1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Програмирање работа, мислење?

Дискусија во форумот 'Останати' започната од Trajko, 19 ноември 2018.

  1. Trajko

    Trajko
    Intern

    27
    4
    21 Август 2013
    Машко
    Здраво.

    Ме интересира мислење.
    Пред околу две години почнав со Андроид/Јава да учам по дома направив две, три апликации,
    почнав да праќам цв по компанииве кај нас и доста се разочарав бараат повеќето сениор
    Андроид програмери (Предпоставувам нема потреба од повеќе девелопери на еден проект па
    сакаат сениор да го тегне сам) после секое интервју добивам одговор како "ок си
    ама ти треба повеќе искуство за позицијава".
    Пред месец дена така изнервиран од интервјуава пуштив цв во еден германски стартап
    дечките ми пуштија таск да направам, го направив, го пратив назад и беа задоволни,
    имавме уште неколку интервјуа на скајп ги поминав без некакви поголеми проблеми,
    плата 45,000е годишно. Сега се думам дали да идам, од една страна не сум човек што
    има мерак да избега надвор и да почне све од ново, а и имам конфорт тука сам живеам
    среден живот(32г) плус незнам како ке се снајдам, не сакам да се бламирам можда е само
    imposter syndrome, друга опција ми е да се префрлам на Веб девелопмент (имам и од тоа нешто познавање)
    и да пробам со Freelance тоа ми е можеби и најголема желба, пре би работел од дома него ли од некоја фирма.
    Е сега незнам колку е лесно да се влезе и таму?
    Мислење?
     
    Викса, Zippo и на Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  2. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    788
    204
    24 ноември 2008
    Ако имаш понуда за германија оди, само гледај да ти обезбедат смештај, да речеме со цимер, моментално во Германија со мк пасош тоа ти е најголем проблем.
    Шансите за влез во некоја фирма ти се никакви, си го осетил тоа на своја кожа, а за freelance ќе ти треба доста време и години работа да речеме 2-3 години за да можеш да конкурираш и да добиеш некој солидна плата, плус ти треба многу дисциплина за работа, што може да го стегнеш со работа во фирма.
    Друго што е добро за Германија, што ако сакаш да смениш компанија, на пример за 1 до 2 години, процедурата е многу лесна, плус со тоа што имаш искуство на германски работен пазар, ќе добиеш и германска плата во втората компанија.
     
    На Gaston, BlackOuttheWoRlD, DonFrozex и уште 2 други им се допаѓа ова.
  3. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Бегај од оваа црна погибија што подалеку :)
     
    На Grimriper, JasSum, Gaston и уште 11 други им се допаѓа ова.
  4. Trajko

    Trajko
    Intern

    27
    4
    21 Август 2013
    Машко
    Али цифрава 45000 бруто била, денеска ми кажаа:(
     
  5. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    2400 евра нето месечна плата, супер е ова. Мој совет ти е да тераш таму, бар ќе научиш како функционираат работите во нормалниот свет.
     
  6. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    306
    132
    20 Април 2008
    Машко
    мој едноставен совет... стекни искуство таму па врати се ако сакаш ! ! !
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eX3v1l

    eX3v1l
    On your way to fame

    1,096
    634
    2 Мај 2011
    Земи им ги парите и врати се ! (имаше и некоја песна ваква) :)
     
    На BlackOuttheWoRlD му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ImTheDude

    ImTheDude
    On your way to fame

    576
    629
    31 oктомври 2011
    Машко
    Не знам колку е 2400 евра добра плата. Ако немаш смештај, израчунај за тоа дека ќе треба да одвоиш од платата околу 400/500 евра. Патни трошоци, храна и се останато е многу поскапо таму.
    Според мене со 1к евра плата тука ќе имаш побогат живот отколку со 2.4к таму.
    Не е тоа висока плата за девелопер за Германија. 4к е просечна од пријатели мои што знам, 2.4к е многу под просек. Разгледај и можности за напредок во таа компанија и други бенефити освен плата па дури тогаш одлучи.
     
    На gOJDO, mdeni, goce03 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. Trajko

    Trajko
    Intern

    27
    4
    21 Август 2013
    Машко
    Ова истото го добив како одговор и од блиск програрамери што работат овде.
     
  10. l1d0v1c

    l1d0v1c
    Practice makes perfect

    635
    1,241
    10 Март 2011
    Машко
    Divi Expert
    Сепак станува збор за почетна а не просечна плата, за некој кој сакаат да го најмат од Македонија и да му средат документи.

    @Trajko океј, си добил одговор дека подобро е со 1000 евра да живееш во Македонија, отколку со 2.4к таму. Но дали некој од вас го зема фактот дека станува збор за Македонија и Германија? Кои се можностите во Македонија да напредуваш, споредбени со тие во Германија?

    Тука ќе почнеш да речеме со почетна плата од 4-500 евра, ќе стигнеш до 1000, па и до 1500 да речеме. Што понатаму?

    Спротивно во Германија со почетна плата од 2400 евра, ти имаш можност, доколку те бива нормално, таа плата речиси и да ја дуплираш за една година. Можеби не во истата фирма, но видиците ти се отвораат додека си таму. Бонуси за екстра проекти, разно-разни бенефити, итн. Нешто што можеш да го сањаш по македонскиве фирми (секоја чест на исклучоци).

    Најискрено, не го сфаќај ова како навреда, али со таа понудена почетна плата во Германија јас стварно незнам зошто воопшто имаш дилема. Да, тешко ќе биде на почеток, но се ќе си дојде на место. Еден незнам од сите мои поблиски кои заминале, зборам за добро квалификувани во програмирање/дизајн, што се вратиле по некое време како демек не чинело таму. Сите истото го кажуваат, можеби им фали Македонија, им фалат блиските, но кога станува збор за кариерно напредување, неспоредливо е.

    P.S. Една мала математика, макар се решиш да се пробаш бар на година дена. 2400 евра заработуваш, 1400 да ти се месечни трошоци, 1000ка заштеда. 12 месеци = 12000 евра. Кога во Македонија ќе ги заштедиш истите пари?
     
    Последна промена: 20 ноември 2018
    На Grimriper, JasSum, iTechnique и уште 5 други им се допаѓа ова.
  11. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    360
    52
    10 ноември 2017
    Машко
    Направи пресметка колку вкупно ќе те фати ако имаш подобра плата и ти остануваат ќе знаеш дали ќе отидеш или тука ќе седиш.
    Доколку имаш некј другар во гер.
     
    На Trajko му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trajko

    Trajko
    Intern

    27
    4
    21 Август 2013
    Машко
    Искрено тоа што имаш шанса да напредуваш ми значи само како голем плус и што ке живееш во по нормална држава.Парите помалку повеќе не ми се на прво место пре би работел пример freelance од дома за некои 500е отколку за 1000 тука во фирма или 2500 во германија
     
  13. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Многу зависи и од локацијата. Ако стартапот ти е од Минхен, тоа е многу популарен град, па месечната кирија се движи во просек 1600 евра месечно. Со 2400 евра нето и без цимер ќе го голтнеш немиен. Напрај си убави калкулации.

    Исто така не би го занемарил и социјалниот проблем. Ако не идеш со девојка/жена, многу е веројатно да се почувствуваш осамено без твоето семејство и другари. На џерманците не се надевај многу, ја немаат таа наша култура да седат по кафичи и да се дружат.
     
    На Nightingale, Grimriper, DonFrozex и уште 5 други им се допаѓа ова.
  14. Trajko

    Trajko
    Intern

    27
    4
    21 Август 2013
    Машко
    Се работи за Дортмунд
     
  15. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    684
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Види, пробај, ништо не губиш. Можеш само во ќар да бидеш. Платата ќе расте како се вклопуваш во општеството, а со тоа и можноста за премин во посериозна компанија. Не заборавај од македонска до германска компанија има неколку века разлика.
     
  16. Глупав

    Глупав
    Gaining Experience

    306
    132
    20 Април 2008
    Машко
    пак просто размислување...
    дали е подобро да бидеш во Германија
    да имаш работа
    да (па и ако не) заштедуваш пари
    и да стекнуваш искуство
    или да бидеш во Македонија
    да си невработен
    да чекаш да се отвори место за Junior
    и во меѓувреме да не штедиш пари
    а да трошиш за основни потреби ???
     
    Zippo, ChemicalAngel и на DrMTR им се допаѓа ова.
  17. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    537
    738
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    бруто плата ако е, значи одиш во германија да работиш за минималец. Незнам колку ти се исплати и колку ќе преживееш таму со 1600 евра месечно, знаејќи дека и во села, сметките можат да надминат 1000 евра. Да е нето плата, и те како се исплати, плус шансата за напредок е многу поголема. Од друга страна, ова е привлечно доколку ти е обезбеден смештај, или со поубавата половина да заминете заедно, и таа да работи за минималце па да опстоите првите неколку години. Што и да одлучиш на тебе е и само без каење, Гледај го патот напред, не назад
     
    На Trajko му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sonic.01

    Sonic.01
    Gaining Experience

    108
    204
    5 Јули 2016
    Искрено срамота е минималец да зимаш како програмер, ама тебе реално побитно ти е да стекнеш пракса и искуство. За тие пари без цимер јас не би идел пошто таму скапи се храната и сметките, такада ако имаш како да најдеш цимер и види која би била киријата па удри математика колку ќе имаш трошоци, не мора некој голем ќар за тебе, чисто гледај да можеш да опстојуваш таму. Само прво убаво распрашај се за фирмата што и како е пошто сумљива ми е платава како за програмер, листо да не заглавиш во некоја пирамидална шема или да е некаков scam.
     
  19. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    195
    200
    12 Август 2014
    Машко
    У секој момент можеш да се вратиш овде, ама во не секој момент можеш да отидеш од овде. И лошото искуство е добро искуство. Пробај, види.
     
    На DonFrozex и JasSum им се допаѓа ова.
  20. ekonomist

    ekonomist
    Gaining Experience

    941
    355
    17 Јуни 2008
    Се зависи од тоа во каква ситуација си сега... од муабетов како да не си вработен, така да имаш две опции, да седиш дома за 0 евра и да одиш во Германија за нето плата од некои 1.900 еур.
    Околу сместувањето, за 10 секунди гуглање излегуваат
    Great room in Dortmund
    Room for rent in Dortmund, Roonstraße | HousingAnywhere (1391845)
    Така да, веројатно нема да ти биде тешко да најдеш сместување за околу 350 еур.
    Гледај да најдеш сместување блиску до локацијата на работното место, за да заштедиш на превоз, гледај да можеш да стигнеш пешки или со велосипед.
    Кај вакви фирми многу често (дури и кај нас) имаш и оброци, веројатно и тука би можел да заштедиш нешто.
    Прашај во фирмата какви поволности нудат, многу е битно здравственото осигурување, истражи на нет колкави се месечните трошоци за живот. Гледај во најлош случај да бидеш на 0, ќе стекнеш искуство во странска компанија, ќе искусиш друг начин на живот, доколку сакаш да се вратиш тука, Македонија нема кај да ти избега, евентуално би била со променето име.
     
    Astraion, kirev, Sonic.01 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. kirev

    kirev
    Unstoppable

    5,337
    3,729
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    А тука ти е 00000 бруто. Па сега ти размисли - дали да седиш и да чекаш да капне 1.000 евра плата (без искуство никакво отприлика никад) или ќе стекнеш искуство И ќе бидеш платен за стекнувањето на искуство. Па после врати се ако ти е ќеиф.
     
  22. Astro

    Astro
    Guru

    6,030
    8,165
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ја плата не барам, само да избегам од тука. Трева ќе пасам по улици само тука да не седам :D
     
    На Abovelife, Molec, AndrejFerdzo и уште 13 други им се допаѓа ова.
  23. bokiscout

    bokiscout
    Unstoppable

    1,706
    2,001
    17 Март 2011
    Машко
    Embedded C, Linux Kernel
    Пред да заминеш, тргни си пари на страна за повратен билет.

    Исто напрај им муабет на дечките да работиш од дома макар и за пола цена 1200 евра (профи). Или пак да идеш таму само по потреба (кога е густо, кога се договара архитектура и слично), а кога е лабаво да си куцаш од тука. Во принцип гужвата е на почетокот на проектот, како се придвижуваш кон крајот смао се доработуваат финеси... генерално.
     
    DonFrozex, mdeni и на Trajko им се допаѓа ова.
  24. Gaston

    Gaston
    Unstoppable

    1,250
    2,268
    9 Февруари 2011
    Не се мисли, по се изгледа не си ги осетил сеуште маките на кои може оваа земја да те стави. Не е се во парите, ама се многу битни. Тебе овака ко беќар супер ти е овде, друштво, пичиња, кафаница, разврат. Али еј, тоа не трае вечно. Чекај уште малце, па ќе видиш што значи шалтер или не дај боже здравствен систем овде.

    Пример еден од мој многу близок - докторираше у Германија и остана да работи ко асистент на факс. Плата 1700 еврејки.
    Сега е вработен во Фраунхофер Институт оф Технолоџи (ако ви звучи познато - mp3 на пример е нивен).
    Плата? Неќеш да знаеш. Ако ти кажам, пешки ќе тргнеш.
     
    Последна промена: 23 ноември 2018
    На gOJDO, Avid, Глупав и уште 8 други им се допаѓа ова.
  25. Astro

    Astro
    Guru

    6,030
    8,165
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Најголемиот дел од колегите мои што се Dynamics NAV консултанти се отидени на работа во Германија.
    Иако работат високо софистицирана работа, се на повисоко хиерархиско ниво од колегите германци, имаат повеќе одговорности сепак имаат бајаги пониски плати од нив.

    Сестра ми како сениор професор по англиски и германски иако е претпоставена на нејтив спикери од англија и германија пак има иста или пониска плата од нив. Јас како сениор контролер и консултант во Америка имав пониска плата од моите колеги американци и корејци со американско државјанство.

    Немој да очекуваш правда и праведност како кастербајтер во Германија (или друго место, слушам само во Нов Зеланд не биле такви), зошто нема да ја добиеш, ниту од работодавец, ниту од јавните сервиси таму, ниту од колегите. Таму си сам. Голем чекор напред е ако успееш да се зближиш со тесен круг на луѓе и да направиш какво-такво пријателство. И спремај од 50 до 100 евра за Ред лајт дисктрикт ако сакаш да опнеш нешто таму, и тоа на брзинка, зошто за без пари нема да се случи.
     
    На Gaston и Avid им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...