1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Програмски јазици...

Дискусија во форумот 'Off-topic теми' започната од Ljupco94, 24 Април 2012.

  1. Ljupco94

    Ljupco94
    Gaining Experience

    130
    75
    4 Февруари 2012
    Машко
    Нов сум во ова, а би сакал да учам програмски јазици... кој според вас би ми користел најмногу програмски јазик истотака и кој се користи најмногу за работа... ?
     
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Зависи што сакаш да работиш. Веб ориентирани апликации, десктоп апликации, апликации за мобилни уреди итн. Од каде и да почнеш во иднина ќе ги совладуваш лесно препраките во другите области но сепак за да започнеш да специјализираш во некоја област треба да си одговориш на ова прашање. Исто е значајно да знаеш во која околина сакаш да работиш - виндовс, линукс итн.

    Како еден од најлесните јазици го наоѓам JAVA кој има широка примена. Исто е многу лесно да се научи HTML и CSS за веб ориентирано програмирање пред се.

    За посериозен пристап во полето на програмирање под виндовс платформа добро е да се почне со Visual Basic. Микрософт има апликација за брз развој на други апликации под оваа околина која што е бесплатна (барем за твојата цел) а е многу моќна алатка и релативно лесно се учи.
     
  3. Despodov

    Despodov
    Intern

    88
    45
    14 Јули 2011
    Машко
    Изучи го програмскиот јазик C, тој е основа независно за која област ќе се одлучиш понатаму, веб(php), андроид(java) , desktop(c++) овие програмски јазици се произлезени од C и имаат многу слична синтакса на C.
     
  4. Kajsibebraat

    Kajsibebraat
    On your way to fame

    1,450
    917
    1 Април 2012
    Машко
    па ако може линк од некоја книга или некој туторијал за изучување на C :p
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,550
    10,639
    13 Јуни 2009
    Се согласувам. Советот е одличен ако членот сака од темел да ги постави работите. Но исто сметам дека за човек кој не се сретнал со оваа проблематика, кога ќе се постави фокус, ќе треба помалку воља и време за да се дојде до поконкретни резултати.
     
  6. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    660
    310
    25 Мај 2008
    Ако ептен никад не си учел програмирање, C е солиден избор.

    Побарај ја на интернет “C for Dummies“ не само што ќе те запознае со почетната синтакса, туку и на лесен начин ќе се запознаеш со програмирањето.
     
  7. Ljupco94

    Ljupco94
    Gaining Experience

    130
    75
    4 Февруари 2012
    Машко
    книга ако може да ми дадеш од каде да учам ?
     
  8. DaciSS

    DaciSS
    Gaining Experience

    949
    288
    3 Јануари 2008
    Машко
    Systems and Network Administrator
    Јас би рекол Ц може да се скокне, и да се почне со Ц++. Основите (контролните структури) во 2 та се исти, со мала разлика во синтакса, додека Ц++ ги надополнува недостатоците на Ц - т.е. објективно програмирање кое всушност е основа на секој поголем проект (што се вика се остало е обична скрипта :))

    Делата на Donald Knuth се мислам едни од најпрепознатливете и најстручните во таа област.

    За да успееш во Ц програмирање, многу зависи и од твојот карактер, колку си упорен и кое е твоето темпо на учење. Секогаш треба реално да си ги знаеш своите способности, немој да се улеташ со хaрд кор јазик, да не ти тргне, па да изгубиш волја за учење и се поврзано со програмирање:)

    Може треба да почнеш со Python, не викам дека тоа е едноставен јазик, него со тој побрзо ќе ги видиш твоите програми во акција, со само 1 линија код, python чуда прави, освен како големи програми и бекенд апликаци со него се кодираат и едноставни скрипти налик на linux bash.
     
    На Ljupco94 и gokica им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...