• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем со XAMPP localhost

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0
Ептен сум тазе почетник со PHP, а потребно ми е да направам контакт форма во dreamweaver која ќе испраќа порака на мој mail. Формата и скриптата ги напишав (со помош на туторијали), па сега сакам на мојот комјутер да ги пробам. Затоа инсталирав XAMPP со Аpache i MySQL. Кога во пребарувач пишувам localhost, ми се отвара IIS страна. Па затоа што ISS користи порта 80, решив да ја сменам портата кај Apache, ставив 85. Ама кога отварам во пребарувач localhost:85 пак не ми ја отвара страната, ставена во htdocs.
Би ве замолила за помош.
 

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0

Supporter

Gaining Experience
31 август 2008
850
141
Ако не го користиш IIS тогаш од Control Panel кај Add or remove programs кликни на Add or remove windows components. Најди го IIS и унинсталирај го. :)
 

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0
Ако не го користиш IIS тогаш од Control Panel кај Add or remove programs кликни на Add or remove windows components. Најди го IIS и унинсталирај го. :)

Го Uninstall-ирав. И ги сменив портите кај Apache пак на 80 (требаше ли?) и сега, кога отварам со Firefox ми се јавува "Unable to connect", a co Chrome пак ми се јавува IIS. Не ми е баш јасно. :ermm:

Ако не ми успер со XAMPP има ли да ми предложите некое друго решение, да ко користам мојот компјутер како сервер, за да извршувам PHP скрипти.

Претходно пробав со WAMP, ама тоа па ич не се стартуваше.:plachko2:
 

DekoRoker

Gaining Experience
12 септември 2009
625
53
Скопје
dejan.at.mk
Ако не ти успеа XAMPP и WAMP, тогаш не ти останува ништо друго освен да одиш hard core :p односно да инсталираш apache, php и mysql и рачно да ги конфигурираш.. И не ја менувај портата на Apache, нека си стои 80.

Инаку за WAMP има некои финти.. Откако ќе го инсталираш мора да ја рестартираш машината за да проработи. ако тоа не проработи тогаш тоа значи дека некоја друга програма ти ја фатила порта 80, а најчесто е тоа Skype. Затоа, исклучи Skype, пушти го WAMP и види дали ќе се пушти и од Skype исклучи ја опцијата за користење на порта 80. Тоа се прави во Tools>Options>Advanced>Connections
 

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0
DekoRoker, hardcore ми изгледа многу сложено, односно да бидам искрена не ги ни разбирам чекорите за инсталација на Apache и PHP. А тоа за Skype-от веќе го направив, ама кога проверив кој процес ми ја држи порта 80 и пишува SYSTEM. Проверив на нет и ми вика дека најверојатно е ISЅ, а како што веќе кажав ISS го исклучив од Windows Features.
A aко инсталирање на Аpache, РНР и Мysql е единствено решение и рачна конфигурација, може ли да ме упатите на некој сајт со упатство како се прави тоа.
 

Goran123

Gaining Experience
25 јуни 2010
954
160
DekoRoker, hardcore ми изгледа многу сложено, односно да бидам искрена не ги ни разбирам чекорите за инсталација на Apache и PHP. А тоа за Skype-от веќе го направив, ама кога проверив кој процес ми ја држи порта 80 и пишува SYSTEM. Проверив на нет и ми вика дека најверојатно е ISЅ, а како што веќе кажав ISS го исклучив од Windows Features.
A aко инсталирање на Аpache, РНР и Мysql е единствено решение и рачна конфигурација, може ли да ме упатите на некој сајт со упатство како се прави тоа.

Може ISS ти е вклучен како сервис, тоа провери.
 

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0
Се исклучува од Control Panel, Turn of Windows Features, нели? Ако е тоа, исклучено е.
 

DekoRoker

Gaining Experience
12 септември 2009
625
53
Скопје
dejan.at.mk
http://www.thesitewizard.com/php/install-php-5-apache-windows.shtml

http://php.net/manual/en/install.windows.apache2.php

Исклучи IIS, рестартирај компјутерот, инсталирај apache и php и од било кој линк конфигурирај го PHP. Во линковите пишува да го избришеш php.ini и да креираш нов.. јас не го препорачувам тоа, подобро преименувај го php.ini во php.ini.backup или нешто слично, направи копија на тоа и преименувај ја во php.ini и на таа прави и ги измените.. ако нешто утнеш да можеш да го вратиш тоа..
 

darefremov

Intern
7 март 2011
30
1
абе моме, а да го преинсталриаш Xampp-от зачувај си ги фајловите и преинсталирај го.
 

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0
Еве вака. Тргнав XAMPP-от пошто цел ден ми го зема и инсталирав постара верзија на WAMP (2.0i) pa localhost не ми отвараше, сменив портите на Apache од 80 на 84. Во C:\WINDOWS\System32\drivers\etc во фајлот hosts ја избришав линијата
::1 localhost
и избршива дел од последната за да остане само
127.0.0.1 localhost
И КОНЕЧНО СЕ ОТВОРИ localhost:84
Сега сигурно и да го имам инсталирано XAMPP-от и тој ќе функционира.
2 Дена поминав во гњавење со нив, ама еве резултат.
Се надевам само дека на некој друг постов ќе му помогне, ако го има истиот проблем.
Фала ви сепак! :D
 

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0
Е сега, ако имате предлози за некои видео туториали за PHP, може така да ми помогнете. :)
 

Goran123

Gaining Experience
25 јуни 2010
954
160
На било кој торент сајт пиши го ова:
Lynda PHP

имаш два дела:
Essential Training - основно
Beyond The Basics - напредно

Малку се од поодамна (датумот на издавање) ама ќе ти завршат работа и те како :bravo:

Еве, клик тука за да видиш што поточно да бараш ;)
 

DekoRoker

Gaining Experience
12 септември 2009
625
53
Скопје
dejan.at.mk
Lynda туторијалите дефинитивно ќе ти помогнат, мене ми помогнаа.. почни од essential training, ако се стари. Крајниот продукт на првиот туторијал е CMS. Инаку врати го на localhost со порта 80, полесно ќе ти биде и ќе работи...
 

Bela

Intern
14 февруари 2008
17
0
Пробав, ја вратив портата на 80 и ми јавува Unable to connect. Сигурно ќе ми беше поедноставно така да ми отвара, ама и вака ќе се наоѓам.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
44.303
Мислења
892.271
Членови
31.481
Огласи
19
Најнов член
Dan1el
На врв Дно