• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Проблеми со драјверите за Windows Vista SP1

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Microsoft објави дека Service Pack 1 за Windows Vista е ставен во производство, но нема да биде достапен за корисниците до средината на март.

„Бета тестирањата кои ги спроведовме покажаа мал проблем со неколку драјвери“, изјави Мајк Неш, директор за развој на производи, додавајќи дека од тие причини ќе „доцни“ појавувањето на SP1.

Како резултат на тоа, Windows Update нема да ги симнува драјверите кои се уште се во процес на подобрување, а во моментот недостасуваат. Лицата кои ќе користат SP1 нема да имаат проблеми со драјверите бидејќи тие во моментов не се наоѓаат во тој пакет.

Се планира соработка со некои произведувачи на хардвер со цел драјверите да се прилагодат на сите компјутери. Кон крајот на април на корисниците на Vista SP1, при автоматски апдејт ќе им бидат понудени сите унапредени драјвери.

„Целата приказна околу драјверите ветува многу - Vista сега поддржува повеќе од 80.000 компоненти“, изјави Мајк Хаиг, директор на маркетинг.

Компјутерите кои досега немале никакви проблеми со драјверите, со SP1 ќе работат уште подобро, бидејќи во новиот пакет се вметнати и компоненти кои влијаат на перформансите. Според тестирањата на Microsoft, некои од компјутерите покажале подобрување на перформансите дури за 50 отсто.

Извор: ИДИВИДИ
 

Marko

Баниран/a
16 јануари 2008
106
1
„Бета тестирањата кои ги спроведовме покажаа мал проблем со неколку драјвери“
Да не покажаа малце поголем проблем ? :))

Само најавуваат, па одјавуваат, па најавуваат, па одјавуваат така едно 24545673563 пати. :muahaha:
 

moondowner

Intern
5 јануари 2008
33
1
A samo so drajverite li imaat problem ;)

Fintata e sto kernelot od Vistata, treba da bide smetet so kernelot sto go ima Windows Server 2008. Taa smena treba da ja napravi SP1-ot. So toa bi trebalo da bide po-optimiziran operativniot sistem, zatoa sto Vistata sporedena so noviot Windows Server e kako koga ke sporedis Play station 2 i 3.

inace na neowin.net pisuva deka

Later this month, the service pack will be made available to MSDN and TechNet Plus subscribers, many of whom lashed out at Microsoft on its TechNet Plus blog with venomous comments. Nash did not provide an exact date. Customers who participated in the Vista SP1 beta were shipped the SP1 bits last Friday.
ke bide izdadena znaci podocna ovoj mesec, zatoa sto site programeri koi pravat programi za Vista bile isfrustrirani i prakale zalbi do Microsoft, koi rekoa deka veke ke bide izlezen SP1, a programerite bez SP1 nemozat da gi optimiziraat programite i finisiraat. A ovaa izjava od Microsoft i znaci deka na p2p asalna verzija bi trebalo da ima do krajot na ovoj mesec ;)
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,687
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Точно е дека има проблем. Го имам инсталрано SP1 за 64bit-ната верзија. Сменив звучна и имав зезнат проблем. Добивав BSOD веднаш по вчитувањето, кога треба да се појави Welcome екранот. Решение немаа од Creative, но јас по малку тупење си го решив проблемот. Рачно ги сетирав IRQ-ата од PCI слотовите во BIOS.
 

gOJDO

Epic
23 јануари 2008
9,791
14,687
сред село
gOJDO's setup  
Processor & Cooler
Intel со вентилатор
Motherboard
Asus
Storage
полн
PSU
ЕВН Снабдување
RAM
алуминиумски
Video card
Super VGA
Case
closed
Mouse
хрчак домашен
Keyboard
механичка
Audio
сардисаунд
Monitor
телевизор у боја
OS
Windows
Не знам што е конфликтот. Со Audigy2 6.1, Vista x64 SP1 си функционираше супер. Ја сменив со X-Fi XtremeMusic, која ја ставив на истиот слот и почнаа проблемите. На XP 32bit и XP 64bit немав никаков проблем, драјверите се инсталираа и звучната си работи нормално. Но за Vista-та, морав IRQ-ата да ги местам рачно. На Creative форумот имаше уште еден јунак како мене со Vista SP1 и истиот проблем. Момците од Creative сеуште немаат решение, т.е. немале поим за проблемот до пред две недели. Бараа да им запишеме податоци од BSOD, но тоа не е моја работа. Нека си инсталираат Vista и SP1 и сами нека си ги запишат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
42,609
Мислења
821,625
Членови
28,261
Најнов член
dekio1
На врв Дно