главата.
 
Епа побарај им дозвола да инсталираш ти свеж Windows на англиски јазик, па после они нека го приклучат кон домејнот и групната секјурити полиса. Така најбрзо ќе оди. Тебе ќе ти требаат пола саат за тоа, а нив 30 секунди да те внесат во домејнот.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
47.130
Мислења
975.217
Членови
35.437
Најнов член
fensa08
На врв Дно