drown
Master
Со оглед на тоа што најголемиот број на работодавачи даваат екстремно кратки и неинформативни огласи за работа, подолу следуваат неколку добронамерни совети за тоа како би требало да изгледа оглас за работа.
Кој е работодавачот?
Во повеќето огласи што се појавија на форумов не беше истакнат работодавачот. И да, на потенцијалните кандидати им е битен угледот и квалитетот на фирмата за чие што работно место аплицираат.
Опис на работа
Напишете од што се содржи работата за која се аплицира. Изработка на web банери и дизајн на брошури/плакати/билборди не е исто. Одржување на мрежа од 10 и мрежа од 100 компјутери...
Потребно знаење
Дадете им на знаење на кандидатите какви способности/сертификати мора да имаат за да аплицираат. Наведете ги и работите кои не се задолжителни но доколку ги имаат, би имале предност пред другите кандидати.
Потребно образование
ССС? ВСС? Доволно е да поседуваат само одреден сертификат?
Работна атмосфера
Како е да се работи во вашата фирма? Работа во просторија од 10 квадратни метри со уште 7 колеги, не е нешто што секој посакува. Дали работата е тимска или е секој за себе? Кои се предностите кои вие ги нудите на ова поле?
Плата?
Немора да го наведете точниот износ, но пожелно е да наведете од колку до колку се движи месечниот надоместок во вашата фирма. Вака потенцијалните кандидати ќе имаат барем некаква претстава за тоа колку би биле платени за тоа работно место.
Контакт
Иако е-маил адреса е сосема доволна за да кандидатите испратат CV, е' пожелно да оставите линк до вашата веб страна за да можат кандидатите дополнително да се информираат за вашата фирма.
Исцрпни огласи за работа ќе ви донесат квалификувани кандидати, нема да губите време на непродуктивни интервјуа + ќе ги поштедите луѓето кои што не одговараат на профилот од огласот да губат време и нерви на, предмалку спомнатите, непродуктивни интервјуа.
Услов
За да понудите работа или да се понудите како работна сила, неопходно е да имате минимум 18 години.
Лицата помлади од 18 години, не претставуваат соодветен кадар за преземање одговорност.
IT.com.mk нема да сноси одговорност поради неуспешна соработка.
Благодарам.
LiquidWorm: П.С. - И ако е достапно да се напише до кога трае огласот.