• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Procezorot mi zagreva

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

bazebas

Intern
5 мај 2007
24
0
Imam procesor Barton 2800+.
So programata Everest procitav deka temperaturata mu e 68 stepeni.
Ovaa temperatura ja dostigna po 4-5 casa rabota.
Ne se razbiram mnogu, ama mislam deka toa e mnogu. Ventilatorot vrti normalno (kolku sto mozam da vidam koga ke go otvoram kapakot).
Sto moze da e problemot i dali temperaturata e normalna?
 
M

Mr.Alien

Гостин
Провери!!!

Макар што BARTON моделите не се шампиони во поглед на слабо загревање, сепак 68 степени е многу. Но, не се потпирај на софтверите - провери во БИОС-от колкава е очитаната температура. Ако и во БИОС-от е иста, тогаш провери го следново:

1. Има ли насобрана прашина помеѓу ребрата на ладилникот или на самиот вентилатор на кулерот?
2. Термалната паста можеби е стара, засушена или закоравена. Замени ја.
3. Ако скоро си го вадел кулерот, дали си ставил термална паста и ако си, да не си ставил премногу (за секој случај, да се најде :)) ?
4. Да не си го кревал работниот напон на процесорот?
5. Термалната диода можеби не ја чита добро температурата.
6. Да не си го флешувал БИОС-от? Ако си, новата верзија можеби има баг - провери на сајтот на производителот на матичната плоча.
7. Дали имаш добар проток на воздух во куќиштето? Џунглата од кабли може во голема мерка да го попречи правилниот проток на воздух и со тоа да допринесе за кружна циркулација на топол воздух во внатрешноста на куќиштето.
8. Дали во БИОС-от постои опција за ограничување на брзината на вентилаторите, поточно оној на кулерот?
9. Дали можеби куќиштето го држиш стално отворено? Ако е така, обиди се да го затвориш и да видиш магија (ако сето горе наведено не е причина) :D .
10. Пиши што си направил.
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
Максималната температура т.е. критичната температура е 85 степени. Далеку си од неа, но сепак и 68 е многу! Јас имам Barton 2500+. Пред да се гасам ќе го рестартирам и ќе пишам колкава е кај мене температурата.

За секој случај направи што ти пиша Mr.Alien

btw eве една табела со критични тепмератури на многу процесори
http://www.pantherproducts.co.uk/Articles/CPU/CPU Temperatures.shtml


едит: Кај мене температурата е 55-56 степени целзиусови
 

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Isto taka zavisi i sto rabotish na PC-to. Ako e postojano procesorot na 100%, normalno e da se zagree. Vo toj slucaj, ponov i pojak kuler bi trebalo da zavsi rabota
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

bazebas

Intern
5 мај 2007
24
0
Првично кажано од Mr.Alien
1. Има ли насобрана прашина помеѓу ребрата на ладилникот или на самиот вентилатор на кулерот?
2. Термалната паста можеби е стара, засушена или закоравена. Замени ја.

(Се извинувам што не знаев да направам цитат :(

Имаше доста прашина на решетките. Сега мислам дека помалку загрева.
Фала
Меѓутоа не се разбирам од температурна паста. Мислам дека тоа беше нешто што се става во процесор, ама кеде точно и во која количина, на колку вртем, и од кај се купува????
Ако некој знае нека ми пише.
Поздрав
 

StreetGrl

Intern
7 мај 2007
10
0
@ bazebas
Јас имам често проблеми со кулерот и редовно ја чистам прашината и ставам паста. Тоа е најчест проблем за загревање на процесорот.
Инаку.. Паста се купува скоро во било која продавница за компјутерска опрема распрашај се во местото каде што живееш, сигурно ќе најдеш.
А за ставањето ќе ставиш малку на процесорот на она место каде што треба да се спои со кулерот.
Не можеш да утнеш, ептен е лесно. :)
Добри опции ти даде Mr.Alien испробај се, а ако пак ти прави проблеми, е тогаш купуваш нов кулер. :D
 
M

Mr.Alien

Гостин
Колку паста да се стави?

Сосема малку. Како што напомена StreetGrl, се нанесува СОСЕМА малку врз јадрениот дел (тоа е она како метална правоаглеста плочка на задната страна), таму каде што кулерот налегнува врз него. Извади го кулерот, ќе видиш остатоци од старата паста. Избриши ги со меко крпче, К�*АЈНО ВНИМАТЕЛНО!!!
Потоа, нанеси ја новата паста, а количеството да биде толкаво да кога ќе се притисне со кулерот (при тоа самата ќе се размачка) слојот од пастата да претставува еден фин и сосема тенок слој.
Преголемо количество само ќе се разлее наоколу (нема опасност, не пренесува струја), а делот што ќе остане помеѓу кулерот и процесорот ќе биде доволно големо да оневозможи добро пренесување на топлината, а тоа не ни е цел, така?
И кога веќе го вадиш кулерот, исчисти ги убаво (издувај) ребрата на пасивниот дел, како и перките на вентилаторот, но не ги стискај, за да не се измести ексцентарот на перката, па да врти накриво.
Термална паста побарај во секоја продавница која продава делови за електроника. Сигурно знам дека има во LOGING, Т.Ц. Беверли Хилс. Таму имаш разни видови, од најобична бела (и таа врши работа, околу 50,оо ден мало пакетче) па се до сребренесто сива, која е една од подобрите ( и поскапи, обично во шприц).
Поздрав, и ако имаш уште нешто нејасно, кажи....тука сме. ;)
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
За да го издуваш кулерот користи пумпа за точак. Јас со неа ги чистам кулерите дома. Ем се што е прашина го вади, ем не те боли глава од дување :)
 

strucnjak

Intern
11 април 2007
32
0
strucnjak

razbirlivo e AMD procesorite da razvivaat pogolema rabotna temperatura, no ovaa koja ja dostignal tvojot kompjuter ne e za panika, vprocem i rabotnata brzina na procesorot e 2800+, taka? dovolno e samo da obezbedis pogolemo ladenje za nego, a za najsigurno obrati se vo servisot, ne e preporaclivo samo da prezemas hardverski merki :)
pozdrav
 

StenmarC

Intern
16 април 2007
716
13
stenmarc.blog.com.mk
razbirlivo e AMD procesorite da razvivaat pogolema rabotna temperatura, no ovaa koja ja dostignal tvojot kompjuter ne e za panika, vprocem i rabotnata brzina na procesorot e 2800+, taka? dovolno e samo da obezbedis pogolemo ladenje za nego, a za najsigurno obrati se vo servisot, ne e preporaclivo samo da prezemas hardverski merki :)
pozdrav
Без навреда и ништо лично, ама кога ќе го прочитам болдираното коса ми се крева. Било тоа пред 6-7-8 години...
 

strucnjak

Intern
11 април 2007
32
0
Без навреда и ништо лично, ама кога ќе го прочитам болдираното коса ми се крева. Било тоа пред 6-7-8 години...
neznam kolku si vo tek so tehnologijata, ama i den denes AMD uste imaat problem so rabotnata temperatura na procesorot. Inaku ne se raboti za simpatii kon eden od procesorite, tuku za fakti
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,519
Мислења
822,462
Членови
28,051
Најнов член
Marko Janevski
На врв Дно