AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

Многу од сопствениците на iPhone 3G сеуште не можат целосно да уживаат во новиот двојно побрз и двојно поефтин мобилен телефон кој долго беше најавуван како таков. Во повеќе случаи се пријавени проблеми со примњето на 3G сигналот кои се движат од слаба конекција па дури и до неможност за прием на 3G сигналот. Иако на почеток вината беше префрлена на AT&T, утврдено е дека голем дел од корисниците на iPhone 3G во Европските земји се соочуваат со истиот проблем.
Некои аналитичари тврдат дека програмирањето на iPhone 3G chipset-от од страна на Apple било малку конзервативно и дека со update на firmware-от ќе се надминат овие недостатоци.
Како и да е, инжинерите забележуваат на можни грешки во производството на iPhone 3G.
Од Apple сеуште молчат и немаат информација за можната грешка во дизајнот на iPhone 3G.
Apple: Problems? What Problems?
Во врска со ова Jack Gold - аналитичар од J. Gold Associates вели:
"Компаниите кои се соочуваат со проблем, мора јавно да признаат дека се соочуваат со проблем и да им објаснат на потрошувачите дека ќе се потрудат за најкратко време да го одстранат недостатокот."
Извор: TG Daily