1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Проблем со WAMP

Дискусија во форумот 'Останати' започната од tupacan, 13 ноември 2017.

  1. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,459
    1,885
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Дали има некој искуство со сетирање на WAMP за повеќе проекти, секој во под-фолдер во root-от на wamp, т.е. www. Пример www/proekt1, www/proekt2, итн..

    Идејата е фолдерот на секој проект да биде root за истиот тој проект и да се пристапува со посебен "домен".

    Следев туторијал од нет, но на крај ми дава ерор 403 Forbidden.

    Моментално ги имам овие сетинзи сменето/додадено според туторијалот:

    Во hosts фајлот додадено
    Код:
    127.0.0.1 localhost.proekt1
    127.0.0.1 localhost.proekt2

    Во /wamp64/bin/apache/apache2.4.27/conf/httpd.conf веќе ми беше одкоментирана линијава
    Код:
    Include conf/extra/httpd-vhosts.conf

    И во /wamp64/bin/apache/apache2.4.27/conf/extra/httpd-vhosts.conf додадено ова
    Код:
    <VirtualHost *:8080>
       ServerName localhost.proekt1
       DocumentRoot '${INSTALL_DIR}/wamp/www/proekt1'
       <Directory "${INSTALL_DIR}/wamp/www/proekt1/">
          Options +Indexes +FollowSymLinks +MultiViews
          AllowOverride All
          Require all granted
       </Directory>
    </VirtualHost>
    
    <VirtualHost *:8080>
       ServerName localhost.proekt2
       DocumentRoot '${INSTALL_DIR}/wamp/www/proekt2'
       <Directory "${INSTALL_DIR}/wamp/www/proekt2/">
          Options +Indexes +FollowSymLinks +MultiViews
          AllowOverride All
          Require all granted
       </Directory>
    </VirtualHost>
    

    Навидум изгледа океј, но кога пробам да пристапам до било кој од проектите (localhost.proekt1:8080, localhost.proekt2:8080) добивам
    Код:
    You don't have permission to access / on this server.
    Apache/2.4.27 (Win64) PHP/5.6.31 Server at localhost.proekt1 Port 8080

    Инаку WAMP го користам подолго време без никаков проблем, но за само еден проект со дифолт рут "www".

    Верзија на WAMP: 3.1.0


    По претпоставка дека проблемот ми е во httpd-vhosts.conf, пробав со различни вредности, но неуспешно.

    После секоја измена рестартирани сите сервиси на WAMP.

    Идеја?
     
  2. Feelyo

    Feelyo
    Intern

    33
    33
    2 Април 2017
    Машко
    после AllowOverride All линијата, пробај да додадеш ова:

    Order Deny,Allow
    Allow from all

    и исто така, дали некаде во httpd.conf или во некој друг конфиг дали имаш Listen 8080 (или пробај со Listen 0.0.0.0:8080 - знае некад така да сака)?
     
    Последна промена: 14 ноември 2017
    На Ninjaa и artweb им се допаѓа ова.
  3. Alucard

    Alucard
    Шериф

    1,778
    1,538
    22 oктомври 2012
    Машко
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Feelyo

    Feelyo
    Intern

    33
    33
    2 Април 2017
    Машко
    Така се subdirs на еден ист домаин, поентата му е да направи повеќе домеини на еден ист webserver користејќи vhost-ови, претпоставувам за вежбање на сценарио.

    Поентата е ако користиш еден веб сервер и сакаш повеќе сајтови да имаш на истиот, ќе треба да ја направиш конфигурацијата како он што сака да постигне, како за пример:

    Да речеме дека имаш домејн купено www.NekojSiDomain.com со DNS record кон серверот -> 123.45.56.78 и сакаш да ставиш втор сајт на истиот сервер со друг домејн, на пример www.MojotVtorDomain.com. Го местиш DNS record-от кон истата ip адреса 123.34.56.78, правиш втор www directory на серверот каде што ги ставаш фајловите од вториот сајт, а после со vhost-ови на apache делиш според servername кој сајт да го опслужува apache-то.
     
    На Ninjaa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    478
    408
    12 ноември 2013
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,685
    3,012
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    браво бе, одлично решение. ако не и домен да купи, и хост. не тресете глупости.

    онтопик: едитирање на vhost за секој посебен фолдер, прогуглај, ќе најдеш, доста лесно се прави. на убунту е уште полесно, ова виндоуз ѓубре секогаш ги комплицира работите.
     
    На artweb му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,791
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Разгледај го open server како решение. Јас го користам предобар е.

    Испратено преку nokia 3310
     
  8. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,685
    3,012
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    иако е многу добра алатка, не дека нешто се противам, но сепак сум повеќе поборник за тоа да научиш рачно да ги правиш тие работи. учиш шо е кај е како е и зошто е. денес мош нема, ама во иднина ќе ти притреба, така да секогаш повеќе сум за да научиш како се подесува пред да користиш гуи за истото. или можда сум само старомоден :)
     
    На Fatal1ty_ и Martinovski им се допаѓа ова.
  9. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,791
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    The time is money dude

    Испратено преку nokia 3310
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  10. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,685
    3,012
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    За да праиш пари прво ука па после парица :)
     
    На Глупав и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,296
    24,791
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Агрии

    Испратено преку nokia 3310
     
  12. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    Такму така, при ваква грешка обично ова помага.
    Исто, мислам дека е подобро во hosts

    127.0.0.1 localhost.proekt1
    127.0.0.1 localhost.proekt2

    да го смени во

    127.0.0.1 proekt1.localhost
    127.0.0.1 proekt2.localhost
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Psycore

    Psycore
    Gaining Experience

    478
    408
    12 ноември 2013
    Зошто да купува домен и хост? Се сетира сo valet-от еден фолдер и за секој сaбфолдер во него, автоматски прави посебен локален домен. Ќе има http://proekt1.dev, http://proekt2.dev итн. 5 минути работа е за сетирање на МАС, за Windows претпоставувам дека е малце повише.
     
  14. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,685
    3,012
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    тогаш ајде, ќе те закачам на сервер, кај шо немаш пристап до инсталирање на ларавел и/или дополнителни алатки, и ти давам конзола. среди го со валет-от (претходно немаш знаење за едитирање на на правилата и вхостови). ќе се десат три работи најмалку:

    1. нема да го опрајш, делумно ќе решиш преку гугл
    2. ќе бараш помош од други, како во случајов
    3. најбитно: НЕМА НИШТО ДА НАУЧИШ.

    ако му даеш гуи, а не да научи како шо треба, никогаш нема да се стреми кон повисоко знаење. ќе остани на она: да бе, со гуито ќе го средам.
     
  15. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,459
    1,885
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Би пробал друг софтвер, но моментално немам време. Ова треба(ше) да е поедноставно и побрзо од сетирање друг софтвер. Инаку на ова мислиш или нешто сум грешка, пошто гледам само руски е (барем сајтот)?

    Пробано, исто немам пристап. Имам Listen 0.0.0.0:8080 и Listen [::0]:8080 во httpd.conf.

    Не знам дали си го целосно прочитал првиот пост - гуглано и пробано со повеќе параметри, т.е. потрошено повеќе од доволно време пред да побарам помош овде. Навидум е лесно и мислам дека сетирањата ми се точни, но не ми дава пристам до тие фолдери. Можеби гајдовите што сум ги следел се застарени и нецелосно функционални. Посочи ми некој испробан тут/гајд доколку имаш.

    Пробано и вака, бесуспешно.
     
  16. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
  17. Feelyo

    Feelyo
    Intern

    33
    33
    2 Април 2017
    Машко
    малце desperation attempt, ама на памет ми текнува само ова во моментов, покасно ќе проверам подетално: провери пермисии на самите фолдери, логиката е дека треба јузерот со кој што ти run-ува сервисот да има привилегии да ги чита тие фолдери
     
    На Ninjaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. artweb

    artweb
    Gaining Experience

    1,132
    492
    5 Март 2012
    Машко
    невработен
    кај мене работи без проблем.
     

    Прикачени датотеки:

    • hosts.jpg
      hosts.jpg
      Големина:
      77.6 KB
      Прегледи:
      10
    • vhosts.jpg
      vhosts.jpg
      Големина:
      54.4 KB
      Прегледи:
      10
    • vidi.jpg
      vidi.jpg
      Големина:
      16 KB
      Прегледи:
      12
  19. tupacan

    tupacan
    Practice makes perfect

    1,459
    1,885
    10 Септември 2007
    Машко
    Lorem Ipsum.
    Знаев дека е глуп проблемот.

    Во варијаблата "INSTALL_DIR" стои и фолдерот "wamp64", т.е. C:/wamp64, такашто патот до проектите бил грешен.

    Малку е чудно, пошто во vhosts фајлот имаше оставено пример vhost од WAMP, од којшто јас прекопирав.

    И уште нешто, пошто пробував да ја заменам варијаблата со "C:" и не сакаше, всушност имам 64 битен WAMP инсталирано, па фолдерот е "wamp64", наместо "wamp" како што го оставиле по дифолт.

    Благодарност до сите што одвоија време да помогнат!
     

Сподели

Вчитување...