1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Програмирање, совет од искусни.

Дискусија во форумот 'Останати' започната од ceo45, 11 Јули 2019.

  1. ceo45

    ceo45
    Intern

    2
    0
    11 Јули 2019
    Машко
    Здраво, би сакал да ги прашам поискусните програмери дали кај нас во Македонија е популарен Јава (или Котлин ) како програмски јазик? Дали има примена, дали може да се најде работа? Исто гледам дека Јава Спринг фрејмворкот зема голем замав. Би сакал да изработувам мобилни апликации користејќи ги овие технологии само не знам дали е паметно да ги изучувам нив, дали може да се работи нешто како фриленс со истите, или подобро би било да се насочам на Web Development зошто гледам голем дел од огласите се за Web Development? Бидејќи сакам времето да го искористам на вистински начин, и да се вложам во нешто. Имам основи за програмирање. Голем дел од огласите за Web Development гледам се за Reactjs заедно со користење на PHP ( Laravel ) како backend.Што мислите за овие технологии?. Знам викаат дека што и да знаеш е плус, ама кај нас тука некако е ограничен пазарот и нема многу избор што и како. Стварно би ми значел секој ваш совет.
     
  2. highflyer

    highflyer
    Gaining Experience

    246
    172
    3 Јануари 2010
    Машко
    Почни си котлин ,со јава најверојатно сте генерација , а можеби и помал си

    Испратено од LLD-L31 преку IT.mk форум апликација
     
    На bon_ton му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlueBaron

    BlueBaron
    Gaining Experience

    171
    138
    19 Јануари 2016
    Машко
    Студент
    Како студент на ФИНКИ сум имал контакт со повеќе фирми во врска со пракса, и многу од нив се настроени кон Web Development каде што за back-end користат Java (Java Spring) а за front-end поголем дел Ангулар. А воедно за мобилни апликации повеќето сеуште користат Јава. Е сега незнам како ке биде за 2-3 години, ама нема ништо да изгубиш од учење Јава. А згора на тоа ако знаеш Јава, многу лесно можеш да научиш Котлин и C#.
     
  4. ceo45

    ceo45
    Intern

    2
    0
    11 Јули 2019
    Машко
    Тоа се мислам и јас. Не знам дали би било подобро да се насочам на јава или на веб девелопмент. Јава ме влече повеќе, а гледам дека Котлин се пробива а реално тука кај нас ретко кој користи котлин.
     
  5. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Не се насочувај кон тоа шо го работат македонските фирми, насочи се кон тоа што ти е интересно да го работиш.

    Инаку од двата учи јава. Можеш да го искористиш на повеќе места одколку котлин...

    Тешко е да научиш да програмираш, јазикот многу лесно ке го смениш.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...