1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Продажба на половни делови,дакон,фискални и остало...

Дискусија во форумот 'Боречки клуб' започната од vordan, 14 Мај 2010.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. vordan

    vordan
    Intern

    87
    14
    7 Јуни 2008
    Фала што ми го избриша постот без да ме известиш.

    Тоа што го прашав не е наивно -- а ти се однесуваш така.
    „Принципите“ на УЈП се нарекуваат „Закони на Република Македонија“.
    Ако ве намириса УЈП или Финансиска полиција дека објавувате „вакви“ огласи, многу лесно може да ве прогласи за соучесници. Потоа следи запленување на сервери, па кривични пријави, судови, итн.
    А ако баш запнам да ја тупам работата, тогаш бришењето на мојот пост може да се смета како акт на соучесништво.
    Разговарајте со вашиот адвокат, бидејќи никој не е над законот.

    Размислете за политиката на дозволени содржини на форумов. Наместо да ги бришете оние кои имаат чесни намери, подобро е да се забранат шверц-комерц продавачите.

    Успат речено, ваквото ваше однесување директно им наштетува на легалните ИТ компании во Македонија. За ова ќе биде разговарано и на следниот УО на ИКТ комората на Македонија и -- бидете уверени -- таму нема да има многу задоволни луѓе.
     
  2. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    12. Администраторите и модераторите го задржуваат правото без претходно предупредување да менуваат и бришат мислења/теми.
    Админите/модераторите на Македонски ИТ форум можат да избришат, изменат мислење без притоа да објаснуваат зошто го направиле тоа. Правилата се кратки и јасни и секој член треба да ги почитува. Админите/модераторите се едни од најголемите корисници на овој форум и луѓе кои највеќе го сакаат успехот на Македонски ИТ форум, така да секоја нивна постапка е оправдана од самата таа причина. На барање на членот за објаснување за некоја администраторска/модераторска постапка, админот/модераторот може, но НЕ е обврзан да даде објаснување.

    Извадено од правилникот на It.com.mk

    И ве молам да не идете оффтопик задржете се на темата...во спротивно сите мислења ќе бидат избришани.


    фала.
     
  3. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    кој e шверц-комерц продавач по дефиниција...повели, појасни ми
     
  4. vordan

    vordan
    Intern

    87
    14
    7 Јуни 2008
    Тој што не плаќа данок, не ја декларира својата фирма ...
     
  5. vordan

    vordan
    Intern

    87
    14
    7 Јуни 2008
    Јасни ми се мене вашите правила, само се обидов вам да ви ги објаснам другите правила ... се нарекуваат „закони“.
     
  6. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Ако можеш да ми посочиш некој којшто е опишан со претходната реченица, те молам.
     
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,679
    14,240
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    vordan, за да ни објаснуваш закони прво треба да ги проучиш. А вака само можеш да добиеш ремет, а ние да се изнасмееме.
     
  8. daniel111

    daniel111
    Gaining Experience

    681
    334
    10 Август 2009
    toj sto ne plaka danok i carina tesko si na nego :) no za roba koja e koristena ili vnesena preku nekoja si firma ,a drug ja prodava ,danokot i carinata veke se plateni . Mnogu odavna koga seuste televizorite bea crno beli imase eden zakon da smetkata za kupena roba mora da se cuva dozivotno inaku UJP moze da ti dojde doma i se da ti zeme dokolku nemas smetka ,a danokot se odreduvase po princip na "naslusnuvanje" te .kako se siri muabet niz carsija ,koja roba kolku kosta :)
     
  9. SaleSk

    SaleSk
    Arzt

    4,601
    5,175
    20 Април 2007
    Машко

    Види момче. Според тебе и твоето објаснување секое едно домаќинство треба да поседува онолку фискални каси колку што има членови? Па јас кога ке сакам да продадам нешто некому, па дури и на сопствениот татко тоа по тебе е нелегално ако не му дадам фискална??
    Да е легално ке треба да му дадам и фискална? :LOL:
    Е баш ми е мило што се најде да се истакнеш со својата висока интелигенција...Од тие како тебе и сличните државата и економијата ни е на ова дереџе на кое ни е...Никакво се разбира...

    И совет...Ако сакаш да купиш нешто, извади пари, преброј и носи ако ти се свиѓа, а ако не бркај си не една работа, него две...:farmer:
     
    1 person likes this.
  10. NetworX

    NetworX
    Intern

    959
    46
    3 Мај 2009
    Следен пат кога ќе купиш нешто на старо барај фискална, а ако не ти даде викај УЈП нека му го искршат гзот.
    @vordan високо образована личност си се гледа тоа кажи им го истово и на pazar3.com, mobile.de, ebay.com и сите други што се занимаваат огласи можеби ќе се извадат од памет и ќе ги испогасат серверите. Пробај
     
  11. vordan

    vordan
    Intern

    87
    14
    7 Јуни 2008
    Драга Сашке,

    Мојата забелешка беше принципиелна -- на форумиве се нуди и продава и неполовна, нова стока, или таква која се прикажува како нова, којзнае како набавена и донесена во Македонија. За неа нема ниту гаранција, ниту -- ако баш сакаш -- фискална.
    Тоа не ги прави македонските ИТ компании среќни, а јас сум во една од нив. Цел живот плаќам даноци, издавам фискални и се грижам купувачите да бидат сигурни и задоволни, и не поднесувам нелојална конкуренција.

    Затоа, твоите саркастични совети не ми се потребни.

    Модераторот го избриша мојот пост (во кој ти и не знаеш што пишуваше) иако во него ниту навредив некого, ниту имаше нешто што е „несоодветно“. Згора на сѐ, уште ја префрли дискусијава во друг форум, каде што прв и последен пат ќе напишам нешто.

    Успат, „момче“ можеш да си ги викаш другарчињата кога се бањате заедно, мене немој.
     
  12. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,827
    26,022
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    @ Драг vordan

    Твојот пост не содржеше навредлива содржина ама беше избришан поради тоа што водеше во друга насока и на не соодветно место...А темава е отворено на вистиското место каде што треба да биде....т.е каде што им е место наваквите дискусии...

    фала
    поздраф.
     
    1 person likes this.
  13. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,536
    11 Декември 2008
    Машко
    @vordan

    На форумов нема такви што продаваат нова роба без гаранција, туку само може има дилери кои продаваат по нешто пониски цени од малопродажните, но со гаранција и фискална од главната фирма за дистрибуција.
    Додуше едно време се појави еден многу јак дистрибутер "михаил откуп" кој нудеше сомнителна роба за 20-30% поефтина од најниските дилери во македонија, но беше ескпресно баниран, откако беше контактиран од повеќе заинтересирани, а потоа никаде го немаше да одговори.

    А половната роба што ја гледаш што се продава по огласиве е претходно купена од некаде со фискална и гаранција доколку сеуште важи и тука нема ништо незаконско.

    А и ако мислиш дека некој продава таква роба, повели покрени истрага за одреден член во кој се сомневаш, па терајте ја правдата на суд.

    Поздрав.
     
  14. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    412
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Проблемот не е ни во модераторите, ни во администраторите ни во форумот. Проблемот е во државата, бидејки има закони а нив ниој не ги спроведува или пак се спроведуваат селективно. Но изгледа на повеќето им одговара оваа ситуација па затоа 20 години тапкаме во место.
     
  15. ChemicalAngel

    ChemicalAngel
    Gaining Experience

    794
    210
    24 ноември 2008
    Што им е на ова луѓето во македонија, државата па државата е крива. Гледај вести протестираат земјоделците државата е крива, гледај стечајците државата е крива аман веќе не сме во комунизамот па државата да е крива за се. Во 'демократски' земји, самиот човек што нешто не му чини се обраќа до институциите и тера правда, тука се научиле сите на телевизија и државата е крива, мислејќи на тој начин ќе ја решат ситуацијата.

    Толку оффтопик, а сега продолжете и немојте да ја мешате државата.
     
  16. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    @Г-не vordan

    Вашите претпоставки, поради незнам која причина, сте се одлучиле да ги ставите во мојот оглас. Би Ви кажал само едно - сте ги испомешале работите Се согласувам со тоа дека секоја критика и сугестија која е добронамерна треба да биде пречекана со благодарност, но само кога е насочена во вистински правец.
    Конкретно во мојот случај, што претпоставувам кај Вас создаде забуна, имам своја фирма чија примарна дејност е тоа што во моментов се обидувам да го промовирам-продажба на компоненти и конфигурации, кои што се разбира дека се нови и дека сите си имаат гаранција. Јас сум дилер, т.е. препордавач ,а не сум увозник ( барем на она што во моментов INTERFACE Компјутери(ЧИТАЈ : ПРАВНО ЛИЦЕ) го има во своја понуда.).Наскоро ќе ја проширам понудата со компоненти од увоз ( се надевам, тоа пред се зависи од интересот на пазарот ). Доколку се одлучите да купите нешто што го нуди INTERFACE Компјутери, за секој купен производ ќе добиете фактура и гарантен лист.
    Исто така, како ФИЗИЧКО ЛИЦЕ, лично продавам половни компоненти, коишто сум ги купил и за истите сум платил данок на државава.Јас не сум ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК, обрнете внимание.
    Го разбирам Вашиот револт и - бидете уверени дека процентот е тој што Ви создава проблеми при обидот да допрете до купувачите.

    Успат - дали Ви промени нешто во животот тоа што Ви персирав? Не, верувајте ми, нема да Ви промени ништо,ниту на форумов.Tи сеуште си момче, а не верувам дека ќе го поправиш впечатокот со лажни узбуни и недоволно проанализирани- т.е.нелогични констатации.
    Поздрав момче.:)
     
    1 person likes this.
  17. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,679
    14,240
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    @Vordan

    Јас на твое место прво би се изнарасплакал поради големите и нефер неправди направени од страна на суровите и немилосрдни модератори. Потоа би ги избришал солзите, и покрај големата тага во срцето, би го напуштил форумов за секогаш и на сите ќе им раскажам какви ****** има овде!
     
    1 person likes this.
  18. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,245
    24 Март 2009
    Машко
    Вордане, ако не ти се купува без фискална, не купувај. Никој не те тера.
    Само не тролај без врска сите да ти се смеат. :)
    Не знам колку си возрасен, но оставаш впечаток на бунтовен тинејџер :)
    Ти си нулти фактор во одлуката на некој дали тој ке купи од дилер без фискална или од дуканот со фискална.
     
  19. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Дали е фактура или фискална сметка нема разлика - купувачот во секој случај е заштитен.Тие се писмени докази дека е извршена уплата, со таа разлика што фискалната сметка се издава во продавница кога плаќаш во кеш, а фактура се добива од фирма кога и' уплаќаш на жиро ( трансакциона) сметка.Само мало појаснување Владе ;)
     
  20. daniel111

    daniel111
    Gaining Experience

    681
    334
    10 Август 2009
    au dobra tema :) @ mil moj napaten vordane ,citam i nemozam da veruvam ,vo toa sto go gledam,nelojalnata konkurencija ni ja unistuva drzavata ,zatoa mislam deka treba na protesti da se odi i da i se dade ultimatum na vladata ,dokolku ne go ukine zakonot za bezcarinski uvoz na it tehnologija vo vrednost od 300Eura parce (normalno 5%danok) ,togas barem da kupuva so budzetski pari od "legalnite" firmi kako na Vordan ili pak da napravi revizija vo legalnite firmi pa da vidime zasto 97god vladata dobi nota od EU da prestane MKD da proizveduva kompjuteri,zatoa sto po nivnata statistika ispadna deka 80% od kompjuterite uvezeni vo EU se so sertifikat deka se proizvedeni vo MKD . E sega kazi mi ti Vordane kako e toa mozno i koj pravi lazni dokumenti i izvezuva vo EU .ovie od forumov i od pazar3 ,najverojatno .Abe se mafijas do mafijas pa plus i ne davaat fiskalni za Usb i toa 2.0 .
     
    1 person likes this.
  21. Zeratul

    Zeratul
    Intern

    242
    29
    30 ноември 2008
    Ќе го понудам мојот пример... преку огласите, стапив во контакт со г-дин гОЈДО и со негова консултација, одлучивме да ми ‘продаде‘ матична, напојување и хард диск. Се договоривме со човекот, кој оддели приватно време за да ми заврши услуга, бевме фино до неколку продавници, од каде гОЈДО има попуст како редовен потрошувач, ги купи деловите во мое име, доби гаранција и фискална и јас си склопив нов компјутер. Кажи ми кој дел од оваа зделка е нелегален? Или требаше гОЈДО да регистира фирма, па да ми ги препродаде деловите и да ми издаде фискална? Или можеби требаше на нотар да ја завериме зделката?

    Те молам, пред да дојдеш и да плукаш по членовите на форумот, обиди се да се информираш за нив, за правилата на форумот и дефинитивно за законите кои ги цитираш и како тие се прекршуваат. Благодарение на неколку посветени членови овде, чија лична добивка е практично непостоечка, бројот на ИТ луѓе во Македонија (на кои ти наводно им продаваш роба) се зголеми со тоа што луѓето добија нови компјутери за нормални цени.

    Нелегална конкуренција имаш повеќе во регистрираните фирми (да не набројувам имиња) отколку во овие неколку членови кои се трудат чисто од ентузијазам. Те молам, твојот witch-hunting насочи го кон вистинските луѓе и фирми, наместо тука да демонстрираш надменост, чувство за правда и сарказам.

    П.С. Според твојата логика, да не треба да се наплаќа и за секој совет за компјутер, програмирање или друг дел од ИТ, бидејќи со нудење на бесплатни информации, членовите овде се нелојална конкуренција на ИТ и консалтинг фирмите?
     
    2 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  22. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,679
    14,240
    23 Јануари 2008
    диско денсер
    Поминаа речиси 24 часа а воки го нема да ни одговори. :( Изгледа дека ни е лут. :plachko2:

    Сигурно и нему му е тешко како на нас. :( Сигурно сака да ни пише, онака барем да ни каже дека не чита... :plachko2: ама веќе е доцна. Си кажа он дека никогаш повеќе нема да напише нешто по прв пат на форумов. Значи нема да има 67-ми прв пат он да пише нешто. :plachko2: Ах, како ли ќе заспијам вечер... Ќе се обесам со жицата за пружање алишта од балконот на комшијата :eek:besen:
     
  23. Mr.Alien

    Mr.Alien
    Гостин

    @Vordan

    Друже, јас не ти го избришав постот. Кој администратор или модератор го направил тоа е небитно - го спомнувам ова затоа што мене директно ми се заблагодаруваш. Избришан ти е постот, како и неколкуте други после него поради тоа што беа OFF TOPIC.
    Мојата констатација (еве ти мало појаснување, zorandesign :D) беше да се дискутира во врска со темата. Разговори за плаќање даноци и слично (како и реакциите на таквите констатации) ја разводнуваат темата, ја насочуваат во сосема трета насока и крајно резултираат со ОДМОГНУВАЊЕ на тој што ја отворил - во сучајов, продажба.
    Секако, може некој да не се согласува со цената или условите или што-ти-ја-знам-што, па за тоа да дискутира. Но, не и да отвара flame war поради тоа.
    Крајно, ако не му одговара цената, не мора ни да постира, ниту да ја чита темата.
    Поздрав.

    П.С. Ај кажи во која фирма работиш? Има шанси и да се знаеме...па разговоров да го наставиме на друго место, уз кафе/пивце/и.т.н.
     
  24. daniel111

    daniel111
    Gaining Experience

    681
    334
    10 Август 2009
    more da vi kazam pravo toj Gojdo treba da si nosi mobilna fiskalna kasa a ne da se bogatee na smetka na drzavata ,znaete li poradi toa sto toj ne plaka danok - spomenikot na aleksandar veliki (citaj Makedonski) bi bil mozebi i 2-3 metra pogolem ,dokolku toj aramija si go plakal danokot .Jas mislam deka nekoj sovesen treba da go prijavi vo UJP pa da mu go zemat celiot kar od edno evro vo prosek , da da 1 euro ama ako izracunas kolku godini ima ke se sobere dosta para za drzavata .
     
  25. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,388
    3,101
    4 Септември 2008
    Па во принцип да.
    За да таа продажба биде легална, во овој случај каде продажбата се прави од едно физичко лице на друго физичко лице не е потребно да се издаде фискална сметка но затоа потребно е да се направи купопродажен договор заверен од нотар. На тој начин без разлика кој на кого му продава, дали е фамилија или не, самата продажба е легална и утре со тој документ имаш законски права и обврски. Како поинаку ќе докажеш дека е направена било каква продажба, а верувај не се мали случаите каде дури и роднини меѓу себе се тужат за нелегални продавања меѓу себе. Така да татко, син, брат, мање битно, ако сакаш да биде легално и правно тој е начинот.

    Инаку јас сум за почитување на законите, но како што спомна некој погоре тоа да не биде селективно, за едни мајка за други маќеа. За жал во нашата држава нема систем за спроведување на законите, може имаме за се закони (Европски) по сите норми и регулативи, но недостигот е во тој механизам за спроведување на законот. Како и да очекуваме да има почитување на закони кога рибата од главата смрди, значи некој од горе не го почитува, па после доаѓаат обичните граѓани под главата. Значи и за контролорот треба контролор, односно меѓусебно контролирање.

    И уште нешто, ако некој има „поинакво“ мислење од мнозинството незначи дека тој човек е крив или будала, така да исмејување не е потребно.
     
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...