проблем со самоинсталирање на апликации на мобилен

Дискусија во форумот 'Софтвер за мобилни телефони и MP3 players' започната од dastan, 9 Февруари 2017.

  1. dastan

    dastan n00b

    14
    11
    27 Јануари 2017
    Машко
    Вака ако може помош околу мојов проблем (нов сум со андроид), пред неколку денови купив смартфон blackview a8 амц и мислам дека има АНДОИД 6.0 и имам малку чуден проблем одвреме навреме ми се случува да ми се самоинсталираат некои апликации како алиекспрес, некоја апликација за хороскоп... а и често ми се појавуваат некои како реклами на екранот на кои и да го притиснеш (х) за излез пак почнува да се симнува и инсталира, и да ја деинсталирам пак одново ќе си се симне.
    Прво си помислив дека јас имам некоја глупос направено и му направив ресет на фабричките нагодувања ама нема резултат еве една слика за што одприлика се работи [​IMG]
     
  2. Taurus

    Taurus Модератор

    2,121
    594
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Кинеско ѓубре. Спас само нов андроид на него.
     
    На DrMTR и Astro им се допаѓа ова.
  3. dastan

    dastan n00b

    14
    11
    27 Јануари 2017
    Машко
    ако се стави нов андроид ќе ја изгубам гаранцијата
     
  4. Taurus

    Taurus Модератор

    2,121
    594
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    А вака ќе изгубиш приватност (да не се чудиш ако твое видео/слики почнат да кружат по интернет), ќе изгубиш пари (ако користиш картички преку него, е -банкарство...), ќе ти ги украдат корисничките имиња на сите акаунти што ги користиш.... да продолжам?
    Ако не поминале 15 дена и ги чуваш кутиите, трк до АМЦ и барај да ти ги вратат парите. Јас од сет земав и го вратив за два дена, од истата причина.
    Ако сакаш добар ефтин кинески телефон се зема од www.hi.com.mk со проверен софтвер, ако не се зема некој друг проверен бренд.
     
    На kirev и STEFF им се допаѓа ова.
  5. dastan

    dastan n00b

    14
    11
    27 Јануари 2017
    Машко
    заебана работа кога така, не дека сум некој фан на технологија и телефони ама стариот веке откажа (го користев 6-6.5 год.) и мораше да се земе некој телефон, ама како семеен човек со деца и со ограничени сретства го земав овој
     
  6. dastan

    dastan n00b

    14
    11
    27 Јануари 2017
    Машко
    а дали помага некој антивирус да инсталирам?
     
  7. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,355
    4,079
    27 Март 2014
    epa sleden pat konsultiraj se pred da kupis nesto.
     
    На dastan му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Taurus

    Taurus Модератор

    2,121
    594
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Јас не би го користел тој телефон како таков.
    Антивирус не помага.
    Помага едниствено целосно бришење и инсталирање нов андроид, само незнам дали е возможно тоа за тој модел.
    Јас би го вратил назад.

    Имаш други опции, пример нов телефон на старо со гаранција Проценка - НОВ LG K8 4G со доста пониска цена.
    Или провери кај операторите. Многу пати знаат да изненадат со добар попуст на некој телефон на претплата.
     
    kirev, Pulse и на dastan им се допаѓа ова.
  9. DrMTR

    DrMTR Sensei

    4,355
    4,079
    27 Март 2014
    дури и да најде чист фирмвер, веројатно ке ја поништи гаранцијата што ја има, така да, користи го така додека има гаранција потоа префлешувај го со чист фирмвер.
     
    На dastan му/ѝ се допаѓа ова.
  10. dastan

    dastan n00b

    14
    11
    27 Јануари 2017
    Машко
    сигурно тоа ќе биде
     
  11. HardCorec

    HardCorec Sensei

    2,101
    2,594
    4 ноември 2013
    Машко
    Подобро да ја изгуби гаранцијата отколку да му снема пари од сметка и да ги изгуби сите акаунти што ги користи :)
     
  12. NecrotoX

    NecrotoX Ентузијаст

    2,083
    1,757
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    @dastan вака сега, јас го имам Blackview A8 од Јуни летото. Во друга тема пишував за овој проблем со самоинсталирање на рандом апликации бидејќи тоа се случува/ше и кај мене.
    Со инсталирање на Avast антивирус и Malwarebytes апликациите ситуацијата се држи под контрола со тоа што овие програми ги детектираат и бришат заразените апликации веднаш штом тие се појават на телефонот.
    Кажувам се држи под контрола затоа што има налети или периоди кога све е мирно ама и периоди кога секој ден упорно ќе се инсталираат или појавуваат вирусчиња кои ќе мора да ги отстрануваш постојано. Кај мене конкретно летоска и рана есен имаше наезда, секој ден бришев. Па после се смири дури и заборавив дека имам заштита инсталирано, се до пред неколку недели кога пак почна антивирусот да ми наоѓа инфекции. Сега пак е мирно.

    Конкретно рандом апликациите што ги гледаш како АлиЕкспрес, хороскопи и слично не се опасни затоа што тие се обични и легитимни апликации симнати од Play Store, меѓутоа проблемот е што нив други скриени апликации ги симнуваат и инсталираат во позадина без знаење на корисникот. Во мојот случај тие апликации беа под имињата Add Contacts и Feedback (слика од Feedback).

    Screenshot_2017-01-24-07-06-14.png

    Во последно време Malwarebytes почна да ја класифицира и самата апликација за "over the air" апдејт на фирмверот (која што не може да се избрише) како riskware односно програма која што не е опасна сама по себе но претставува безбедносен ризик за уредот бидејќи има безбедносни дупки. Претпоставувам дека преку неа се симнуваат сите малвери и слично.

    Screenshot_2017-02-08-12-47-53.png

    Единствено решение е рутирање на телефонот и флешување на нов ром, барем така имам прочитано од други корисници во оваа тема.

    Што се однесува до тоа Taurus што спомна како крадење на кориснички акаунти и слично, јас барем сум немал таков проблем а како што кажав секојдневно го користам телефонот повеќе од година ипол. Мислам дека инфекцииве се повеќе од типот на adware со цел да те спамираат со реклами и слични срања.
    Па одлучи си што ќе правиш, ако продолжиш да го користиш инсталирај Avast и MB и бриши штом ќе ти излезе нотификација за инфекција :)
     
    shifty, Psycore, stefano и на уште 1 им се допаѓа ова.
  13. dastan

    dastan n00b

    14
    11
    27 Јануари 2017
    Машко
    фала за исцрпниот одговор предложените мерки се применети па ќе видам како понатаму
     
  14. Pulse

    Pulse Гик

    932
    798
    26 oктомври 2014
    Машко
    FE/BE Web Developer
    да ги инсталира овие 2 „анти-вирусни“ програми на телефонот слободно може да го користи само за ало ало, дури и тогаш ќе кочи :D
    мој совет да се флешне со нов софтвер, гаранцијата и да ја има и да ја нема, не вреди тој телефон да го чекаш 30 дена од сервис доколку го однесеш под гаранција.
     
  15. NecrotoX

    NecrotoX Ентузијаст

    2,083
    1,757
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Воопшто не кочи, како што кажав го користам секојдневно, еве сега од него пишувам.

    Sent from my A8 using Tapatalk
     
  16. Rac58

    Rac58 n00b

    52
    15
    5 Јануари 2017
    Машко
    слободни активности
    Имав сличен проблем пред 10месеци со HTC 310 и имаше гаранција. При секое вклучување симнуваше разни апликации, проблем правеше вирус МАНКИ. Јас го рутував но после ден два се случуваше истото. Го однесов на сервис и за 3дена инсталираа нов софтвер, и тоа без надоместок. Однеси го во сервис бидејќи е под гаранција, верувам дека ќе ти го решат проблемот без наплата.





    Испратено од ALE-L21 преку IT.mk форум апликација
     
    На dastan му/ѝ се допаѓа ова.
  17. bokiscout

    bokiscout Ентузијаст

    1,623
    1,839
    17 Март 2011
    Машко
    Off topic:
    Blackview се вакви од фабрика или нашиве намерно увезуваат вакви за поевтино?
     
  18. NecrotoX

    NecrotoX Ентузијаст

    2,083
    1,757
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Со оглед на тоа дека Blackview форумот е тотално цензуриран и за секој пост треба одобрување од модератор (три пати креирав тема за ова и ниеднаш не ја објавија) а и на нивниот Фејсбук пејџ има многу постови во кои луѓе се жалат дека откако го купиле телефонот customer support-от почнал целосно да ги игнорира, би претпоставил дека такви се од фабрика.
    Уствари јас мислам дека самиот производител преку апликацијата за апдејт на фирмвер што ја спомнав погоре ги испорачува малверите, дури и телефонот првично да е чист. Зашто јас кога го купив дури после месец дена ми се јавија проблемите.

    Sent from my A8 using Tapatalk
     
    На bokiscout му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Јас сум желка

    Јас сум желка Wax on, wax off

    51
    50
    26 Февруари 2016
    Женско
    :annoyed: Забегувам од темата. Ама јас имам друго прашање, ве читам и гледам горе забораив кој беше, пуштил линк, од дечко што го продавал мобилниот, а го купил пред 54 минути. Зашо така купени од салони, веднаш ги препродаваат, се предомислуваат или?:annoyed::) не ми е јасно:angry: то ме копка. Неколку пати имам прочитано така. Веднаш купени, ги препродаваат.
     
  20. kirev

    kirev Sensei

    4,277
    2,751
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    Имаш право да го вратиш и да бараш пари. Мислам 15 дена е. Во Анхоч одма враќаат пари, за по другиве немам поим како е...
     
  21. Avid

    Avid Sensei

    1,800
    2,193
    21 Јануари 2009
    Често е тоа така затоа што телефонот не им треба, а им следувал со поени/потпишување на договор/земен по доста поевтина цена.
     
    На Јас сум желка му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели