AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Компјутерите ќе им прозборат на слепите лица на македонски
Ова ќе значи можност да се олесни еден од најголемите проблеми наслепите лица - комуницирање со околината, вели Жарко Селковски, претседател на Сојузот на слепите на Македонија
Текстот ќе се претвори во звук и ќе внесе зрак светлина во мракот. Слепите лица во земјава првпат ќе може на своите компјутери да читаат текстови на македонски јазик, да праќаат мејлови, да бидат дел од информатичкото општество... Ова ќе им биде овозможено преку посебните програми, кои заеднички ги реализираа компјутерската фирма „Семос“ и весникот „Дневник“. Презентацијата на проектот, кој значително ќе им ги олесни досегашните проблеми на слепите при користењето на компјутерите, ќе се одржи на 19 декември, во Сојузот на слепите на Македонија.
Од тој ден, слепите лица не само што текстовите на компјутерските екрани ќе ги читаат на македонски јазик, туку со двете изработени програми - НВДА, електронски читач на екранот, и гласовниот синтетизатор „и-спик“ - ќе можат да ги заменат целосно скапите програми што се набавуваа од другите земји.
Двата програма за читање ќе бидат бесплатни за слепите лица. Тие досега можеа да набават читачи на екранот и синтетизатори на гласови од други земји. Но, синтетизаторите не можеа да ги читаат сите букви од македонската азбука, а и не се евтини - чинат до 2.000 евра. Толкав издаток досега не можеа да си дозволат лицата со оштетен вид, кои најчесто се невработени или имаат скромни месечни примања.
Герасим Ванчев, директор на „Семос“, вели дека главниот мотив со кој се раководеле во овој проект била желбата да им помогнат на слепите лица.
- Без вакви програми слепите многу тешко можат да ги користат компјутерите. Нивната висока цена претставува дополнителна бариера за што поголема употреба на компјутерите од страна на слепите лица. Програмите што ги адаптиравме во нашата фирма и кои ќе мое бесплатно да се користат, ќе доведат до масовна употреба на компјутерите од страна на слепите лица - истакнува Ванчев.
Тие програми претставуваат техничка основа, која во иднина постојано ќе се надградува. Се очекува во развојот на овој проект да се вклучат владини и невладини организации. Во Сојузот на слепите на Македонија го поздравија овој проект.
- Не треба посебно да се објаснува колку ќе им значи да можат да користат интернет, да комуницираат со други луѓе преку електронски пораки, самостојно да пишуваат текстови на компјутер. Ова ќе значи решавање на еден од најголемите проблеми на слепите лица - комуницирање со околината. Проблемот со движењето на овие лица е голем, а ние немаме пари да набавиме помагала - вели Жарко Селковски, претседател на Сојузот на слепите на Македонија.
Извор:Дневник