1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Промена на кариера во програмер

Дискусија во форумот 'Останато' започната од Justice for All, 19 Февруари 2019.

  1. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    211
    125
    10 Септември 2010
    Машко
    За мене
    • Правник сум
    • 30 год, не сум женет, немам деца
    • не ми се допаѓаат изгледите на струката што сум ја одбрал (а ни државава во која сум останал)
    • сакам да научам програмирање прво за поголема заработувачка, второ за поголеми можности (можности за работа во странство или преку интернет, поголема побарувачка за професијата на пазарот)
    Ве молам за совети во врска со
    • која насока е подобра во мојава ситуација: учење сам дома или некоја од академиите како на пример Сивус и слични (која ја препорачувате, имам пари да платам)... На жалост не го одбрав правиот факултет (финки веројатно) на време па сега некако ми нема смисла да се враќам назад па уште 3-4 години колку е да учам факс.
    • колку време да очекувам дека ќе ми треба да научам ако да речеме учам сам 8 саати на ден, до едно ниво кај што ќе можам да се вработам, барем како junior dev. Не сум нуб за компјутери општо, ама нуб сум за програмирање. Сега само што завршив еден почетен курс на udacity за python. (не беше толку тешко :)) Знам англиски одлично btw.
    • дали по завршување на академија ќе бидам оспособен да работам нешто, дали вреди за парите, дали вреди тоа што академијата може да помогне наводно во врска со вработување (со тоа што ваљда ќе те препорачаат)
    Инаку генерално на темава: не е дека нема работа како правник во МКД ама платите не се нешто баш нај нај. Имам 2 братучеди што работат адвокатура и не се нешто претерано задоволни (сега, добро, не работат многу долго... и тоа е фактор).
    Од друга страна имам 2 братучедки што со завршен факс од ИТ сектор (ваљда ФИНКИ беше) сега работат во странство како програмери. Исто така имам другар од основно што знам дека одлично заработува со оваа струка (во Скопје).
    Башка општиот тренд на младите да си го бараат чарето надвор од државава. Добивам чувство дека би бил будала да останам и дека би се покајал со тек на време. Затоа размислувам за некоја професија што би ми дала барем некаква шанса за тоа. Како правник можам да сањам за отселување и работа во странство (освен превртување плескавици во Мекдоналдс).

    Секој совет се вреднува. Фала однапред.

    п.с. Не бев сигурен каде да ја ставам темава па нека се премести ако треба.
     
    Последна промена: 19 Февруари 2019
    gOJDO, Speedster, loris и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    630
    671
    9 Декември 2015
    Машко
    Чисто информативно...во неврзан разговор со познавач на состојбите во врска со пазарот на труд, заклучивме дека кога се работи за дигитален маркетинг или IT in general, многу правници работат како content writers. Си размислил за тоа? Треба време како за се ама мислам дека побрзо би се вклопил и би почнал да заработуваш.
     
  3. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,808
    6,363
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ова е веќе животно прашање, тешко. Затоа и нема толку одговори.

    Ако си сигурен дека сакаш да бидеш програмер место адвокат, мој совет би ти било да земеш една книга за програмскиот јазик кој би те интересирал (for Dummies) и да видиш како би ти идело. Еве мене на пример никогаш не ми идело програмирање, а ме интересирало. Едноставно не ми лежи код.

    Ако видиш резултати по одредено време, после е лесно. Сам ќе знаеш во кој правец би ти одговарало да тргнеш. Што и да правиш, задржи го приходот кој го имаш (ако го имаш) додека не капне првиот денар (или евро) од новата кариера.

    И да додадам, што повеќе чекаш толку потешко ќе ти биде да учиш нови работи. У млади дани можев ACL листи на памет да ги памтам додека ги внесувам, сега мало сутра.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    211
    125
    10 Септември 2010
    Машко
    Не сум размислувал за тоа... не ни знам што е тоа :). Значи што работат овие луѓе и како може да се научи тоа?
    Ми фаќа кликерот не е проблем. :) Можам да учам.
    Само ми треба некој да сподели искуство, кој пат да го фатам, дали академија или сам дома.
    И еве, од тие што се програмери, нека кажат дали познаваат луѓе што успеале да се пробијат во професијата без диплома, да знам дека не си го губам времето за џабе.
     
  5. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,331
    4,839
    21 Јануари 2009
    Колкава ти е моменталната заработувачка?
    А на овој случај работиш ли?
    Ригретот кај овој ако остане вака е многу поголем отколку „утната кариера“.
    Дур да трепнеш можеш да се створиш 40 годишен ерген.
     
    Последна промена: 19 Февруари 2019
    The-spiki, martin17 и на VerGer им се допаѓа ова.
  6. Justice for All

    Justice for All
    Gaining Experience

    211
    125
    10 Септември 2010
    Машко
    300 евра. Работам во нотарска канцеларија. Во суштина, не сум без пари, имам заштеда и можам да се потпрам на моите за подршка ако решам да менувам кариера.

    Работам. И разбирам што сакаш да кажеш. Секако дека и тоа ми приоритет. Не се секирај бе знам колку години имам. :)


    Btw, једина причина зашто го спомнав тоа колку години имам и дали сум женет/немам деца, беше да се знае дека немам други обврски и можам да се фокусирам на учење ако решам.
     
  7. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,241
    1,254
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  8. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,872
    2,437
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    А да се фокусираш ти друже на некој бизнис наместо да фрлаш пари и губиш време по факултети за парче хартија со која може гз да си бришеш? Штом викаш дека имаш заштеда и може да позајмиш од твојте.
    Заработка на пари е едно нешто.
    Диплома е друго нешто.
    Знаење и умеење е трето нешто.
    Живеење во странство е четврто нешто.
    Ти ги поврза сите заедно веројатно зашто така не учеле од мали. Учење програмирање за да земеш диплома на 34 години со која би работел во странство и би заработувал повеќе мене ми нема смисла.
    Можеш да продолжиш да работиш по струка.
    Да учиш ете ако сакаш програмирање.
    И кога ќе има услови ако ти е мерак иди у странство.
    Конкретно да работиш нешто од мое искуство во америка за оние кои не се обврзани со правила и прописи а такви ги има многу, не те прашуваат што си дипломирал и работел кои све сертификати ги поседуваш па CV да ти бараат. Единствено нешто што ги интересира е дали ти можеш да го работиш, колку квалитетно и колку брзо она што се бара од тебе. Ако тврдиш дека можеш, ќе ти речат ајде да видиме, земи работи.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Не е се така розово без диплома. Многу често првиот филтер е тетка од економски што работи во HR.

    И да имаш вештини она ќе те шкртне пошто треба да одбере 5 или 10.

    Често се дешававака ако има многу апликанти.

    Нејсе, со програмирање можеш да заработуваш повеќе. Те охрабрувам да пробаш со било која книга за програмирање и било кој јазик. Потроши месец-два, решавај задачи и ако се пронаоѓаш таму продолжи со курс.

    Факултет не завршуваш за 4 години, курсор ќе трае годиба дена. Нормално ќе имаш скил само во една област ана ќе почнеш да заработуваш.

    Со факултет барем 5 години ќе ги поминеш без заработка и ќе бидеш приморан да учиш ствари што не би ти биле потребни за областа во која работиш.

    Размислувај дали сакаш да бидеш:
    - веб девелопер
    - да работиш со бази
    - ембедед, микро чипови, минијатурни компјутери...
    - итн

    После тие месец - два читање од книга дома оди на курс за конкретна област. И барај работа.

    Нема да ти дадат повеќе од 300 евра почетна ама штом влезеш во системот или ќе ти покачат или ке идеш во друга фирма, полесно е префрлање со искѕство ид прво вработување.

    Познавам 5мина што смениле кариера и сите се позадоволни од претходно.

    Испратено од I4193 преку IT.mk форум апликација
     
    Последна промена: 23 Февруари 2019
    На Justice for All и The-spiki им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...