Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Проблем Проблем со RAM слот на лаптоп

Alex3

Intern
20 декември 2018
65
49
сакав да надоградам RAM меморија на лаптопот Lenovo L3 15IIL05 и нели кога ќе ги притиснеш држачите (слика) треба да се отвори слотот нагоре (повеќе слики) еве и видео како треба да изгледа тоа

епа слотот не се отвара а не сакам да го скршам со сила

има ли некој идеја што може да направам
 

Astro

Epic
20 јуни 2012
9.402
14.632
Не сфаќам како тоа не ти се „отвора“ слотот. Не треба да се отвори ништо, само да ги поместиш металните држачи малце на страна и да ја извлечеш меморијата
 

Alex3

Intern
20 декември 2018
65
49
Не сфаќам како тоа не ти се „отвора“ слотот. Не треба да се отвори ништо, само да ги поместиш металните држачи малце на страна и да ја извлечеш меморијата
нема плочка внатре, не се поместуваат металните држачи за да ставам плочка во слотот

треба да се отворат и да се стави плочката под агол, не можам да ги отворам без разлика колку силно и да ги повлечам нанадвор, не сакам да ги скршам
 

Sapphire

On your way to fame
11 ноември 2015
1.182
787
Држи го рамот притиснат на внатре со едната рака, а со другата пробај да ги отштекаш. Или со двата палци притисни го рамот и тогаш пробај да ги отштекаш. А ако сакаш да ставиш рам на празен слот само погоди го слотот со рамот и притисни го рамот, тој сам ќе си влези.
 
Последна промена:

Alex3

Intern
20 декември 2018
65
49
сила бога не моли, повеќе од еден час но се намести конечно. си ги сокршив ноктите додуша, но тие пак ќе пораснат

фала на сите
 

Necromancer

Unbeatable
24 февруари 2012
4.015
5.216
Скопје
Тие „полуги“ не се отвораат, туку си стојат на место и само се флексибилни лево десно. Се мрдаат на страна само за да ја ослободат инсталираната плочка и пак се враќаат на место.

Кога инсталираш нова плочка, под агол (45 степени) турни ја кон пиновите да влезе целосно и само притисни надоле за „полугите“ да ја „фатат“ плочката и да ја држат на место.
 

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн администрација

Статистика

Теми
47.113
Мислења
974.776
Членови
35.416
Најнов член
gpodyt
На врв Дно