1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Промена на брзината кај глувче во Виндовс

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од gokica, 19 Јануари 2020.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,464
    10,420
    13 Јуни 2009
    Знам дека ова прашање е смешно да биде разгледано на IT форум но бидејќи денес ми постави вакво прашање човек кој работи на компјутер долги часови, си реков не е на одмет да го постирам и тука.

    Имено човекот сакаше да купи глувче со барем малку поголем DPI сетинг за да можел со помало движење на раката да го поместувал поинтерот подалеку. А користи глувче без можност за промена на DPI со копче или софтвер. Инаку по спецификација глувчето му вози на 800 DPI.

    Се разбира одговорот е во Виндовс и тоа во контрол панел:

    how_to_find_mouse_dpi-acceleration.jpg

    Select a pointer speed дозволува да се зголеми DPI. Сигурно сите знаеме ама некогаш може и да не ни текне. Јас лично не го користам и не сум сигурен кои трикови ги користи виндовс (акцелерација и сл.). А и каков ефект има на прецизноста во игри. Но функционира и за работа сигурно може да биде само полезно.

    Исто битно е да напоменам дека (барем во мојот случај) ваквиот сетинг го зголемува DPI над максимално определениот од производителот. На пример m705 на Logitech чиј сензор е 1000 DPI со максимум поинтер сетинг во виндовс најверојатно вози како да е селектирано 4000 DPI. Треба да измерам за да знам точно. Но значајно е побрз поинтерот.

    Во ваква ситуација има и можност да проверите на колку DPI е сетирано глувчето а ви треба школски лењир (линеар) или слично и да го посетите сајтот:

    DPI Analyzer by mouse-sensitivity.com - Mouse Sensitivity Community
     
    Pane-G, Ragnar и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  2. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,577
    3,515
    11 Декември 2008
    Машко
    Хаха ова на најефтини глувчиња порано им го местев на клиенти.
    Штиклирај му го и тоа за прецизност иначе ќе лета лево-десно додека да погоди.
    enhance pointer.PNG
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,713
    7,090
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    И задолжително вклучување на опцијата enhance pointer precision.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Steam.

    Steam.
    On your way to fame

    746
    682
    31 Мај 2011
    ова само за работа... за гејмање никако, mouse acceleration e.
     
    1s3ct0wN, Daniel86 и на gokica им се допаѓа ова.
  5. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    537
    397
    26 Март 2016
    "Select a pointer speed дозволува да се зголеми DPI" --- ова не е точно, ти само му ја зголемуваш сензитивноста кое што е софтверско решение и нема врска со DPI на маусот коешто е хардверски feature.

    https://www.howtogeek.com/182702/mouse-dpi-and-polling-rates-explained-do-they-matter-for-gaming/

    Oвде и во безброј други видеа и текстови можеш да видиш дека Dots per inch (DPI) е всушност резолуцијата на сензорот на маусот, т.е. маус со висок DPI реагира на што помали помали движења на маусот (за што треба да имаш и доста добра подлога). Јас користам mouse со DPI од 6200 што ми дава висок и рефиниран сензор (има и доста подобри), МЕЃУТОА ја НАМАЛУВАМ сензитивноста во Windows за курсорот да не ми мрда многу кога го движам маусот. Поради високиот DPI Мојот маус е доста прецизен, а во кантер и windows си ја подесувам сензитивноста за движење. Маус со 800 dpi како на другарчето да го наместам во windows да прави исти движења како мојот маус, ќе забележиш дека курсорот ќе му скока поради недостигот на рафинираност на сензорот. Извадок од статијава:

    "DPI is different from the typical mouse sensitivity setting. DPI refers to a mouse’s hardware capabilities, while sensitivity is just a software setting. For example, let’s say you have a very cheap mouse with low DPI and you crank up the sensitivity. If you tried to aim at small targets, you’ll see the mouse cursor jump around as you move it. The mouse hardware isn’t as sensitive, so it doesn’t detect the smaller movements. Your operating system just compensates by moving your cursor farther when it does detect a movement, so the movement isn’t as smooth."
     
    dejan_str, olikomerc, igor_igor и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,464
    10,420
    13 Јуни 2009
    Прифатено. Ми се допаѓа и ќе го сменам насловот. Јас мислев онака како општа информација за луѓето да сватат лесно како да ја сменат брзината на поинтерот и да си завршат работа ако им треба. Другаров ми се пофали дека е задоволен вака.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    537
    397
    26 Март 2016
    Бев информиран дека треба да бидам „покуртуозен“(цитирам) кога пишувам на форумов да не јадам бан. Се извинувам за директноста на говорот, меѓутоа се работи за ИТ форум каде техничката прецизност е е најглавното правило, се занимаваме со прецизна и стручна терминологија и треба да сме начисто со се.

    EДИТ: Исто така треба да се напомене дека поголема резолуција на монитор бара маус со повисок DPI за да се зачува глаткоста на движењето на маусот. Не е исто да движиш маус од 800 dpi на 1080p и на 4к монитор. Јас играм фпс на 1440п што ми дава две причини да имам маус со висока хардверска резолуција. Ќе се префрлам на 4к на лето, ќе видам тогаш како ќе оди. Значи за оние полупрофесионални гејмери или фанатици на пц игри, оптимално би било да се земе маус со повеќе DPI (посебно ако се игра на монитор со висока резолуција) и да се остави маусот на таа висока сензитивност па потоа софтверски да се подеси сензитивноста во windows и во играта до посакуваната точка.
     
    Последна промена: 19 Јануари 2020
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,385
    11,588
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Само да додадам дека тој слајдер прави интерполација, односно нула/неутрално е средината (мислам шестата цртичка, ја броеја). Ако слајдерот се поместува во едната насока, тогаш за движење на маусот што би го поместило покажувачот за два пиксели, виндоус го поместува за еден пиксел, па за три=еден и така натаму (може е и со децимали). Во другата насока обратно, го зголемува (забрзува) движењето, еден за два, еден за три итн.

    За прецизност при игри и при графичка/КАД работа и слично најдобро е да не се дира од средната позиција, таа е онаа реалната, туку да се земе монитор или маус со друга резолуција. :) За канцелариска работа или кога немаме избор, најевтино ќе биде да го дираме слајдерот и да живееме со тоа. :)

    Enhance Pointer Precision е истото тоа, само нелинеарно - на почетокот на движењето е многу брзо, а на крајот многу бавно. Демек, прво да изминеш што поголемо растојание, а на крај да имаш прецизност да го погодиш тоа што си го наумил. Мене ова ми е многу неприродно и секогаш го гасам. Веројатно е работа на навика.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Rikimaru

    Rikimaru
    Gaining Experience

    537
    397
    26 Март 2016
    Автоматски го гасам тоа pointer precision уште од 2002ра кога излезе counter strike 1.5 и кога се обидував компетитивно да играм кантер. И по автоматизам секогаш го гасам контрапродуктивно влијае на прецизноста.
     
Слични теми
  1. vlado.popovski
    Одговори:
    7
    Прегледи:
    1,154
  2. Miroslav1995
    Одговори:
    8
    Прегледи:
    1,184
  3. gokica
    Одговори:
    16
    Прегледи:
    1,166
  4. Bontino2
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    938
  5. bobipp
    Одговори:
    10
    Прегледи:
    641
Вчитување...

Сподели

Вчитување...