1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблеми со mkd.net хостинг

Дискусија во форумот 'Веб Хостинг' започната од petar.bt, 29 Февруари 2008.

Статус на темата:
Затворена за нови мислења.
  1. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    @NoLander
    Значи вака. Јас добив маил од сервисот и заминав на наведениот линк. После тоа пополнив се и ми даваше некоја си ХХХХ грешка (која ни сам не знам што беше се точно си ставав). На крај поради тоа што не можев да востановам што е грешката се откажав.
     
  2. NoLander

    NoLander
    Intern

    216
    15
    11 ноември 2007
    Следниот пат запипи си ја грешката тука сме да ви помогнеме
    Нели си хакер :)
     
  3. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    Off topic
    До кога ќе бидете буквалисти? Ако ми пишува у потпис идиот значи дека сум идиот?! Така да... нема да продлжам со коментари.
    А за грешката ќе видам дали го чувам уште маилот и ќе ве информирам
     
  4. NoLander

    NoLander
    Intern

    216
    15
    11 ноември 2007
    Извини ако те навредив но зборот хакер во мојот речник има друго мислење не на ламер и изгубен случај
     
  5. Commie

    Commie
    Gaining Experience

    4,712
    214
    27 oктомври 2007
    Машко
    No problem dude, btw не можев да го најдам маилот.
     
  6. NENAD

    NENAD
    Intern

    29
    0
    5 Јуни 2007
    Индиректно сакаш да кажеш дека сите вакви FREE хостинг страни се безврска т.е. за тинејџерско (пигзо) зафркавање?
    Извини но мене на пр. скапо ми е да хостирам на некои сервери за кои што мора да платиш пошто ниту работам ниту пак сум стипендист ли сл. за да "фрлам" месечно по 10-20$.
    За домеин не, пошто стварно има ефтини на пр. 7$ за 1 година т.е. за џабе.

    p.s.
    @ NoLander
    Не мислев да звучам грубо но еве на мене на пр. ми е многу важно страницата да ми работи во секое време а не да се случува често серверот да "вергла" и јас од позади пц да се нервирам и такви сл. ствари, така што за тоа така искоментирав.
    Иначе секоја чест за проектов но од коментариве горе- читај: "не ми стигна меил за потврда, мкд.нет привремено не работи" и сл. едноставно ова хостинг решение некако не ми звучи.
     
  7. sumi

    sumi
    On your way to fame

    1,129
    735
    8 Април 2007
    Машко
    Кога е логиката на фрлање ?!?! Ако вистински работиш нешто тогаш тоа не се фрлени пари. Не ми е јасно како тоа сакате да успеете, заработите научете нешто а не сакате да инвестирате или жртвувате ?!?!
    За да добиете било што мора нешто да изгубете ( време, труд, пари, енергија... ) инаку не би постоел економски и животен баланс во светот.

    MKD.NET е неодамна почна да нуди Free хостинг А според нивните информации имаат 600 корисници ( 600 веб страници ) Просечно квалитетен сервер тоа му е максимумот, а како што кажав топ конфигурација на сервер може да издржи и до 1000. Но ТОП конфигурација чини и ТОП пари така да...
    Е сега сите хостинг компании кој нудат бесплатен хостинг работат на ист принцип односно го надминуваат максимумот на серверот зашто логички зошто некој друг би плаќал за да ти хостира бесплатно и квалитетно ? Постарите компании кој нудат бесплатен хостинг имаат многу многу повеќе сајтови хостирани на еден сервер отколку MKD.NET , а со тоа и повеќе проблеми.
    Башка проблемите многупати сум искусил јас и мои пријатели како вложен труд наеднаш да пропадне зашто компанијата престанала да нуди бесплатен хостинг и ги затворила сите акаунти. Или пак хостинг кој претходно не содржел банери наеднаш кога ја отвараш твојата веб страница се појавуваат илјадници. А да, расурфај и низ другите странски форуми ќе најдеш случаеви и кога имало кражби на идентитети. И за крај да не ги заборавиме спамовите кој скоро секогаш ги има.

    Непостои квалитетна Free хостинг компанија. Постојат подобри или полоши.

    Квалитетот не е бесплатен тој си има своја цена. Или како што кажале, колку пари, толку музика.


    Башка секаде не е хостингот 10-20$ месечно расурфај низ македонските компании цените се од 500-1000 денари годишно па нагоре во зависност од потребите.

    П.С. Немам ништо против MKD.NET напротив благодарам :) неколку нивни екс корисници станаа мои клиенти.

    Поздрав
     
  8. NoLander

    NoLander
    Intern

    216
    15
    11 ноември 2007
    @sumi
    Браво за тебе но идеата на мкд.нет не е да биде само free hosting идеате е поширока
    600 корисници е надмината бројка веќе подолго време
    мило ми е што некој од нашите корисници пробал кај тебе .
    некој го напуштија мкд.нет , повторно се врнаа .
    Системот на мкд.нет не е проектиран за македонски пазар туку за интернационален
    . на мкд.нет нема ништо скирено во понудите. има доста луѓе кој заработуват со сајтови на бесплтен хостинг.

    Ја гледам твојта загриженост се надевам дека повеќе нема да има “македонски„ сервери од типот на Донев

    И нашата цел е стабилност ние не сме гугле и неприметно да се надогорадува серверот .
    Мислам дека update и backup на серверот не се некоја грешка туку позитивно дека некој се грижи.
    Како што спомнав во предхотинте постови сајтовите кој немат дата и бази не престаана да работат
    Навистина сме горди што поради МКД.нет се збогати македонскиот cyber простор
    а квантитетот носи и квалитет.

    И самиот спомна дека некој што почнале да работат на нашиот сервер се префлиле кај тебе детето како што расте му треба се поголема и поголема облека .
    Некој реслери во Македонија МКД.нет го сватија како конкуренција ,а други како начин да добијат повеќе клиенти . Тоа си е нивно , но незначи требат да организират деца да пишуват против МКД.нет.
     
  9. leopard

    leopard
    Intern

    60
    5
    13 Март 2008
    Бидејки ке се најде некој што знае малце повеке од другите и ке го користи блазе серверот на мкд.нет за спамирање, тоа за сендмаил, а за сејв мод... да не се случе некој да пуште директна шел команда од усерот од кој што е дигнат апачот, најчест apache ;) па да дојде до хакирање на целиот рут :p
    А лоша работа за сендмаил бидејки не можеш формулар да користиш како на пример контат форумлар да си ставиш на веб, али сепак има решение и за тоа... :)
     
  10. NoLander

    NoLander
    Intern

    216
    15
    11 ноември 2007
    За проблемот со mail функцијата има најдено решение се работи на реазлизацијата :D
    Многу приметивте дека системските пораки стигат во спам па оваа е најголемата причина . Има многу паметни "хакери" што се занимават со глупости место да направат нешто добро некој сајт што ќе се посетува

    Но тие си знаат каква цел имат во животот приметив дека на IT.com.mk дискусите се насочени на повеќе на warez се надевам дека админите и модераторите ќе превземат нешто да го вратат форумот во вистинската насока
     
  11. Andrijeski

    Andrijeski
    Gaining Experience

    2,599
    63
    1 Март 2007
    Како прво, темава премногу отиде off topic. Темава не е за дискусии за разлики помеѓу платен и бесплатен хостинг, кој сака може да си отвори таква тема во секое време, мило ќе ми биде да дискутирам таму и да го споделам моето лично искуство.


    Очигледно е дека единствена цел некои луѓе тука им е само маркетинг на MKD.net, а на постовите на членовите кои имале проблем со хостингот, наместо со решение и поддршка им се одговара со навреди.
    Наместо поддршка на корисниците кои имаат проблеми, темава се претвори во критикување на постоечките македонски хостинг провајдери и на крајот резултираше со критика до форумов која е крајно неоснована.

    Лично мислам дека не си во право, а форумов е еден од ретките (ако не и единствен) во Македонија каде што нема ни трага од warez. Навистина незнам од кај ти текна да напишеш вакво нешто.
    Во секој случај те охрабрувам да дадеш сугестија или забелешка на местото предвидено за тоа: http://it.com.mk/forum/forumdisplay.php?f=13


    За членовите кои ги интересира темава:
    По лично видување од темава, сфатив дека поддршката на MKD нет е крајно несериозна и ги игнорира вистинските проблеми и згора на тоа напаѓа неаргументирано.
    Како што и самите тие кажаа во еден од постовите погоре, доколку имате некој проблем, може да се обратите кај нив или нивниот форум за техничка поддршка. Овде очигледно дека нема да го добиете одговорот, а причина за тоа се тие и нивните обиди за бесплатно рекламирање на форумов.

    Поради причините погоре ја затворам темава.
     
Слични теми
  1. D
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    1,039
  2. ajvar
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,366
  3. Dr.XaYC
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    982
  4. Nenad90
    Одговори:
    0
    Прегледи:
    325
  5. Nenad90
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    1,500
Вчитување...
Статус на темата:
Затворена за нови мислења.

Сподели

Вчитување...