1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Продадени 1,5 милиони мобилни со „Виндоус фон 7“

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни уреди' започната од ProNoob, 3 Јануари 2011.

  1. ProNoob

    ProNoob
    Intern

    392
    13
    1 oктомври 2010
    „Мајкрософт“ конечно ги објави првите податоци за новиот мобилен оперативен систем на компанијата „Виндоус фон 7“-според кој операторите и дистрибутерите продале 1, 5 милиони мобилни компатибилни со „Виндоус фон 7“ за помалку од два месецa од лансирањето на пазарот, пренесуваат француските медиуми.

    „Тоа е ветувачки почеток, кој е во согласност со нашите очекувања“, рекол еден од управителите на „Мајкрософт“, Аким Берг, додавајќи дека бројката се однесува на трговијата на големо на оператори и дистрибутери.

    Берг истакнал дека конкуренцијата е тешка, но не се работи во спринт, па така е потребно време за да се постигне целта, да се обучат партнерите и да се убедат потрошувачите.

    Во „Мајкрософт“ потенцирале дека е пријавена бројка за продажбата која покажува вистински интерес на дистрибутерите за нивниот нов мобилен оперативен систем.



    И ДА НЕ ОТВОРАМ ДРУГА ТЕМА ПОРАДИ НЕКОИ ПРИЧИНИ ТУКА ЌЕ ДОПИШАМ

    Американската корпорација „Мајкрософт“ ќе ја претстави новата верзија на оперативниот систем Виндоус во јануари 2011, пренесува агенцијата „Блумберг“, повикувајќи се на неименуван извор.

    Новиот оперативен систем ќе биде развиен специјално за примена на мобилните телефони врз основа на АРМ чиповите, што значи дека првенствено ќе биде ориентиран кон примена на тејбл компјутерите, лаптопите и смарт телефоните од различни производители.

    Се очекува дека новиот оперативен систем ќе биде лансиран за две години. Виндоус досега беше ориентиран да работи во системи базирани на x86 процесори.Такви чипови произведуваат компаниите „Интел“, „АМД“, „Виа“ и други.

    Архитектурата АРМ во основа е модерен мобилен процесор. Во споредба со х86 обезбедува значително помала потрошувачка на енергија, благодарение на широката примена на преносните уреди.

    Чиповите врз основа на таа архитектура ги произведуваат компаниите „Квалком“, „Самсунг“, „ОМАП“ и други големи произведувачи. Тие процесори се применуваат во најголем број смарт телефони, тејбл компјутери и мобилни телефони.

    Па се очекува да се види што ќе биде !:)

    извор: tocka.com.mk
     
  2. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Ова не се премногу оптимистички вести. Со оглед на тоа дека iphone 4 се продаде во 3 милиони за 2 дена, а WP7 1,5 милион за 2 месеци.

    Но, мислам дека WP7 има еден клучен недостаток, а тоа е дека е производ на Microsoft. Тоа значи дека луѓето имаат предрасуди кон производот заради лошото искуство со МС, и тоа ќе може да се надмине тек кога луѓето ќе бидат во контакт со нивните телефони подолго време и ќе видат навистина колку се добри. Јас лично сметам дека имаат многу добар оперативен направено и ќе биде опасна конкуренција од 2012 година. Оваа година мислам дека ќе ја изгубат во „затегање“ на некои пропусти и во маркетинг, но од следната може да се очекува да прераснат во опасен играч на сцената.
     
  3. ProNoob

    ProNoob
    Intern

    392
    13
    1 oктомври 2010
    Za toa si totalno vo pravo, deka windows phone ne go kupuvaat poradi prethodni iskustva so windows, no koga bi se osudile da go kupat i koga ke pocnat da go koristat,mislam deka ke im se smeni totalno mislenjeto ! :)
     
  4. krale

    krale
    Practice makes perfect

    2,300
    1,360
    6 Февруари 2009
    Откриен прилично лош bug во Windows Phone 7 платформата, кој испраќа непозната, но голема содржина на 3G мрежата без знаење на сопственикот, со што интернетот се троши неверојатно брзо.

    Од Microsoft само јавуваат дека работат на поправање на проблемот.
     

Сподели

Вчитување...