1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проект - MSI B450 Tomahawk - VRM ладење

Дискусија во форумот 'Overclock & Modding' започната од Costigan_Jr, 3 Март 2019.

  1. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Ладењето со алуминиумски ладилник претставува алуминиумска кондукција односно ладење со контактно одземање на топлина. Колку е поголема површината со која алуминиумот допира на телото кое го лади толку повеќе топлина во единица време може да одземе. Бидејќи таа мора да е рамна, таа е и ограничена. Ослободвањето на топлината исто така зависи од вкупната површина на разладното тело. Затоа се ставаат ребра и по можност - алуминиумски плехови меѓусебно поврзани, се со цел да се добие што поголема разладна површина. Гледај на ладењето со природна циркулација на воздух како на атмосферски мотор, а на активното ладење како турбо мотор. Количината на воздух, волуменот, кој доаѓа во допир со површината на алуминиумскиот блок е најзначајниот фактор во ладењето истиот откако тој еднаш ќе ја одземе топлината од телото која ја генерира. И самиот знаеш дека алуминиумот е одличен спроводник на топлина. Тоа во превод значи дека кој било дел од ладилникот да го ладиш, фигуративно кажано, ќе придонесе до опаѓање на температурата на целиот ладилник и постигнување на термален еквилибриум. Или - доколку овозможиш активен проток на воздух кој ќе доаѓа во допир со ( во случајов преку 50% од површината на ладилникот), ќе придонесеш за намалување на температурата. Дотолку повеќе што страничното дување ќе има пониски перформанси бидејќи истиот воздух кој ќе одземе топлина на почетокот на ладилникот ќе поминува и по неговата должина. А со начинот на кој јас пристапувам ладењето е од горе и странично, односно се опфаќа огромен дел од површината на ладилникот и постојано доаѓа нова количина на воздух од надворешноста на куќиштето(филтриран).

    Се надевам ти се разјасни како функционира ладењето. Ако имаш уште прашања, повели прашај пак.
     
  2. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,055
    2,954
    2 Септември 2012
    Машко
    Astro alias Ајнштајн. :eek:
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,630
    23 Јануари 2008
    Манга
    Мислам дека превидуваш еден многу битен дел од приказната, а тоа е протокот на воздух низ куќиштето. Со ова кое ти ќе го направиш нема воопшто да го смениш волуменот на воздух кој влегува во и излегува од куќиштето. Само ќе ја смениш траекторијата на движење. Можеби ќе ја намалиш температурата на VRM-то за неколку степени меѓутоа за сметка на тоа ќе се зголеми температурата на друг дел од компонентите. Впроечм многу веројатно е дека ќе изгубиш во просек повеќе отколку ќе добиеш бидејќи со капачето-дифузер има веројатност да го угушуваш протокот. Мислам дека многу повеќе ќе добиеш доколку монтираш(или да ги замениш доколку имаш помали) 140mm фанови на таванскиот и задниот дел од куќитето отколку со дифузерот.
     
  4. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,160
    946
    2 Јануари 2012
    Машко
    Стави еден 140 мм вентилатор насочен кон VRM без никаков капак и ќе се добие добар ефект. А и мислам дека премногу значење даваш на температурите на VRM, не сум видел никој да ги лади дури и на 4.5+ghz.
     
  5. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Нема превидување. Количината на воздух е истата, протокот е насочен, ќе има снижување на локалните т.н. жешки точки и ќе има порамномерно распределување на топлината, што во секој случај е бенефит. До овој вентилатор од десна страна има друг кој внесува воздух во зависност од Т на процесорот. Овој лево ќе биде задолжен исклучиво за VRM-то. Лево од дифузерот/насочувачот на проток има уште еден вентилатор кој изнесува воздух. Падот на притисок кај него ќе предизвика повлекување на локалниот загреан воздух од дифузерот. win-win. Графичката е 75W и не бара посебен третман. Инаку нема простор за 140мм над напонската, а и да има, ова рашение е посложено и подобро ќе ја лади напонската отколку само вентилатор кој има централизиран проток.
     
  6. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    140мм вентилатор никогаш нема да биде еквивалент на дифузер кој ќе дува рамномерно на двата алуминиумски блокови.
    Дифузер > 140мм > 120мм >> без вентилатор.

    Некој мора да ги усложнува работите, иначе ќе тапавме во место :)
     
  7. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    По се изгледа ќе правам CFD. Тоа дополнително ќе ги усложни работите. Hell yeah!! :D Ако правам бал, нека биде маскенбал. :)
     
    На GenOcide и Astro им се допаѓа ова.
  8. incontempt

    incontempt
    Gaining Experience

    220
    202
    24 Февруари 2016
    Машко
    Интересна идеја, баш ме интересира како ќе изгледа и разлика во температури.
     
    На shifty и Costigan_Jr им се допаѓа ова.
  9. Astro

    Astro
    Guru

    5,970
    8,074
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Само напред, имаш поддршка од мене :)
    Викај ако треба некој да го пие пивото и да ги јаде кебапите.
     
    На goce03 и igor_igor им се допаѓа ова.
  10. HardCorec

    HardCorec
    Unbeatable

    3,052
    4,202
    4 ноември 2013
    Машко
    Браво! Само напред.
    Го чекам исходот.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    image001.jpg image002.jpg

    Втората фаза е завршена.Следува изработка.
    Со големо нетрпение го очекувам резултатот од тестот.
     
    На shifty, toplel, GenOcide и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    Animation 1.gif
    Подобрена верзија
     
    Последна промена: 11 Март 2019
    На shifty, mrkela2009, Tenny и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. Costigan_Jr

    Costigan_Jr
    Unstoppable

    2,810
    3,875
    5 Јули 2013
    Машко
    инженер
    stay tuned
     

    Прикачени датотеки:

    На gOJDO, GenOcide, stefan166 и уште 6 други им се допаѓа ова.
  14. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,243
    23 Јуни 2015
    Машко
    Што се деси? До каде е модов? @Costigan_Jr
     
Слични теми
  1. alumen :)
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    1,764
  2. reflexmk
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    1,096
  3. Sludge.Factory
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    374
  4. Astro
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    497
  5. Mario.Bog
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    160
Вчитување...

Сподели

Вчитување...