Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Профи сервис за хардвер?

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Конкретно имаме проблеми со два лаптоп компјутери (1-от прегрева, другиот има проблеми со меморија or so)... од досегашно искуство, сме испробале еден куп варијанти - официјални сервиси, индивидуи со топ познавање на темата... ама реално до сега никој ми нема оставено некој професионален впечаток, имаше ситуации од типот:
  • Земање монитор за поправање, држење на истиот 6 месеци за да каже дека неможе да се поправи, и никад да не го врати.
  • Давање три-четири куќишта за да се склопи едно асално, се врати демек склопено, по 3 дена работа на "склопеното" куќиште почнаа еден куп ситни проблеми, графичка, РАМ и сл.
  • Поправање на лаптоп што очигледно загрева (тој горниот), демек вака перена матичната така перена, пак лаптопот функционира само 5 минути пред да се исклучи од прегревање.
Сето ова ме наведе да го поставам следново прашање:
Дали кај нас имате искуство со профи сервис за хардвер? Кој ете, пример за канцелариска намена, ке дојде, ке го земе хардверот, ке го дијагностицира и сервисира во разумен рок (не месеци и месеци), ке го истестира дека стварно работи и ке го врати назад... и притоа хардверот ке продолжи да функционира.

Ме интересираат ваши искуства...
 

dPUNISHERb

Intern
25 јули 2017
20
9
Поради не толку добри искуства во минатото, веќе не ни верувам дека има добар сервис за кој би можел да гарантирам. Па затоа ппследно оставам на себе, секако до таму до каде што сметам дека знам...

Кога станува збор за PC конфигурации, претпочитам сам да си дијагностицирам.

По неколку неуспешни обиди и за лаптопи, исто се осврнувам само на себе...

За други делови како мониторите, не сум електричар, па не ни пробувам да чепкам таму.

Ако има некој со добро искуство, нека сподели, добро ќе ни дојде на сите...

Испратено од Lenovo K33a48 преку IT.mk форум апликација
 

worker_x

Gaining Experience
17 март 2010
399
416
За Скопје би ти го препорачал @Daniel86, фер дечко до тука и назад. Е сега проблем би било што ти треба да појдиш и да си го однесиш хардверот, а не тој да доаѓа и да го зема.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
За Скопје би ти го препорачал @Daniel86, фер дечко до тука и назад. Е сега проблем би било што ти треба да појдиш и да си го однесиш хардверот, а не тој да доаѓа и да го зема.

@Daniel86 е дефинитивно ѕвер за сервисирање од тоа што имам прочитано на форумот. :) Го повикувам и него да се вклучи у темава и да сподели мислење. Јас зборувам за сервис кој може да платиш и на фактура, да дојдат/донесат - и целиот тој процес на фирма сервис фазон.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.463
14.740
Другар, ваквите фирми изумреа во Македонија.
Хардверот стана толку ефтин што не се исплати да се поправа. Да се најде проблемот и реши од прва (како што сакаш ти) кошта пари, време, опрема, знаење, искуство.... Кога ќе ставиш на кантар цената на ново, односно вредноста на половниот хардвер и цената на сервисот скоро секогаш испаѓа дека не се исплати.
Колку и да е професионален сервисот пак не оди работата зошто клиентите кај нас се исто така за никаде. Како што кажав, се што треба за да се сервисира успешно кошта пари, па оди ти објасни се со некој клиент зошто тоа кошта пари, сите сакаат од денес за вчера, „никој не чепкал претходно“, на Пазар3 има „ново“ за пола цена на сервисот.

Баш трагично, мене ми е многу жал, доста мои пријатели кои беа професионалци испозатворија сервисите и се фатија со странство/други работи така да јас не можам никого да ти препорачам како регистрирана фирма, правно лице.
 

Pane24

Mariovec
31 октомври 2012
6.377
7.314
Скопје
www.facebook.com
Daniel ne bi se nafatil da servisira konfiguraci na koisto vekje nekoj se ucel na niv. A vie kako administracija bas mi e cudno pokraj tolku vreme i tolku falen covek prvpat slusate za daniel i pak uporno si gi nosete konfiguracite kaj nekoi sto vi gi drzat po 6 meseca ?
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Daniel ne bi se nafatil da servisira konfiguraci na koisto vekje nekoj se ucel na niv. A vie kako administracija bas mi e cudno pokraj tolku vreme i tolku falen covek prvpat slusate za daniel i pak uporno si gi nosete konfiguracite kaj nekoi sto vi gi drzat po 6 meseca ?

Тоа беа фирми за сервис, коишто очигледно се крш. Даниел е доста фален човек на форумов, но моето прашање е дали има на пазаров фирми што работат профи сервис, не индивидуи. @Daniel86 секако ке го контактираме у меѓувреме за лаптопчињава, ама не е тоа прашањето.




Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
 

Daniel86

Epic
28 мај 2013
3.762
10.244
Скопје, Карпош 1
www.facebook.com
Daniel86's setup  
Processor & Cooler
i5 11400 & Deepcool AK620
Motherboard
Gigabyte Z590 UD AC
Storage
Samsung 980 Pro NVMe 500GB & Samsung 980 PRO NVMe 1TB & WD Blue WD10EZEX 1TB
PSU
Asus Rog Strix 850W
RAM
2X 16GB DDR4 3200MHz Kingston Fury Beast CL16 RGB
Video card
Intel UHD730 & Asus RX5700XT OC 6GB
Case
Deepcool Tesseract SW Black/Blue
Mouse
MX Master 3
Keyboard
Coolermaster Devastator 3
Audio
Kenwood KRF-V5020 + Kenwood LS76
Monitor
Philips 222EL
OS
Windows 10 Pro 64bit
Јас можам само да кажам дека ни мене ниеден сервис не ми оставил позитивен впечаток. Не сум носел мои уреди, меѓутоа уредите од кај нив доаѓаат кај мене. Обично се касапи или дувачи со топол воздух, па ако проработи ок, ако не никому ништо. Сум видел доста осакатени плочи, претежно доаѓаат такви од сетек, поготово дури беа овластен сервис за асус.

Во една прилика (не знам за кој сервис се работеше, не е сетек) начекав дури и украден биос чип и вратен лаптопот со назнака дека не е возможно да се поправи. Се работеше за чипче што е малку покомплицирано за програмирање а и нема каде да се набави ни чипот ни програматор овде кај нас. Репрограмирав друго чипче, ставив, лаптопот си пркна како ништо да не било. Не сум Никола Тесла за електроника, меѓутоа во ваквите случаи се работи за непрофесионалност и незаинтересираност, што јасно ја прикажува сликата за сервисите кај нас.

Овластените сервиси скоро воопшто не се замараат со component level поправки, освен ако е нешто еееептен банално (откачен конектор итн), тие само менуваат цели плочи.

Оние што доаѓаат на повик се 90% непрофесионалци, деца што вчера научиле да форматираат им проработело егото и се усилиле, па излегуваат дебили и ствараат незадоволство кај клиентите и генерално недоверба во било кој сервис.

Да ја скратам прикаскава, тоа што го бараш не постои кај нас. Дури и да најдеш сервис кој би бил идеално компатибилен со твоите/вашите потреби, тоа би било само стартна илузија која би траела пар месеци и пак ќе се навратиш на темава.

Имам план во догледна иднина да го официјализирам мојот сервис, со буквално сите салтанати, само малку се двоумам заради нашата терсене клиентела. Конкретно еве пример што ме одвраќа од таа идеја. Вие сте однеле 3-4 компјутери кои веројатно сите имале по некој дефект, дефект кој веројатно директно влијаел и на останатиот хардвер.
Е сега, за да се склопи еден од сите тие и да се тестира максимално, потребно е време кое искрено не може да се наплати а и не може да се гарантира дека ќе работи совршено, сепак станува збор за користен хардвер кој веројатно претрпел некој абнормален стрес заради дефект на друг компонент во истиот систем. После неколку дена се појавуваат непредвидливи дефекти и пак се враќа истата машина на сервис. Реално, сервисот е одговорен за тоа и мора некој пат дури и да оди во загуба за да го зачува образот доколку му е важно тоа. Помножи ја оваа ситуација едно 100 пати и ќе ти стане јасно се. Клиентите понекогаш имаат нереални очекувања, сервисите се семипрофесионални и така.

Не знам дали воопшто ти помогнав околу прашањето :D ама ете бар си направивме домаќински муабет :D

Што се однесува до лаптопите, не ми е проблем да ги погледнам, само не сум во можност да доаѓам на лице место и такви некои работи.
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.463
14.740
Тоа беа фирми за сервис, коишто очигледно се крш. Даниел е доста фален човек на форумов, но моето прашање е дали има на пазаров фирми што работат профи сервис, не индивидуи. @Daniel86 секако ке го контактираме у меѓувреме за лаптопчињава, ама не е тоа прашањето.
Сме дискутирале со @Daniel86 за официјализирање на неговиот сервис.
Јас би, да ако се сложи тој, некако да му помогнеме да се оствари оваа идеја за да може да соработува и со фирми, не само со физички лица. Нас овде не има доста, така да не сметам дека би било проблем да има работа човекот.
 

D

Администратор
31 март 2007
3.929
4.009
www.iwmnetwork.com
Не знам дали воопшто ти помогнав околу прашањето :D ама ете бар си направивме домаќински муабет :D

Тоа и ми беше целта, да ја потегнеме темава и да ја разглобиме малце подетално. Ми се свиѓа што си ја кажа и твојата страна за маките околу барањата на клиентите, и во право си. Мислам дека не е баш толку едноставно да кажеме овој е крив тој е крив, но дефинитивно се работи за интересна тема.

Што се однесува до лаптопите, не ми е проблем да ги погледнам, само не сум во можност да доаѓам на лице место и такви некои работи.

Јасно јасно, не зборам за овие два лаптопа и генерално они беа само инспирација за да се стартува темата, онака ми дојде прашањето за еден мал милион ситуации и од луѓе околу мене и сл...
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
47.237
Мислења
977.165
Членови
35.548
Најнов член
Riki123
На врв Дно