• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Професинални Сертификати vs Факултетски Дипломи

Статус
Затворена за нови мислења.

gdamjan

Practice makes perfect
3 април 2008
2,639
1,095
Скопје
damjan.softver.org.mk
gdamjan's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 Pro 4650G / Cooler Master Hyper 212 Black
Motherboard
MSI MAG B550m Mortar Wifi
Storage
NVME: 1TB AData XPG SX8200 Pro / HDD: 2x 2TB Toshiba P300
PSU
Gigabyte G750H
RAM
G. SKILL Ripjaws V Series 2x 16GB / DDR4 3200Mhz/CL16
Video card
Vega 7 on APU
Case
Bequiet! PureBase 500
Mouse
Logitech MX Anywhere 2S
Keyboard
ThinkPad USB Keyboard With TrackPoint (sk-8855)
OS
Arch Linux
Абе цело време зборам дека на Cisco Career Certifications Program не се учи само за Cisco опрема туку цела наука за компјутерски мрежи се и сешто што сте запнале само за Cisco опрема што правиме ако има D-Link или сл.Програмата е на Cisco и работиме на Cisco опрема а се изучува за цела компјутерска мрежа од А до Ш.
Што знам, сум видел луѓе што едноставно ќе ги научат командите што им биле прикажани и тука ќе застанат без да ја сфатат суштината.

Но такви луѓе има и по курсевите и по факултетите ... така да, индивидуално е колку добри луѓе доаѓаат од ваму или таму.

И конечно, да се слагам со кој рече претходно, дека нема што да се споредува едното и другото - намената им е сосема различна.

А сосема друго е прашањето дали факултетите или курсевите си ја оправдуваат намената. Би можел да ги критикувам и едните и другите.

На пр. нашите факултети за назадност.
курсевите дека се конструирани да промовираш одреден brand.
 

SaleSk

Arzt
20 април 2007
4,619
5,197
И конечно, да се слагам со кој рече претходно, дека нема што да се споредува едното и другото - намената им е сосема различна.

А сосема друго е прашањето дали факултетите или курсевите си ја оправдуваат намената. Би можел да ги критикувам и едните и другите.

На пр. нашите факултети за назадност.
курсевите дека се конструирани да промовираш одреден brand.
:bravo:

Многу ја затупевте темата дечки :ua: нема потреба од напетост
 

pandora

Intern
24 февруари 2010
13
0
Скопје
Ако не те интересира тоа што го учиш џабе ти е факултет и диплома се е џабе. Оној што постојано сака да се надоградува и да учи го интересира ќе успее, а не само да се мисли на препишување и полесно да се помине [зборам за нашиве факсови ЕТФ , ПМФ и сите други]. Од друга страна ако чекаме од професориве да не научат хахахахаха ќе си седиме дома.
И btw кога веќе збориме за CISCO на ПМФ гола вода - чист бизнис, ништо не се учи :p
 

SNACHG

Intern
23 февруари 2010
177
17
И btw кога веќе збориме за CISCO на ПМФ гола вода - чист бизнис, ништо не се учи
Е тука не ти верувам за да запишите Cisco CCNA на ПМФ ти барат да имаш слушено компјутерски мрежи ако не и добра оценка од испитот.А ако не се учи нема ко будали да трчате и да го запишувате.Али како и да е добро се познавам со проф од ПМФ кои предаваат на Cisco и не зборат така.

Btw не е само Cisco CCNA кој го имате вие на ПМФ зборам за сертификатите на Cisco од типот на CCNP,CCIP,CCIE и Cisco Certified Architect.
 

feit

Intern
12 февруари 2009
684
44
Значи компјутерски мрежи на ПМФ вреди. Само доколку после него се учи за Cisco сертификат. Сепак и ти мислиш дека факултетското образование вреди :)
Малку да ја продолжам темата. Сите зборувате за Cisco сертификати, а никој не спомна Microsoft, Oracle... Дали тие сертификати врска немаат или мислите дека цел свет треба да се занимава со одржување на мрежи?
 

SNACHG

Intern
23 февруари 2010
177
17
Факултетското образование вреди не спорам за тоа само лошо е тоа што кај нас не е остручено т.с не професинално и стручно,учиме се и сешто и тоа што треба и тоа што не треба,е сега за жал што е малце повеќе тоа што не треба не се криви студентите туку факултетот.По мое мислење факултетите во Македннија треба да станат по стручни да ја намалат математиката нека е присутна колку што треба да биде да не учиме виша математика пошто се дешавало студенти стварно што си разбираат од програмирање,мрежи web дизајн и сл заради математика да се откажуваат а тие што благе везе немаат од тоа а знаат математика да останат и на крај што немаме стручен кадар.Исто така да се укинат еден куп предмети кои не требат а само стојат за кредити да земе малку да се изучуваат предмети кои се постучни да има повеке пракса а не како што е направно и наравно подобар однос спрема студентите.Имаше добра дебата за тоа факултеот што треба да се отвори ФИНКИ или како беше ако не ти се верува што зборам јас прочити тамму малку како се бунат студентите кои студираат и од ЕТФ и од ПМФ и некои други факултети.

Малку да ја продолжам темата. Сите зборувате за Cisco сертификати, а никој не спомна Microsoft, Oracle... Дали тие сертификати врска немаат или мислите дека цел свет треба да се занимава со одржување на мрежи?
Не спмнавме пошто не знам стварно за нив како и што е.А сигурен сум дека се исто така добри.

Го земам Cisco Career Certifications Program за пример како приближно треба да изгледе еден смер кој треба да работи со Компјутерски Мрежи дали ке е ,Компјутерски архитектури и мрежи,Администрирање на компјутерски мрежи,Телекумуникација и сл.

Ке напоменам повторно ако еден смер се вика Компјутерски архитектури и мрежи,Администрирање на компјутерски мрежи,Телекумуникација нека се фукусира на тоа а не да се учи и програмирање или графика,менаџмент,електротехника,математика еден куп и тоа виша и сл.
 

Биа

Intern
24 ноември 2008
121
15
Е тука не ти верувам за да запишите Cisco CCNA на ПМФ ти барат да имаш слушено компјутерски мрежи ако не и добра оценка од испитот.
Пак те побив :p
Еве сум јас, жив пример како MOЖЕШ да слушаш CCNA без да имаш Мрежи, Мрежи ми е во НАРЕДЕН семестар :))а CCNA го положив со максимум проценти. И не сум само јас.. :D

Друго, гледам многу работи не ти се јасни..
Не ми објанувај колку е важен Cisco во областа на мрежите, јас тоа го знам, и тука муабетот не беше за тоа колку Cisco е важен во таа област, туку воопшто сертификатите наспроти академскиот статус и диплома.
Факт е дека сертификатите се со рок на траење, и тоа не е исто со диплома од факултет!
 

SNACHG

Intern
23 февруари 2010
177
17
Хехехех добро нека е така за Cisco CCNA кај вас.И сега што сакаш да кажеш дека ти ке си постручна или поточно тие што ке завршат на ПМФ за мрежи отколку некој што има поседува CCNA,CCNP,CCIP,CCVP,CCIE или НЕ :D.

Друго, гледам многу работи не ти се јасни..
Туку работите ми се многу јасни веке подолго време работам со компјутерски мрежи.А на тебе не ти се изгледе али ако уште студираш.
А и да ти кажам во преходните постови спманав за колега мој кој за жал не е повеќе не знаеше со каков кабел се поврзува се мислеше баш како се поврзуваат два рутера дали со кросовер или прав и дали може да има свич помеги нив.И баш тој имаше нешто како Администрирање на компјутерски мрежи или сл на ПМФ.И сега ти ке ми збориш колку се учи абе ајде дрн дрн па дупка.

Факт е дека сертификатите се со рок на траење, и тоа не е исто со диплома од факултет!
Е баш тоа најмногу ми се допаѓа,отколку учи 4години ко будала за ништо и на крај си инженер на тапија а во алк ништо без врска.Добро е тоа што е ограничено ако не е никој нема да се замари по завршувањето што и како се движат новите технологии ај да прашаме некој што завршил пред 10годиини дали знае за Wireless наравно ако останал само на факултетското знаење.И затоа се сложам со времетрањето ако си способен уште ке имаш пак сертификат ако не сликај се.
А и не ми кажувај за Мрежи што учите вие на ПМФ се на се имате од 4или 3години само 5предмета ако сакаш ке ти ги кажам и кои се.Сигурно не си чула за нарворешни рутирачки протоколи па и имплементација или пак за QOS или слично нешто попрофесинално а не само за основи на мрежи.
 

Биа

Intern
24 ноември 2008
121
15
Дискусијава е крајно бесмислена, без разлика кој и да каже, што и да каже ти си против тоа по default, и не забележуваш дека неколку пати ти се конфронтираат постовите.. :ua: Терај си филм..
 

Fatal1ty_

Großmeister
28 февруари 2008
22,264
28,564
kalco.ru
Сакаш да кажеш дека ти ке си постручна или поточно тие што ке завршат на ПМФ за мрежи отколку некој што има поседува Cisco CCNA,CCNP,CCIP,CCVP,CCIE?
Нека не биде по стручна ама ќе има предност пред другите при вработување.
 

SNACHG

Intern
23 февруари 2010
177
17
И за тоа не верувам лице кој поседува Cisco CCNA,CCNP,CCIP,CCVP,CCIE па макар само CCNA,CCNP,CCIP не верувам дека ке биде вратен или без предност каде и да аплицира дали во МК или надвор.Ако не ти се верува што зборам провери на Интернет.
 

Биа

Intern
24 ноември 2008
121
15
Аман човеку, колку те плаќаат за рекламава?!
Ти кажав, ЗНАМ колку вреди Cisco, но знам и колку вреди факултетот!
Сите лани што паднаа на Мрежи, сега со мене слушаат CCNA затоа што неможат да го положат предметот! Значи НЕ УЧАТ! Кога плаќаш 10.000 за курс и толеранцијата е поголема.. Паднале на Мрежи, запишаа CCNA и оп сите со оцени во индекс.. Каде така? Еден дечко на Alexandria ги зеде сертификатите Cisco, па по една недела си замина сам од работа оти неможел да се снајде! Кажи каде работиш, за рака ќе го земам и ќе ти го донесам за доказ!
ЗНАЧИ СЕ Е ИНДИВИДУАЛНО! СТРУЧНОСТА СЕ МЕРИ ПО ЛИЧНОСТ!

И не сум против ако е нешто на место.
Да да, од 70 постови пола се твои, а другата пола се мислења со кои ти не се согласуваш.. Ниеден не се најде да искоментира нешто на место, само ти.. Преиспитај си ги ставовите..

Нема веќе смисла реплицирање на темава..:skuter:
 

''TcM>>

Intern
6 јануари 2008
961
39
Темава е отидена у срање, и покрај тоа што насловот е добар. Секој си го брани својот став до крајности без да остави место за размислување. (го одвојувам само SaleSk)
Според мене, со самото завршување на факултетот немаш знаење кон се и сешто, односно кон секоја област на информатиката, а и покрај тоа што тоа го бараат од нас. Според мене човек треба да си се одреди кон една гранка и таа да си ја одржува, безразлика дали сака да биде програмер, или да работи со мрежи, со микропроцесори, со вештачка интелегенција итн итн. И така сите тие области да ги опфати еден човек не е можно. Јас конкретно сум ориентиран кон програмирањето, и колку што сум ги разгледувал предметите што ми биле до сега може да се сместат во семестар и пол (од оние што сметам дека ми требаат само). Мене не ме интересира што има во куќиштето или дали еден хардвер со друг хардвер е поврзан со cross over кабел или обичен или што знам каков (се додека ми работи машината како што треба) него мене ме интересира што се случува во кодот. Мене факултетот ме нема усовршено кон некој програмски јазик, во еден семестар не може да ти ги покаже сите 'тајни' на предметот, него ти дава само увид во тоа нешто, а само со тој (некаков увид) не можеш да отидеш одма да завземеш некое работно место, за да почнеш со тоа нешто мора самиот плус да си се надоградуваш. Што значи самиот факултет не ти го обезбедува во целост она што треба да го имаш (барем за кај нас, во странство не знам).
Додека на курс пак би требало да ти го пренесат знањето во целост за некоја одредена гранка. На пример гледам дека програмскиот јазик C# кај нас се бара доста, па ќе побарам курс само за тоа. Ќе го изучувам тој јазик цела година, и они (од курсот) би требало да ми ги откријат сите 'тајности' на тој јазик. И после кога ќе сакам да се вработам во некое место каде што бараат програмер, би се вклопил лесно. И би работел само тоа, а не да земе газдата да ми рече да му ја средам мрежата. Ако му треба средување ќе си вработи и плус мрежен администратор..
Значи тоа сакам да кажам. Дека информатичарите треба да бидат поделени секој за својата дејност, а не да се изучува се и сешто и на крај каша попара. Доколку некој од нас знае на што сака да си биде одреден, на факултетот би можеле ПЕРФЕКТНО да не научат за таа област за една година, а не да не влечкаат неколку години. Но очигледно е дека доколку би било така, професорите би имале помала работа, а со самото тоа идат и други последователни работи..
 

Xenor

Intern
12 март 2009
812
41
Ни факултет вреди ни сертификати вредат за изгубеното време и за двете сам да седниш ќе научиш стопати побрзо и стопати повеќе.(лично искуство)


п.с како што вика еден другар мој: "Имаш знаење универзитетско и знаење in-depths"

И ептен мачите со темава.
 

BSOD

Intern
5 јуни 2008
709
46
Факт е дека сертификатите се со рок на траење, и тоа не е исто со диплома од факултет!
Сертификатите се(намерно) со рок на траење. Тоа е така за да се освежи стекнатото знаење или да се научат новини/измени во материјалот. IMO ептем логично:)

Со еден професор имав една ваква(слична) дискусија. Рече: "одлично е да имаш факултет и да си извлечeш максимум од него - ти си одговорен за сопственото учење и посвета. Меѓутоа, уште подобро е да ги земeш сертификатите додека ти е свежо знаењето. Кога работодавецот не го препознава факултетот каде што си учел, дефинитивно ќе го препознае сертификатот кој што е широко познат/прифатен во светот/IT индустрија." Нормално, има исклучоци - зависи од квалитет на настава, на тестови,на самиот студент итн
 

SNACHG

Intern
23 февруари 2010
177
17
Значи само ке кажам браво за дечките во последните постови кои тотало ме разбрале што сакам да кажам во моите постови на место е се напишано.

А Биа
Еве сум јас, жив пример како MOЖЕШ да слушаш CCNA без да имаш Мрежи, Мрежи ми е во НАРЕДЕН семестар а CCNA го положив со максимум проценти.
Сите лани што паднаа на Мрежи, сега со мене слушаат CCNA затоа што неможат да го положат предметот!
Одлучи се сега имаш или немаш земено во првиот пишуваш дека имаш а во вториот дека уште слушиш стварно ме збуни не знам на што си.


Аман човеку, колку те плаќаат за рекламава?!
Ти кажав, ЗНАМ колку вреди Cisco, но знам и колку вреди факултетот!
Сите лани што паднаа на Мрежи, сега со мене слушаат CCNA затоа што неможат да го положат предметот! Значи НЕ УЧАТ! Кога плаќаш 10.000 за курс и толеранцијата е поголема.. Паднале на Мрежи, запишаа CCNA и оп сите со оцени во индекс.. Каде така? Еден дечко на Alexandria ги зеде сертификатите Cisco, па по една недела си замина сам од работа оти неможел да се снајде! Кажи каде работиш, за рака ќе го земам и ќе ти го донесам за доказ!
ЗНАЧИ СЕ Е ИНДИВИДУАЛНО! СТРУЧНОСТА СЕ МЕРИ ПО ЛИЧНОСТ!
Е токму така СТРУЧНОСТА СЕ МЕРИ ПО ЛИЧНОСТ! Тука си точна ама и овде е точно Сертификатите се(намерно) со рок на траење. Тоа е така за да се освежи стекнатото знаење или да се научат новини/измени во материјалот
Со еден професор имав една ваква(слична) дискусија. Рече: "одлично е да имаш факултет и да си извлечeш максимум од него - ти си одговорен за сопственото учење и посвета. Меѓутоа, уште подобро е да ги земeш сертификатите додека ти е свежо знаењето. Кога работодавецот не го препознава факултетот каде што си учел, дефинитивно ќе го препознае сертификатот кој што е широко познат/прифатен во светот/IT индустрија." Нормално, има исклучоци - зависи од квалитет на настава, на тестови,на самиот студент итн

Е сега не знам за во Alexandria али малку сум скептичен пошто сум присусвувал како визитинг и тоа баш на испит,па видов како се одвива испитот со тестатура на монитор само со маус се решава тестот кој е овозможен преку Pearson VUE штом си била на Cisco знаеш како оди па и затоа сум скептичен за примерот али можно е.Сепак е индивидуално.

А и да ти кажам кај работам во Комерцијална банка како Мрежен Администратор веке подолго време.И пред тоа по Сервис провајдери и сл значи се со Компјутерски Мрежи.
Али што ми беше зборот така значи сум еден од кои истотака вршат интервју со новите кандидати кои треба да се вработат.

1.Како прво секој кандитат кој поседува сертифкат е во предоност во зависност што сертификат поседува.
2.Лицата со факултет и сертификат се исто така во предност пред тие што поседуваат сертификат од типот CCNA,CompTia Network+,Server+, MCITP и слично.
3.Лицата кои поседуваат сертификат од типот “high-end certification” како CCNP,CCIP,MCSE и сл се во преднос во однос на тие со факултет и обичен сертификат.
4.Исто така во предност се и магистрите по Компјутерски Мрежи што ги нема многу.

Значи за работа се конкурентни лицата со Факултет и сертификат и лицата со “high-end certification” ако лицето е со multiple high-end certification има предност пред сите значи е со тие со магистерски п.с се нема десено до сега да конкурира лице со магистерски.

Значи потоа тие што влегле во потесниот круг се викаат на интервју со трик прашања и се тестираат тие со најдобри поени без зависност дали е со факултет или сертификат влегуваат на работа.

Е сега да појаснам зашто имаат предност тие со multiple high-end certification зашто знаеме дека ке има побунувања.Затоа што ни се потребни лица со практично знаење а не со теориско знаење.А за жал тоа го имат лицата со high-end certification наспроти факултетот во Македонија.

А иначе зашто би јас одел да завршам CCNP да си репнам 4000евра и ко будала да учам кога веке имам ЕТФ.

Се извинувам за долгиот пост.
 

SNACHG

Intern
23 февруари 2010
177
17
Значи немам намера да омаловажувам факултет или сертифиат тука само кажувам како оди процесот на вработување низ фирмите во Македонија
 

ChemicalAngel

Gaining Experience
24 ноември 2008
812
222
Дискусијата нема смисла ти му викаш, многу е подобро да знаеш како да правиш рутери, а он ти вика подобро е да знаеш како да уклучуваш рутери.
 

Xenor

Intern
12 март 2009
812
41
Ја претеравме работава, не ни читам веќе толкави постови за џабе:ua:.
Мож да се речи дека си во право јас предлагам темава да се затвори и така постовиве истите се повторуваат. А незнам што ги мачи толку луѓево кој колку и што знае и така секој за себе работи.
 

Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Ако немаш у глава не ти вреди ни диплома ни сертификат.
 

SkyDriver

Intern
18 јули 2009
61
10
@SNACHG

Збориш за вработување во фирми, како работел процесот на вработување, а со ваквиот карактер не ми се верува дека некој би те задржал повеќе од 1 недела на работа.

Прва работа, мразам факултет, не сум запишан на факултет, АМА, на факултет целиот материјал ти е сервиран на тацна, можеш да побараш објаснување кога сакаш и најинтересната работа е што во државните факултети врие од скаути од јаки фирми.
Дали и колку ќе научиш од факултетот тоа зависи од тебе, ама ако стварно вредиш, ондак со факултетот, наместо после тоа ти да бараш работа, тебе ќе те бараат, а без факултет ќе треба да докажуваш првин 5 години кој си и што си па дур тогаш ќе можеш рамноправно да бараш работа.

Иначе во врска со споредбата, сертификатот и дипломата неможат да се споредуваат со знаењето, такада...
 

ChemicalAngel

Gaining Experience
24 ноември 2008
812
222
И добро ChemicalAngel толку ли со глу* или само се правиш или не ги читаш сите постови реков дека на сертификат не се учи да знаеш како да уклучуваш рутери туку цела наука за Компјутерски Мрежи е сега што никој не сака да признае дека факултеот не е толку добар тоа е друго.
Глуп сум и тоа три кила на квадрат, и не постои наука за Компјутерските Мрежи.
Постои теоријата за графови која се применува кај Компјутерските Мрежи. Како се одредува дисциплината на редицата на чекање во рутерот се прави со помош на Симулации и Визуелизација.
Кажи што те мачи во врска со мрежи или нешто друго ќе пробаме да најдиме од каде потекнува теоријата, ама немој да прасуваш кој кабел во кое џекче влегува, ми ја навредуваш интелигенцијата, мало дете да земам ќе ти поврзе подобро.
 

dulemk

Gaining Experience
11 јануари 2008
1,049
53
Еве интересна компарација:

Кинез е ко сертификат, знае едно минимално нешто ама го знае перфект;
Македонец е ко диплома знае се и сешто и на крај пак ништо не знае.
:D:D:D:p:p:LOL::LOL::LOL:
 

pandora

Intern
24 февруари 2010
13
0
Скопје
Ok, do negde e vo pravo SNACHG ...Jas kolku sto go razbrav fakultetite denes ne pruzaat znaenje i taka si e. Ni eden profesor[ zaedno so asistentite, demonstratorite] ne e zainteresiran da ne nauci nesto, duri nekoi i ne se pojavuvaat, nigde nemas nikoj da prasas, se sam si ucis po google baras a od druga strana koa ke si platis za certifikat mora da te ucat da ti objasnuvaat ko na malo dete. Ama za zal ova e Makedonija se se vrti okolu parite, samo biznisot se gleda taka i na fakultetive tezok biznis se prai.
Koga sme vekje kaj Cisco certifikatite ne vikam deka ne se dobra rabota ako platis ama privatno i detalno si ucis, za razlika od PMF ucis CCNA1 i 2 vo rok od 3 meseca,znaci eden semestar paralelno so predmetot kompjuterski mrezi i uste drugite predmeti od semestarot pa vidi kolku mozes da znaes. TReba samo da se posvetis na tie kursevi ama ako ne gi ucis drugite predmeti treba da plakjas krediti itn,
Znaci se se vrti okolu parite, ... moram da go polozam predmetov da ne platam krediti....ne vi e poznato i na kraj nisto ne znaeme toa e realnosta...
Vazno za 4 godini ke imas diploma diplomiran ing i da si ja zakacime na cid, osven ako nekoj nema srekja i direktno go staat az direktor xaxa
pozdrav i dzabe si trosite zborovi
 

SNACHG

Intern
23 февруари 2010
177
17
Збориш за вработување во фирми, како работел процесот на вработување, а со ваквиот карактер не ми се верува дека некој би те задржал повеќе од 1 недела на работа
Не ми се секирај ти на мене јас долго време работам ви истата фирма во која работам и денес.


Постои теоријата за графови која се применува кај Компјутерските Мрежи. Како се одредува дисциплината на редицата на чекање во рутерот се прави со помош на Симулации и Визуелизација.
Постои и има многу за учење не спорам дека рутерите и сличните уреди не јас користат теоријата за графови али како и да е и тоа се учи на сертификатите не се секирај него само како ја користат таа теорија а друго не.А неможеме да останеме само на тоа т.с само на теоријата за графови и сл.Во Компјутерските Мрежи има многу од рутирачки протоколи и принципи па се од безбедност,дизјан Multilayer Switched Networks,телекумуникациски технологии отимизирање и многу многу.

Кажи што те мачи во врска со мрежи или нешто друго ќе пробаме да најдиме од каде потекнува теоријата, ама немој да прасуваш кој кабел во кое џекче влегува, ми ја навредуваш интелигенцијата, мало дете да земам ќе ти поврзе подобро.
И до кога бре ке мислиш дека само тоа се учи стварно не знам зборам од преги и ништо не свакаш.Побарај малку на Интернет што се учи на тие сертификати па после збори океј.

Браво pandora се сложувам со тебе потполно.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,698
Мислења
848,922
Членови
29,431
Најнов член
XFXRX580
На врв Дно