• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Продавам AKG K371 Слушалки

  • Ја почнал/а темата
  • #1

TheMarshal

Practice makes perfect
3 јануари 2019
1,075
1,806
Аудиофилијата е субјективно хоби. Некогаш ќе купиш некоја опрема и нема да ти се допаѓа. Ако се сеќавате напишав и рецензија за нив во темата за аудиофилија. Слушалките се купени пред неколку месеци од Thomann.

Се работи за затворена студиска слушалка со извонреден тјунинг. Речиси комплетно го следат Harman таргетот. Доста лесна е за возење од мобилен, па дури и од onboard звучна карта звучи извонредно. Да напоменам, не е нешто WOW за гејмање, но затоа е солидна за музика. А да не зборувам колку извонредна за commuting и доста е компактна бидејќи е foldable.

Јас ептен кратко ја користев и лично на мене не ми прават кејф затоа што се навикнав на звукот на Sennheiser HD-6xx/650. Плус, не одговараат добро на мојата глава. Што значи ептен кратко се користени и се скоро во фабричка состојба.

Да не замарам со спецификации, еве линк од официјалниот сајт.
K371 | Over-ear, closed-back, foldable studio headphones

Сеуште ја чувам кутијата и сите додатоци што идат со слушалките. Така да има 3 кабли со различни должини, платнена футрола за нив и 6.3 mm адаптер. Исто така, имаат останато околку 2.5 години гаранција, но за да се уважи треба да се пратат на Thomann во Германија - така да, немаат локална гаранција.

Цена: 5000 денари.



121990230_340835163675993_25556062132974841_n.jpg121816016_2494374427526318_7684781402665282769_n.jpg121696072_1603121049888482_6166632126809189455_n.jpg
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,526
Мислења
822,618
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно