• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Проблеми со МТ Нет адсл

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Drash

Intern
14 јули 2007
252
3
Денес, посебно оваа вечер имам проблеми со интернетот. Не ми отвара некои страни на пр. www.yahoo.com a mail.yahoo.com ја отвара без проблем. Еден другар на он нет ми кажа дека немал проблем со интернетот.

Дали и некој друг има вакви проблеми со адсл од МТ Нет?
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Jas imam problemi so Off.Net,i mene mnogu mi e spor,i ne mi otvara nekoi strani :lut2:
 

mkd

Gaining Experience
5 јуни 2007
260
104
Јас сум на Телекабел и вечерва конекцијата е тапа. Посебно кон сајтови вон Македонија. Освен Google, другите кои што ги пробав (вклучувајќи го и Yahoo) или не ги отвора воопшто или половично.
 

Todor91

On your way to fame
8 јануари 2008
804
683
Todor91's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8750H CPU @ 2.20GHz
Motherboard
Asus P8B75-M LX
Storage
ssd m2 KINGSTON SA1000M8240G| Hard Drive: Western Digital WDC WD10SPZX-17Z10T1
RAM
Kingston 24 GB (DDR4-2662)
Video card
NVIDIA GeForce GTX 1050 4096 MB GDDR5
Mouse
Bloody V7
Monitor
MSI
OS
Microsoft Windows 10 (10.0) Professional 64-bit
jas sum na wadsl na onnet i imam mn ping neznam zasto ali prv pat mi slucuva taka!
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Има проблем некој со resolve на DNS така да не се бунете и кај мене го има истиот проблем. Односно го има кај сите, ако продолжи вака ќе им се јавам у информации и ќе поразговарам со луѓето па ќе ви кажам што е како е.
 

vlatkorun

Intern
8 јуни 2007
633
14
Јас имам АДСЛ од МТ.Нет. Истите проблеми како шо ги спомнате. Не ги отвара некои страни Yahoo.com, Wikipedia.com итн. Не знам шо е работата.
 

Laki Luciano

Intern
27 мај 2008
332
3
Мислам дека нешто глобален ќе да е проблемот кој го се појавува изминативе 2-3 вечери и тоа не ќе да е кај македонските провајдери туку надвор.
 

markomake

Intern
17 декември 2007
51
0
Jas nemam nikakov problem. Ni vcera ni denes. Se e vo red. Da ne ima samo vo nekoj grad problem,ne e na nivo na MK.
 

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
Здраво на сите,

Дого време размислувац дали да отворам ваква тема... па еве прилика да ги кажам моите искуства...

Ги поминав сите и адсл, па кабелска, па WADSL на on.net, па од нова година пак се вратив на МТ.НЕТ - АДСЛ, најмногу од причина што ми требаше уште еден компјутер, а не ми се даваше готовина во овој период.. мада улога имаа и проблемите со претходните провајдери, па си реков, МТ.НЕТ „пораснаа„ а и конкуренцијата ојакна, дај да видам можеби нешто се сменило на подобро.

Почнав со 2 гига и бргу ги надминав, се префрлив на 10 гига, слаби перформанси (чести прекини и непостојана брзина)... па скокнав на 100 гига, мислејќи дека со тоа ќе ги решам сите тихнички проблеми, а воедно ќе си ги скратам и нервозите во семејството од расправиите... кој колку гига потрошил

Но... види беља... наместо подобро (очекувајќи ВИП третман), јас влегов во уште поголема катастрофа... ем со попразен џеб... ем со поголеми и неиздржливи проблеми.

Накратко... многу чести прекини (никогаш незнам дали сум онлајн или офлајн, дали ме зеза некој програм или е до интернетот, дали серверот им паднал на хостингов од страната што сакам да ја отворам или...) и тоа трае и трае веќе цел месец се поинтензивно.

Интервенирав на 0800 12345 повеќе пати (над десетина)... се се сведуваше на тоа дадовме налог ќе проверат колегите за што се работи.

Бидејќи ситуацијата не се менуваше повеќе од 20 дена, а никој не ми кажуваше во што е проблемот, добив совет од еден од нив, да поднесам приговор на 171 и да го објаснам случајов.

Поднесов приговор на 171... советот беше да почекам два дена ако ништо не се смени пак да се јавам.

Утредента ми се јавува Т. од МТ.НЕТ и ме прашува дали имам телефон приклучен пред сплитерот... одговарам дека немам и дека линијата на која сум врзан е дирекно од бандера платена 1000 марки (на времето од телеком ме принудија на тоа, за да го избегнам ПЦМ уредот).

По кратка дискусија, заклучокот беше да ја појачам конекцијата пред сплитерот и пак да им се јавам, бидејќи мерењата покажале загуби... да се провери дали е до тоа.

Појачувам конекција... ми велат се е во ред сега ќе имате одлишен интернет... и стварно првата вечер „лета„, нема прекини, нема гушење... ни дење ни ноќе.

За жал, мојата радост траеше само еден ден... веднаш потоа иста песна... и уште полошо... чести прекини, непостојана или никаква брзина, неотварање на страни особено надвор од МК, се до гушење на компјутерот.

Ставам на хибернација ниќта, сабајлево отварам капакот, два три саати задоволув и компјутерот си работи како ништо да не било ноќта...

Вртам кај Т. неколку пати не ми се јавува (иако го гледа бројот на дисплеј)...или можеби си замина на одмор.

Логички (нестручен) заклучок: МТ.НЕТ нема доволно капацитети или не се соодветно распоредени на сите корисници.

Не ни ја кажуваат вистината и си играат мајтап со нас и со нашето здравје и пари...

Може ли некој да ми каже дали имам решение за гушењето на лаптопот. Пред 4-5 години, кога почна АДСЛ на мт.нет, за ист проблем советуваа да доинсталираме некои драјвери... има ли решение...

Мислам дека е крајно време да се организираме во здружение на иунтернет корисници и организирано да си побараме остварување на нашите права, ако треба и преку суд.

позз
 

JoK

Intern
15 август 2007
45
1
викаат по мене... тргнувам на пат.. се извинувам за техничките грешки.. немам време да ги корегирам...
 

bons

Gaining Experience
9 април 2007
242
70
Сеуште траат проблемите не можам да си влезам на yahoo mail :lut2:
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
некои страни ги отвара за разлика од вчера... некои не... некои ќе ги отвори на 5-6 минути и после пак ја нема страната :ua::ua::ua:
btw на WADSL сум :lut2:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

Drash

Intern
14 јули 2007
252
3
Денес е подобро за разлика од вчера, ама уште има проблеми, а за брзината да не спомнувам......
:lut2::pcuenje::taz::mafija::rambo:
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Кај мене е исто така катастрофа интернет конекцијата повеќе од 1 недела , (на телекабел сум) значи проблемов е глобален само што кај мене не отвара ниеден сајт како што треба , имам конекциски прекини и споро е многу ....

Изнервиран сум утре ќе дојде конечно некој па ќе видиме што е проблемот .... Вирус немам сигурно скенирав 20 пати оваа недела , ме интересира што ќе кажат утре ....
 

StarBuck

Intern
16 февруари 2008
1,295
48
Берлин
StarBuck's setup  
Processor & Cooler
Quad-Core Intel Xeon E5 3,7
Storage
256 GB SSD
RAM
12 GB DDR3-RAM
Video card
Dual AMD FirePro D300 GDDR5 4GB
Monitor
IPS
OS
Yosemite
не знам дали го прочитавте постот на JoK, ама мене ме интересира стварно дали може да се ургира кај провајдерите... Пример (пошто немам договор при рука), дали по некоја ставка може некој да обвини ISP за неисполнување на ветените услуги...
Не за друго, стварно претеруваат... :lut2:
 

Romanticen

Intern
6 јануари 2008
206
9
romanticni.com.mk
не знам дали го прочитавте постот на JoK, ама мене ме интересира стварно дали може да се ургира кај провајдерите... Пример (пошто немам договор при рука), дали по некоја ставка може некој да обвини ISP за неисполнување на ветените услуги...
Не за друго, стварно претеруваат... :lut2:
Може да ги обвиниш ISP за неисполнување на ветените услуги ама тоа ќе биде исто како кадија те тужи кадија те суди... :)
 

Laki Luciano

Intern
27 мај 2008
332
3
не знам дали го прочитавте постот на JoK, ама мене ме интересира стварно дали може да се ургира кај провајдерите... Пример (пошто немам договор при рука), дали по некоја ставка може некој да обвини ISP за неисполнување на ветените услуги...
Не за друго, стварно претеруваат... :lut2:
Скоро кај сите поголеми провајдери има опција да поднесеш приговор за неквалитетна услуга, односно неисполнување на точките од договорот од страна на провајдерот. Меѓутоа гледај тоа да биде ако навистина имаш некакви проблеми со денови, истите ги имаш пријавено и во тех. поддршка (ова мислам дека е битно бидејќи ако не си го пријавил проблемот значи си го немал и големи се шансите и да не ти биде разгледан приговорот), па не ти се решени да кажеме со екипа да дојде на лице место или слично слободно направи приговор. Ако се работи за некои сецки од неколку саати месечно тогаш не очекувај попуст од 100-200 денари, а ти плаќаш да кажеме 1200-1500 месечно. Значи реално ако можеш да очекуваш попуст (намалување на месечната ф-ра) од 40% па нагоре направи приговор, во спротивно ќе биде како што кажа "кадија те тужи, кадија те суди".
 

Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
не знам дали го прочитавте постот на JoK, ама мене ме интересира стварно дали може да се ургира кај провајдерите... Пример (пошто немам договор при рука), дали по некоја ставка може некој да обвини ISP за неисполнување на ветените услуги...
Не за друго, стварно претеруваат... :lut2:
Малку касните :) http://revolucija.blogspot.com

Првин беше МТ.НЕТ после испадна дека немаме добар провајдер во Македонија. Thats it :)
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,548
Мислења
823,089
Членови
28,059
Најнов член
Даниел2222
На врв Дно