1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Програмирање, што и како да се одбере?

Дискусија во форумот 'Останати' започната од bOmit, 15 Септември 2017.

  1. bOmit

    bOmit
    Intern

    6
    2
    15 Септември 2017
    Заинтересиран сум да започнам со изучување на програмирање (програмски јазик) и вака разгледувам по нет што и како,туторијали и слично но се ми е измешано.
    Значи ме интересира кој јазик да започнам да го изучувам (c++,java,c#,php,html,css...),за колку време може да се совлада,кој е најисплатлив (гледав на некои страни преферираат php како јазик кој најбрзо може да се совлада а воедно бил помеѓу најбараните, најмногу платен и сл.)
    Значи со еден збор општо околу програмирање и од каде да започнам со негово изучување?
     
  2. petre.dimov

    petre.dimov
    Gaining Experience

    961
    243
    27 ноември 2008
    Машко
    Software developer
    Во Македонија моментално се барани C#, Java, Angular и JavaScript. Во светот голем замаф зема Python. Ако сакаш да учиш објектно-ориентиран програмски јазик, со кој и да започниш не ти е грешка, се ти е плус. Синтаксата се уче на секој јазик. Исто така зависи на кој смер ќе се насочиш, дали сакаш да развиваш десктоп, мобилни или веб апликации. Ако сакаш да научиш да програмираш логички и правилно јас би одел со C++.
     
    Nevena, bOmit и на JensenInterceptor им се допаѓа ова.
  3. Vampo

    Vampo
    Gaining Experience

    350
    236
    24 oктомври 2010
    Машко
    1. MEAN stack
    2. Python (Django Framework)
    3. C/C++
    ....
    ....
    60. PHP
     
    На bOmit и petre.dimov им се допаѓа ова.
  4. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,324
    24,890
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    1. Javascript (angular,vue,node.js)
    2. Python
    3. Php

    Знај ги овие како оче наш и ќе имаш пари секогаш.

    Испратено преку nokia 3310
     
    На goran_oh, bOmit, Zippo и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. srle89

    srle89
    Gaining Experience

    67
    51
    20 Март 2013
    Машко
    Кај и да работиш како веб девелопер мора да знаеш Јаваскрипт. Јас би ти рекол да почнеш со него, пошто е прелесен за старт, отвори Chrome, стисни F12 и куцај јаваскрипт во конзолата.

    Научи го прво многу добро јазикот, па потоа почни да учиш библиотеки и фрамеворци.

    Џеф Атвуд, ко-фаундер на StackOverflow:
    Го имаш заборавено реакт кој моментално е најкористен.
     
    Последна промена: 16 Септември 2017
    VerGer, bOmit, artweb и на уште 1 им се допаѓа ова.
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,324
    24,890
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Да! Го заборавив... thanks

    Испратено преку nokia 3310
     
  7. JensenInterceptor

    JensenInterceptor
    Gaining Experience

    568
    216
    28 ноември 2015
    Машко
    Најисплатливи ти се овие што ги спомна. На пример да учиш ActionScript3 сега, ќе испаднеш будала, иако има луѓе и фирми низ светот што уште го користат.

    C++ не е баш за почетници.
    Јава е добар за почетници.

    PHP, јаваскрипт исто не се баш за почетници. Зошто, затоа што типот се одредува динамички во време на извршување, за разлика од Јава, C#, C++, каде типот се задава пред компајлирање/изршување.
    Башка Јаваскрипт има прототипно наследување наместо класно наследување.

    Ако си апла почетник јас би одел прво со Јава. После префли се на што сакаш.

    Иначе не е само колку плата ќе земаш туку и да ти е задоволство тоа што ќе работиш.

    Многу луѓе ќе ти речат научи еден јазик и само со тој терај. Мислам безвеза е да се ограничуваш. Ако ти даваат пари, под услов да научиш нов јазик, мислам нема што да се криеш тука.

    Иначе многу луѓе не спомнуваат кога велат „научи еден јазик и само со тој терај“, дека уствари учење на самиот јазик оди многу брзо. Можеш за недела дена да ги научиш основите и да правиш едноставни апликации. Потешко е да научиш „Рамка“(Фрејмворк), „Двигател“(енџин) или некаква работна околина испрограмирана во даден јазик, која уствари ти олеснува многу работи.

    Пример, ми дадоа задача која што јас ја напуштив бидејќи не ми правеше задоволство, да научам X++ кој е врста на C++ но прилагоден за работа во Dynamix AX, софтвер за програмирање на ERP системи(софтвер за претпријатија). Ти ќе го научиш јазикот и уредникот(едиторот), ама да научиш да ги користиш сите тие модули и помагала во Dynamix AX ти е сосем друга прикаска. Не ни можеш ова сам, мора фирмата да те обучи да го користиш Dynamix AX. Башка ова ти е софтвер за претпријатија, и треба да разбираш бизнис процеси, тнтр мнтр...

    Мислам дека добро објаснив.
     
    На birdfly и bOmit им се допаѓа ова.
  8. AleksandarT

    AleksandarT
    Gaining Experience

    108
    116
    24 Февруари 2011
    Јас да сум на твое место би започнал со Javascript.
    Потоа би ги научил некој од Single Page framerworks како Angular, ReactJS или VueJS.
    Со помош на Javascript може да се направи скоро се на денешно време (со различни frameworks).
    Поздрав
     
    На bOmit и artweb им се допаѓа ова.
  9. Ulrezaj

    Ulrezaj
    Gaining Experience

    328
    405
    20 Јуни 2012
    Машко
    Некој да чита ќе помисли дека Javascript се учи преку викенд :)
     
    На martinb, tupacan, igor_bef и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,145
    499
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    JavaScript e одличен за почетници, многу е заразен и интересен за учење, после префрли се на jQuery. Откако ќе го совладаш после ќе ти биде многу полесно да учиш некој друг јазик.
     
    На bOmit му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,324
    24,890
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Сите запнавме JavaScript, па JavaScript. Може човекот ќе се ореинетира кон backend па JavaScript освен node.js да подига сервери нема да му треба. Статистички има помалку backend девелопер од frontend...
     
  12. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,145
    499
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Сеедно, по мое мислење најдобро е да се започне со JavsScript, после полесно ќе може да научи друг потежок јазик, а ако научи JavaScript нама зијан, може да му биде од помош и за бекенд.
     
  13. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,708
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Програмски јазик не се учи затоа што бил лесен, затоа што бил добар за почетинци или пак затоа што со него брзо и лесно би заработил пари.

    Прв критериум е да одбереш домен на интерес:
    - Мобилни аплиакции (Java, Swift, C++)
    - Web аплиакции (Javascript, PHP, C#)
    - Десктоп аплиакции (C#, C++, Java)
    - Embedded (C, C++)

    Е сега кога веќе занеш што сакаш да програмираш одбери јазик што е релевантен на доменот за кој имаш интерес. Логично нели.

    Моја препорака е да одбереш јазик кој има поширок домен на примена, да речеме Java, C#, или JavaScript. Потоа пробај искорсити го истиот јазик ама во друг домен и така во круг додека не се пронајдеш себеси. Јас сум чачнал од се по нешто за да се вратам на она второто.

    За тебе битно е да почнеш од некаде, и да почнеш одма.
     
    На dimsa и bOmit им се допаѓа ова.
  14. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    788
    205
    24 ноември 2008
    Почни со
    Become a Programmer, Motherfucker
    Ова се за ептен почетници за програмирање т.е луѓе што сакаат да научат да програмираат без претходно познавање на било каков програмски јазик.
    Сите други туторијали за почетници се пишувани со претпоставка дека имаш некое познавање на програмиње.
    Треба да се платат, но сигурно можеш да ги најдеш по пиратските сајтови
     
    На Bojan87 и bOmit им се допаѓа ова.
  15. Vlecka

    Vlecka
    Gaining Experience

    280
    147
    28 Јуни 2013
    theodinproject.com

    Целосно бесплатен, комбинација од 5+2 курса, еден вид на bootcamp@home. Најпрвиот е генеричен вовед во компјутери, инсталации и слично (виртуелкa со linux, иако има и други опции). Вториот е од се по малку (Ruby, Rails, Javascript/jQuery, HTML/CSS). Другите редоследно се Ruby, Ruby on Rails, HTML/CSS и Javascript/jQuery. Во седмиот курс те учат како да се вработиш.

    Се работи на принцип учење на концепт>примена на концепт. Пример учиш за binary search trees и после ги изведуваш во програма.

    Ѕирни, топло го препорачувам.
     
    Nikola G, bOmit и на artweb им се допаѓа ова.
  16. macedoniac123

    macedoniac123
    Intern

    23
    19
    24 Март 2017
    Ja ti predlozuvam C++ lesen e za izucuvanje i mn e mocen a koga ce naucis c++ so malku ucenje ce znaes i C i C#


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На bOmit и artweb им се допаѓа ова.
  17. xristijanGTI

    xristijanGTI
    Gaining Experience

    276
    284
    7 Март 2011
    Машко
    Студенат
    А јас ти препорачувам да ги ѕирнеш правилата и да пишуваш на кирилица."I mnogu e mocno"
     
    DrMTR, artweb, DarkEnchanter и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. bOmit

    bOmit
    Intern

    6
    2
    15 Септември 2017
    Пред се фала на сите за одговорите,стварно ми се од помош.
    И да ова е тоа помеѓу што се двоумев што и како да одберам а бидејќи сум целосно почетник затоа и сакав да прашам што е најдобро за почетници, од каде е правилно да се започне па за потоа чекор по чекор да се напредува,а заработката е тек на крај нели како и со се останато прво труд и работа па тек заработка.
    И сега според коментарите како што гледам најдборо би било да се започне со Java/Javascript?
    Инаку и тоа што барав а не најдов некој конкретен одговор беше да речеме ете како што напиша и @bokiscout што се бара најповеќе денес на "пазарот",дали би било најдобро да се ориентираш кон изучување за програмирање на веб апликации,или пак е подобро кон мобилни апликации и сл.?
     
  19. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    483
    419
    12 ноември 2013
    Ако те влечат двете работи, јас би идел прво со веб апликација, па после би ја конвертирал во мобилна апликација. Има многу начини за да го постигнеш тоа, секако ако ја градиш со правилните технлогии.
     
    На bOmit му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    896
    1,055
    9 Јуни 2011
    Машко
    Мое искрено мислење, да не се губиш со експлицитно декларирање типови, вадење очи кај си испуштил точка запирка или заграда, покажувачи, покажувачи на покажувачи и еден тон други слични ствари кои најстарите и „најдобри“ јазици го нудат - топло ти препорачувам да почнеш со Python.

    Лесна, брза и интересна синтакса.
    Еден тон туторијали и супер community за решавање и најсложени проблеми.
    Имаш ООП и тука, имаш све што ти треба..

    Да не ја должам многу, пробај учи само 2 месеци Python, ако после тоа посакаш нешто друго да учеш - имаш гајба пиво од мене :)
     
    Zippo, DrMTR и на kirev им се допаѓа ова.
  21. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,324
    24,890
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Точно. За 2 месеца ќе научи да пишува прости апликации ви python...

    Испратено преку nokia 3310
     
  22. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    896
    1,055
    9 Јуни 2011
    Машко
    Е ја скраси сега и ти.. све кажа.. браво, капа ти симнувам.
     
  23. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,324
    24,890
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Симнувал ти не симнувал твој проблем мене толку ми требаше...
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  24. bOmit

    bOmit
    Intern

    6
    2
    15 Септември 2017
    @Psycore Па да може да се каже дека тоа ме влече најмногу,но сепак пред да се одлучам што и како ја отворив темата бидејќи сакав да слушнам мислење од професионалци во оваа работа како дечките на форумот,за да знам што е правилно,од каде да се започне и што денес најмногу се бара на самиот пазар.

    Исто така ме интересира и каде би можел да најдам добри туторијали за почетници,@ChemicalAngel веќе го предложи Become a Programmer, Motherfucker.
     
    Последна промена: 21 Септември 2017
  25. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    483
    419
    12 ноември 2013
    Udemy, најголем избор на курсеви. Тие што се плаќаат, барај ги по торентиве. :)

    Испратено од SM-G928F преку IT.mk форум апликација
     
    На bOmit и artweb им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...