Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Процедурата за даноци за freelancing?

ideapad

Intern
25 јануари 2017
10
1
Јас сум физичко лице и имам договор со странска компанија како „Service Agreement“, каде што добивам X евра бруто месечно за ограниченo време. Имам неколку прашања во врска со даноците:

1. Дали треба да платам данок? Читав дека не треба да пријаваш и да плаќаш данок освен ако не надминува 2 милиони денари годишно.
2. Ако треба да платам данок, која е процедурата? Кои даноци треба да се платат?
3. Која е најдобрата банка за примање на парите, која по можност не зема провизии?

Барам онлајн и нема упатства во врска со ова, па затоа ми е малку збунувачки. Фала однапред.
 

pipelin

*ੈ✩‧₊˚༺☆༻*ੈ✩‧₊˚
8 мај 2010
1.984
1.836
aleksandar.mk
pipelin's setup  
OS
macOS
1. Данок на доход се плаќа на секоја сума која ти е пристигната на твоја сметка, и 10% (не 11.11%). Тоа со 2милиони е за ДДВ обврзник но поради што твојата услуга ја нудиш надвор од МК, ти не можеш да бидеш ДДВ обврзник, освен во некои исклучоци ако продуктот се продава тука, ама кај тебе нема такво нешто.
2. Данок се плаќа месечно. Знам некои плаќаа на 3 месеци ама имаше некакви проблеми со калкулации, така да најдобро е месечно да се пријавува. За повеќе инфо тука.
3. Јас сум на НЛБ, таму само еднаш потпишуваш дека ќе добиваш приливи од тој извор, ама за други банки не знам.
 

Ragnar

Unstoppable
9 декември 2015
1.881
2.102
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Да се надоврзам за точка 3. НЛБ не зема провизија, иако сепак зема нешто као за трошоци за секој трансфер (од 50 до 100 денари во зависност од сумата која ја добиваш).
Ако те загрижува провизијата, таа може да биде значителна само од банката од каде се праќаат парите доколку не ја покрива провизијата клиентот. Мене некои клиенти ми покриваат некои не (не сум имал договор за тоа). На просек сума од 1.000 долари, некои странски банки ми кинат 5 долари, некои 10, а најмногу ми земале 35 долари.
 

ideapad

Intern
25 јануари 2017
10
1
1. Данок на доход се плаќа на секоја сума која ти е пристигната на твоја сметка, и 10% (не 11.11%). Тоа со 2милиони е за ДДВ обврзник но поради што твојата услуга ја нудиш надвор од МК, ти не можеш да бидеш ДДВ обврзник, освен во некои исклучоци ако продуктот се продава тука, ама кај тебе нема такво нешто.
2. Данок се плаќа месечно. Знам некои плаќаа на 3 месеци ама имаше некакви проблеми со калкулации, така да најдобро е месечно да се пријавува. За повеќе инфо тука.
3. Јас сум на НЛБ, таму само еднаш потпишуваш дека ќе добиваш приливи од тој извор, ама за други банки не знам.
2. Освен што на Е-ППД рачно ќе ја напишам сумата што ја добив, не барат да го видат мојот договор и трансакција од банката на сумата што ја добив?
 

VerGer

Practice makes perfect
9 ноември 2016
1.677
1.554
Скопје
2. Освен што на Е-ППД рачно ќе ја напишам сумата што ја добив, не барат да го видат мојот договор и трансакција од банката на сумата што ја добив?
во банка кога ќе ти легне прилив даваш документи кога правиш распределба на средствата што ти се стигнати, во УЈП не ставаш ништо сем сумата ко што пиша и шифрите за дејност и сл.
Може да ти побараат некогаш документи ако нешто испитуваат/не им се поклопуваат информации и сл (вонредно)
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.348
12.577
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
2. Освен што на Е-ППД рачно ќе ја напишам сумата што ја добив, не барат да го видат мојот договор и трансакција од банката на сумата што ја добив?
Го пријавуваш секој прилив со прикачување на извод од банка кој го покажува износот.
 

ideapad

Intern
25 јануари 2017
10
1
Го пријавуваш секој прилив со прикачување на извод од банка кој го покажува износот.
Нели во извод од банка се прикажани и лични трансакции како онлајн плаќања, плаќања со картичка во продавници итн.? Или има начин да се добие извештај само за приливот?
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
986
1.268
2. Освен што на Е-ППД рачно ќе ја напишам сумата што ја добив, не барат да го видат мојот договор и трансакција од банката на сумата што ја добив?
Над два милиони кога ќе направиш, ќе ти побараат договор да однесеш само за потврда.
А за најсигурно со секоја уплата на данок, прикачи извештај за наплатата т.е девизниот прилив(во пдф). Да не им истекне нешто па да се малтретираш по шалтери таму за докази и слично.
 

gokica

Модератор
13 јуни 2009
9.348
12.577
gokica's setup  
Processor & Cooler
i7 2600K & Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V Pro GEN 3
Storage
Samsung 850 Pro 256GB
PSU
Cooler Master V850
RAM
16GB 1333Mhz Kingston Value
Video card
ASUS Strix RX570 OC
Case
HAF 932
Mouse
Logitech G502 Proteus Core
Keyboard
Logitech K800
Audio
ASUS Xonar ST
Monitor
Dell UP3216Q
OS
Windows 7, 8 & 10
Нели во извод од банка се прикажани и лични трансакции како онлајн плаќања, плаќања со картичка во продавници итн.? Или има начин да се добие извештај само за приливот?

Ако во ист ден на иста сметка имаш повеќе трансакции верувам можеш да ги покриеш електронски или со коректор па да скенираш. Нив им треба само потврда дека приливот кој си го навел во пријавата е точен.
 

G4M3R

Practice makes perfect
26 јуни 2012
986
1.268
Нели во извод од банка се прикажани и лични трансакции како онлајн плаќања, плаќања со картичка во продавници итн.? Или има начин да се добие извештај само за приливот?
Кај НЛБ сум јас и вадам електронски во пдф само за тој прилив, со сите податоци(образец 743). Ништо друго немаш потреба да прикажеш.
 

kirev

Unbeatable
31 мај 2010
7.301
5.514
Нели во извод од банка се прикажани и лични трансакции како онлајн плаќања, плаќања со картичка во продавници итн.? Или има начин да се добие извештај само за приливот?
Девизен извод ги има само девизните. За да ги трошиш парите прво мораш да ги продадеш на банката и да ти даде денари и тогаш имаш други извод. Тебе ти треба девизниот ако ти го бараат.

Околку данокот, еве пример - на прилив од
Бруто / Остварен доходОдбитоциДанок на доходНето доход
129.136,000,0012.914,00116.222,00

Значи на бруто е 10%, но од нето, т.е. тоа што ти го добиваш после плаќање на давачките е 11,11%. (на пр. кога плаќаш нешто во продавница - цената е 118 денари, 100 денари е производот и 18 денари т.е. 18% е данокот). Исто би било 100 денари за тебе, 11,11 за државата

Сите банки земаат провизии, види ги провизиите ги има тука Македонски - Споредете ги надоместоците за платежните услуги . Генерално, ти треба банка што нема да те малтретира за секој прилив, т.е. да си имаш потпишани документи кај нив и веднаш да ги распределуваат приливите без да мора да одиш кај нив. Види со Халк, има некои опции да оставиш потпишани формулари дури и ако имаш различни плаќачи да не мораш да одиш кај нив, ПЛУС можеш да направиш продажба на девизите онлајн преку апликацијата или веб (мислам и преку двете може, не сум сигурен).

И мислам мораш најдоцна за неколку недели, евентуално еден месец да ја направиш пријавата.

Ах, и ова е закон пост :)
 
Последна промена:

BombaRuLz

Intern
16 мај 2008
1
1
Над два милиони кога ќе направиш, ќе ти побараат договор да однесеш само за потврда.
А за најсигурно со секоја уплата на данок, прикачи извештај за наплатата т.е девизниот прилив(во пдф). Да не им истекне нешто па да се малтретираш по шалтери таму за докази и слично.
100% ќе им истекне така да планирај го ова малтретирање однапред дури и ако се ти е чисто намерно ќе нема да ти ги прифаќаат документите, ова од пред некој ден на многу луѓе им има пристигнато мејл. На парите од странство ако компанијата нема седиште во мк не се плаќа ДДВ. Само селење е решението со корумипраниве, има лотарија за Сад уште недела дена ако некој е заинтересиран, големи шанси има во Мк да се добие.

Ако воопшто некој сака да се занимава со Ујп, само Горан барајте го за проблем во е-ппд, се останато е комплетно осакатено во мозоците. Од банки најлесно се проаѓа со нлб клик + м-токен (не одбирајте пакет ако ви понудат за замена на м-токен), најдобри курсни разлики има во стб само што пола банка е геријатрија, не би ставил пари во таа банка и да ми платат.
 

Ragnar

Unstoppable
9 декември 2015
1.881
2.102
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
100% ќе им истекне така да планирај го ова малтретирање однапред дури и ако се ти е чисто намерно ќе нема да ти ги прифаќаат документите, ова од пред некој ден на многу луѓе им има пристигнато мејл. На парите од странство ако компанијата нема седиште во мк не се плаќа ДДВ. Само селење е решението со корумипраниве, има лотарија за Сад уште недела дена ако некој е заинтересиран, големи шанси има во Мк да се добие.

Ако воопшто некој сака да се занимава со Ујп, само Горан барајте го за проблем во е-ппд, се останато е комплетно осакатено во мозоците. Од банки најлесно се проаѓа со нлб клик + м-токен (не одбирајте пакет ако ви понудат за замена на м-токен), најдобри курсни разлики има во стб само што пола банка е геријатрија, не би ставил пари во таа банка и да ми платат.
Сепак споредено со други држави (запад) кај нас е лесно ова. Таму се повисоки давачките и сигурно има и повеќе малтретирање. Се разбира кај нас се трошат парите на глупости и тоа најмногу боли.
 

TheMarshal

Unstoppable
3 јануари 2019
1.570
2.498
Може да ти побараат некогаш документи ако нешто испитуваат/не им се поклопуваат информации и сл (вонредно)

Доколку се работи за дејности во кој имаш повластени даночни стапки и ако парите ги пријавиш како девизен прилив, не можеш да ја завршиш пресметката без принт-скрин од девизниот прилив и пожелно е да се стави и догворот.

Покрај ова, секогаш иде на "Проверка од службено лице" за која треба да се почека 2-3 работни дена да ја одобрат.

Доколку данокот се пријави во денари, и во некоја од категориите без tax break, процесот е буквално инстантен. Доколку се работи за авторски договори за уметност и слично речиси секогаш бараат доказ.

Додека НЛБ од сам старт ми побараа договор со клиентот. Но добро, тука имаше друг проблем поради ова - ми побараа да докажам дека парите не се од сомнително потекло. :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
46.551
Мислења
964.842
Членови
34.923
Огласи
2.635
Најнов член
williamshakespeare30
На врв Дно