1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од CHIMPANZEE, 11 Март 2012.

  1. CHIMPANZEE

    CHIMPANZEE
    Gaining Experience

    361
    111
    23 Февруари 2011
    Машко
    Имам голем проблем, имено се работи за тоа да во браузерите кога ќе отворам најчесто фејсбук, некоја апликација од zynga, ЧЕСТО ме редиректира на некоја порно страна или некоја трета, како да е изместен хостот.. Сабајле приметив дека самото ми постирало на фејсбук профилот некој bit.ly линк од некое порно.. Дали е ова некој гаден вирус, очајно ми треба помош, и ако може да се реши некако без да се форматира компјутерот.
     
  2. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,157
    1,713
    30 Мај 2010
    Си гледал порно од порано и сега компјутерот ти е заразен.
    Пробај да го исчистиш со некои алатки, инаку најдобра опција ти е формат.
     
  3. IntelAmd

    IntelAmd
    Gaining Experience

    740
    197
    18 Јануари 2012
    Можеби има некоја опција но тешко не верувам дека ке го исчистиш до крај.Пробај full scan со антивирусот i Malwarebytes преврземи update, scan ако не бива ондак формат.Бар јас така би направил ти напомена дека форматот ти е последна опција која би ја избрал, но ако мораш ке изгубеш одредени податоци(мислам дека затоа нејкеш да форматираш).
     
  4. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    825
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Преземи Hitman Pro и скенирај со него. Успат дај еден лог од HijackThis.
     
  5. CHIMPANZEE

    CHIMPANZEE
    Gaining Experience

    361
    111
    23 Февруари 2011
    Машко
    Мислам дека проблемот е среден, го инсталирав ова Хименов стаив активација 30 дена и ми најде некои кукис на Хромот, по се изгледа се тие сајтови што ми ги редиректираше, некои од нив ги познав. Исчистив, ребутирав, пуштив пак да се пребара и сеа нема ништо. Ќе видиме како ќе се покаже. Направив и лог после бутирањето со HijackThis! Како и да е фала ви на сите посебно на ФУЗИ :)
     
  6. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    825
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Баш ми е мило што успеа да го средиш.

    Што се однесува до логов, се`изгледа прилично чисто, со исклучок на
    O20 - AppInit_DLLs: C:\PROGRA~1\WI3C8A~1\Datamngr\datamngr.dll C:\PROGRA~1\WI3C8A~1\Datamngr\IEBHO.dll

    Целосно непотребно длл фаелче.

    Исто така фејсбук апдејтерот не ти е потребен т.е
    O4 - HKCU\..\Run: [Facebook Update] "C:\Users\Vojche\AppData\Local\Facebook\Update\FacebookUpdate.exe" /c /nocrashserver

    Друго, тулбарите претежно и не се баш корисни доколку ти лично немаш некоја корист од нив -- O3 - Toolbar: Searchqu Toolbar - {99079a25-328f-4bd4-be04-00955acaa0a7} - C:\PROGRA~1\WI3C8A~1\Datamngr\ToolBar\searchqudtx.dll ;

    O2 - BHO: Searchqu Toolbar - {99079a25-328f-4bd4-be04-00955acaa0a7} - C:\PROGRA~1\WI3C8A~1\Datamngr\ToolBar\searchqudtx.dll

    Другото е се` супер. Избриши ги овие, и по можност преземи comodo антивирус, и скенирај за некое заостанато малверче (истото и за горе спомнатото malwarebytes).

    Поздрав.
     
  7. IntelAmd

    IntelAmd
    Gaining Experience

    740
    197
    18 Јануари 2012
    Мило ми е и мене што го реши проблемот, но со HijackThis не сум се сретнал досега.Да ми објасни некој малку повеке за ова ?
     
  8. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    825
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Во кратки црти HijackThis е практичен скенер кој што дава детален извештај за тоа што содржи системот од типот на: извршни фајлови/длл/регистри/сервиси. Единствената разлика од HijackThis и AntiVirus е тоа што HT не го интересира дали фајлот е малициозен или е сигурносен или битен. Поради тоа скенирањата траат од 2 до 5 секунди. Од кога HTќе го изврши скенирањето, дава можност логот да биде експортиран како текстуален фајл.

    Втората намена му е рачното фиксирање на фајловите по избор на корисникот. Со други зборови, доколку корисникот увиде непотребен/малициозен податок во системот, со едноставно чекирање на лесен начин ќе го одстрани од системот.

    За појасно, практично сценарио:

    Воочувам дека компјутерот ми е инфициран. За да утврдам што е по конкретно проблемот, одам на http://free.antivirus.com/hijackthis/ , и преземам HijackThis и го скенирам компјутерот во рок од 10 секунди.

    Овде постојат две под сценарија:

    1. Имам безбедносно познавање/знам да користам гугл
    2. Компјутерски почетник/ не сум сретнат со HijackThis предходно.
    1* Ги чекирам фајловите по мое предзнаење и предхнодно искуство. Доколку нешто не ми е јасно, го копирам името на фајлот со се патеката и го постирам на гугл.
    2* Го постирам логот на www.it.com.mk/forum како што CHIMPANZEE го направи тоа. Чекам еден час, и ги извршувам предлозите од другите членови.
    Ако не се лажам, релативно сликовито ја пренесов намената што всушност претставува HijackThis. Не? :)
    Поздрав,
    Влатко
     
    На Steff_Maja, olikomerc, Ceco и уште 2 други им се допаѓа ова.
  9. CHIMPANZEE

    CHIMPANZEE
    Gaining Experience

    361
    111
    23 Февруари 2011
    Машко
    Нонстоп мис е појавуваат кукис за римuv na Hitmen, незнам што да праам пак се појави тоа пред малку...
     
  10. fuUuUzZzZy

    fuUuUzZzZy
    Mr. Sensei

    4,837
    825
    14 Декември 2007
    Машко
    Game developer, VFX Artist
    Дали евентулно имаш некој toolbar/addon/plugin на прелистувачот? Доколку имаш, избриши се`, и рачно избриши историја/колачиња, и смени homepage.

    Следна процедура:

    1. Преземи CCleaner и COMODO AntiVirus и инсталирај го, но остави го деактивиран.
    2. Исклучи прелистувач, па скенирај со Hitman Pro
    3. Додека сеуште немаш отворено прeлистувач, скенирај детално со CCleaner и избриши се` непотребно.
    4, Активирај го COMODO-то, направи update и скенирај со него.
    5. Слободно уклучи си прелистувач
     
  11. CHIMPANZEE

    CHIMPANZEE
    Gaining Experience

    361
    111
    23 Февруари 2011
    Машко
    Ги испратив чекориве како што ми рече, не ми најде вируси нигде, да видиме сега дали ќе се среди...
     
Слични теми
  1. Freaker
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,463
  2. MIDNIGHT WALKER
    Одговори:
    28
    Прегледи:
    3,712
  3. cyber_junkie
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    1,275
  4. Marko
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    2,113
  5. petar.bt
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    2,044
Вчитување...

Сподели

Вчитување...